О’Лири: Над 100 Милиони Американци ќе Немаат Пензија! А Колку Македонци ќе Останат без Пензија?
Сподели на социјалните платформи:

Познатиот финансиски консултант Кевин ОЛири вели дека над 100 милиони постари Американци наместо американскиот сон ги чека глад и сиромаштија. А можеби финансиските елити што го држат населението во вечна финансиска зашеметеност, додека им ги ограбуваат сметките за кредитни картички, е само дел од американскиот “сон” кој со падот на Империјата на Злото се претвара во ноќна мора. За жал, со скршениот про-западен неодржлив пензиски систем на повеќе последователни вазалски и полтронски Македонски влади, наскоро слично ќе се случи и со Македонските пензионери. 

Дури и пред вирусот да ги избрише заштедите на десетици милиони Американци, повеќе од сто милиони луѓе низ целата земја немаа ништо заштедено за пензија. Денешната „пензиска криза“ е сигурно уште поголема и секој ден Американците паѓаат во подлабоки финансиски превирања од кога и да било.

Уште во 2018 година повеќе од 100 милиони Американци на работоспособна возраст немаа средства на пензиска сметка, индивидуална сметка или пензија, или пензија спонзорирана од работодавач, од типот 401 (к).

Ова значи дека американскиот сон за скромно пензионирање по повеќе децении работа сега е ноќна мора. И тоа во време кога пандемијата на вируси резултира со „големо ресетирање“ во кое во огромен број се уништуваат малите и средни претпријатија бројки а трајното губење на работното место се мери веќе во дестици милиони.

За како се дојде до ова објаснува Кевин О’Лири, ѕвезда на „Shark Tank“ и претседател на О’Шерс ЕТФ. Тој разговараше со Дејвид Лин од Китко Њуз за пензионерската криза каде просечниот вработен сега веќе нема иднина поради „недостаток на финансиска писменост“.

„Во Америка денес има над сто милиони луѓе кои немаат ништо одвоено за пензија – тие немаат инвестициска сметка што е неуспех на финансиската писменост што започна уште во 1970-тите. Никогаш не ги учеле децата во средно училиште – ние ги учиме на читање, математика, работни места и сексуално образование – но ништо за инвестирање – ништо за долговите – ништо за опасноста од кредитнити картички – и тоа егромна грешка“, рече О’Лири.

О’Лири продолжи со објаснување дека реформата во образованието е неопходна доколку сакате општествени промени и дека „финансиското образование ја намалува веројатноста за одржување на негативни салда на кредитни картички“.

А можеби финансиските елити што го држат населението во вечна финансиска зашеметеност, додека им ги ограбуваат сметките за кредитни картички, е само дел од американскиот “сон”.

Целото интервју каде О’Лири зборува за пензионерската криза.

 

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар