27мо-Априлското Сценарио со Уфрлени Провокатори Применето и во САД – Трамп Урнат, “Трампизмот” Продолжува!
Сподели на социјалните платформи:

 

Америка Падна! И ова е само почетокот на вистинската борба на Американските патриотите за слобода против глобалофашистите на Дип Стејт. По 6ти Јануари, копија на Македонскиот 27ми Април, по теркот на лажни подментати операции на ЦИА и еквивалент на палењето на Рајхстагот кога фашистите сами подметнаа оган за да обвинат други и да почнат чистка на сите неистомисленици, и Американската како и Македонската борба, нема да биде ниту лесна ниту кратка. Со обоена револуција на длабоката држава е извршена по истото сценарио “увежбувано” на други недолжни нации како на нас Македонците, во Украина, а неуспешно применето во Хонг Конг, Сирија итн, Длабоката Држава го урна Трамп, и сега бараат крв од Трампистите, со други зборови од патриотите на Америка и во буквално и во преносно значење.

Крв веќе падна по инсценираното влегување во Конгресот каде полицијата заедно со уфрлени агенти провокатори на ЦИА, подстрекачи од терористичката Антифа и БЛМ, им отвораше врати и ги водеше неколкуте стотини наивни патриоти. 4 луѓе од нив беа буквално одведени во смрт за да бидат ладнокрвно застрелани и убиени, со цел да се обојат сите 75 милиони гласачи на Трамп како терористи и да почне ловот по нив. Ако ви се чини познато, тоа е затоа што и е. Нам Македонците до детал ни е познато сценариото и тоа што веќе се случува а и ќе следува понатака. Група “терористи” а всушност чесни Уставобранители во затвор, и лов и замолкнување на останатите патриоти. Еф Би Ај веќе влегува по домовите на Конгресмени за да врши притисок за да молчат и да се согласат со изборната кражба и пучот на Дип Стејт а медиумите и социјалните мрежи турбо цензурираат вистински вести, бришат и осенчуваат луѓе и портали кои ја објавуваат вистината. Бившиот директор на ЦИА и организатор на пучот и заедно со Обама, Бајден и Клинтон создавачот на вахабистичката главосечачка ИСИЛ, Џо Бренан, повика на носење на Американците во логори за “пре-образование”.

Бројни видеа покажуваат како полицијата пред зградата на Конгресот ги отстранува бариерите надвор и им дозволува на демонстрантите на Трамп и другите да влезат во американскиот Конгрес. Ова изгледа како ТВ продукција – кој воопшто го снимаше ова и тоа од овој агол од кај полицијата?

За жал, како што и претпоставувате и ова видео веќе е избришано од Твитер: https://twitter.com/i/status/1347019799101116416

НОВО ВИДЕО: Антифа дели оружје од торби за време на заземањето на американскиот конгрес!

Со таа цел за осудување како „терористи“ на сите милиони мирни приврзаници на Трамп кои на 6 јануари дошле во Вашингтон во знак на протест против избор на измама, корумпираните медиуми и социјални мрежи ги цензорираат видео доказите кои покажуваат дека мирните привзаници на Трамп се обидуваат да ги спречат инфилтраторите на Антифа да влезат низ вратите и прозорци на зградата на Конгресот.

На јужната страна од зградата на Конгресот, инфилтраторите на Антифа стигнаа напред и почнаа да се обидуваат да влезат внатре низ влезот. Приврзаниците на Трамп извикуваа назад, кога го видоа ова, почнаа да викаат работи како: „Стоп Антифа!“ И „Не кршете ги прозорците!“

Еден човек вика: „Запрете ги!“ На лицето од предната страна, повикајте ги да ги спречите инфилтраторите да станете нацијални. Се чини дека не е стори за околу 30 секунди што камерата се тркалаше пред да заврши снимкатапогледнете подолу:

Ова е вистинската приказна за она што се случи на 6 јануари што за жал, никогаш нема да го слушнete од корумпираните медиуми. Наместо тоа, Си-Ен-Ен, Фокс Њуз и другите се вистинските субвертирачи на демократијата и уште поважно, вистината. Видеа како ова на сведоци дека Антифа терористи се носеле со автобуси до конгресот, ќе бидат набргу избришани, но вистината никој нема да може да ја сокрие.

Како случајно активист на палачите на Америка од БЛМ, се најде во тој момент во Конгресот?

Демократите беа вклучени во организирање на „обоена револуција“ за целото претседателство на Трамп, а зад тоа стоеја луѓе како Сорос, Норма Ајзен „етичкиот цар“ на Обама. и целата Дип Стејт машинерија. Вклучени беа елитите, медиумите, Министерството за правда, судовите и мразителите на Трамп. Еден ден пред изборите, Кампањата Бајден објави во никој случај нема да признаат пораз на денот на изборите. Медиумите се уште бесрамно ја туркаат лагата дека Џо Бајден победи на изборите, а Министерството за правда повеќе не се залага за правда затоа што тие ги игнорираат огромните изборни измами, додека судовите одбиваат да слушнат какви било правни жалби за случаи каде се докажува и обжалува изборната измама. Сега, неколку недели по изборите во 2020 година, каде претседателот Трамп освои огромни 75 милиони гласови, пучот продолжува и до 20ти Јануари само ќе земе најголем замав. А после 20ти? Револуција!

Америка падна, борбата за слободата продолжува.

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар