Корумпираните Раздавачи на Нашите Ресурси Прават Обид за Државен Удар – Монголскиот Претседател!
Сподели на социјалните платформи:

Кражбата на националните ресурси од меѓународните корпоративни глутници, како примерот со кражбата на литиумот од Боливијците, продолжува насекаде низ светот. Монголскиот претседател Халтмаагин Батулга гo обвини бившиот премиер за обид за државен удар и дека дел од неговата влада склучила неповолен договор со светската компанија Рио Тинто за најголемиот рудник за бакар и злато во Монголиа. еодамна, во земјата се разгоре скандал околу проектот Оју Толгои за екстракција на бакар и злато, за што договор беше склучен меѓу владата на Монголија, „Тиркиз Хил Ресурс“ и Рио Тинто со кој Монголија не само што остана без сопственост и дивиденди од големиот рудник кој треба да носи 50% од БДП, туку и беше принудена да земе “дарежливи” долгови со огромни камати кои Данајците од Рио им ги даруваа и кои се неотплатливи, и ќе мора уште да се распродаваат други ресурси и самите себе си за само да се покријат каматите.

Претседателот објави дека договорот за употреба на депозитот е непрофитабилен за земјата, а политичарите кои учествуваа во потпишувањето на договорот сега се во затвор. Во тоа време премиерската функција ја имаше Сухбатарин Батболд, а неодамна агенциите за спроведување на законот започнаа да го проверуваат, сомневајќи се дека се злоупотребени службената положба за корупција. Набљудувачите влошувањето го поврзуваат со претстојните претседателски избори – Сухабатарин Батболд веќе изрази желба да се номинира за функцијата шеф на земјата. А ако ги раздава Монголските ресурси на корпоративните глутници, ќе има голема помош од Дип Стејт за да победи. 

Десетици илјади Монголци излегоа на улиците во знак на протест против корупцијата во највисоките ешалони на политиката, на температури кои паднаа под минус 20 степени Целзиусови во главниот град Улан Батор.

Демонстрантите (според проценките на организаторите 25.000) својот гнев го насочија кон двете главни владејачки партии, Монголската народна партија и Демократската партија.

Оју Толгои е проект кој ќе значи половина од БДП на Монголиа. Се очекува да произведува 500.000 тони бакар годишно. Тоа би го направило четврти најголем производител во светот. И цените на црвениот метал пораснаа 70% од март 2020 и треба да останат високи, бидејќи побарувачката за електрична енергија, а со тоа и бакарни жици, се искачува.

Рио Тинто сака да го земе рудникот за бакар и злато Оју Толгои кој вреди 10 милијарди долари и кој се наоѓа на 700 километри од главниот град на Монголија. Но, Оју Толгои има три главни заинтересирани страни: државата, немонголските малцински акционери кои поседуваат 49% од Тиркиз Хил и Одеј Асет Менаџмент, британски хеџ фонд кој е инвеститор во Рио. Улан Батор поседува само 34% од Оју Толгои ДОО, а остатокот го поседува Тиркиз.

Монголија, долго време го финансираше својот наметнат дел од обврските за капитални инвестиции на проектот со заеми токму од Тиркиз Хил. Така долговите со огромна 6.5% стапка над Лондонската меѓубанкарска понудена стапка која Тиркиз Хил “дарежливо” и го даваше на Монголија сега се пораснати до 7 милијарди американски долари во текот на последната деценија.

Претседателот на Монголија Халтмаагиин Батулга свика итен состанок на Советот за национална безбедност и одржа говор на парламентарниот состанок и она што се случува го нарече „државен удар“.

„Ова е најтемниот ден во историјата на Монголија.  Одредени групи, вклучително и онаа предводена од пратеникот Сухбатарин Батболд, организираат државен удар со цел да ја окупираат независна Монголија“, рече Халтмаагиин Батулга.

Според него, кога агенциите за контрола на спроведување на законот го испитуваат проектот Оју Толгои, Сухбаатарин Батболд започнал да го подготвува процесот на уривање на монголската држава и сузбивање на изборот на монголскиот народ. Истата приказна како и во Боливија со крадењето на литиумот од Боливијците за што меѓународната Дип Стејт го смени претсадетлот Ево Моралес.

Ви се Допадна Написот? Сподели ја Веста! Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Запиши се и Добивај Директно Коложег.Инфо!

 

Остави коментар