Шумкоски Горан: Просветлување и Суверенистичка Обука на Народот е Вистинскиот Македонски Пат!
Сподели на социјалните платформи:

Како автор на единствената суверенистичка програма Вистинскиот Македонски Пат, целта ми е да го вградам целото мое врвно светско искуство во просветлување на браќата и сестрите патриоти дека за борба со окупацијата и ропството на глобалофашистичкиот систем, не се доволни само љубов кон Македонија и слободата, ниту пак плачење или режење вени. Бескрајната љубов кон својот народ и целото слободолјубиво човештво е потребна но не е доволна, и глобалофашистичкиот поробувач ќе го победиме само со знаење, умеење, посветеност, решеност, и внедрување во умот и срцето на секој Македонец на изворен победнички Македонски Систем, базиран и на традиционалните вредности и Македонската Државна Доктрина и на современиот свет во рамките на сегашниот развој на човештвото и неговата борба за преминување во следната, повисока фаза на слобода и благостостојба, која ќе дојде по симнувањето на глобалофашистичкиот јарем.

Единствената суверенистичка програма Вистинскиот Македонски Пат, е програмата која ја трасира слободата и на Македонците и на сите други слободолјубиви народи. Зошто? Затоа што едноставно друг пат кон слободата нема. Со радикални мерки на отпишување долгови, ревизија на ограбувачката приватизација, национализација на Македонските јавни добра подарени на странски коропоративни волци, и создавање на здрава силна и праведна економија и политички и општествен систем.

Но и тоа, како и се друго во животот не доаѓа само од пуста желба и декларации, туку бара огромни напори, знаења, посветеност и способност за создавање и спорведување визија, програма и оперативни планови за нејзино спроведување. Способноста да се спроведе и реализира таа комплексна програма и препознавањето на народот на таа способност се единствениот и задолжителен тест кој мора да се помине за народот да поверува и даде доверба на некој за да ја води Слободна Македонија. И со право, народот е безброј пати излажан, заведен и затоа недоверлив.

Се друго, мавтање со празни пароли, плачење и кукање, празни ветувања и празна фразеологија – е демагогија и залажување на народот, кое нашиот мудар народ веднаш го препознава. Слободата, благостојбата, и продолжувањето на развојот на човештвото, народот и поединецот со програмата Вистинскиот Македонски Пат во која се вложени 30 години професинално, научно и практично искуство на државни реформи и управување низ целиот свет и на највисоко ниво, бара и детално обучување на нова Македонска суверенистичка елита за државно управување и на целиот народ за новите можности за личен економски развој и благосостојба кои ќе ги создаваме. За таа цел, јас преку мојот сајт (www.sumkoski.org) развивам детални Мастер Клас курсеви за обука во оние сфери во кои сум врвен светски експерт и тоа бесплатно, и со кои исто така на англиски се обучувани суверенистите од сите други слободолјубиви народи од светот.

Исто така, заедно со врвни Македонски интелектуалци од други сфери, овој почеток ќе прерасне во сеопфатна Македонска Академија со суверенистичка обука од сите области, економија, политички систем, социјала, образование, здравство, енергетика, инфраструктура, медиуми, брендирање, експорт, туризам, земјоделство/сточарство, информатичка технологија итн.

Исто така и не помалку важно, во сегашната и претстоечката криза, сиромаштија и глобален крах, кој треба да пружиме Македонска братска рака до секое семејство и Македонец, за заедно да го пребродиме и преживееме премрежето до победата, светлината и благосостојбата! За таа цел се формира Македонска Добротворна организација. Падот на глобалофашистичкиот систем ќе биде проследен со жестока криза на западниот свет и на сегашните вазалски држави, вклучително и Македонија, каде кризата ќе предизвика беда па дури и глад на краток рок, после што ќе мора да следи темелна национална, општествена и економска обнова и поставувавање на Македонската Државност на здрави темели за следните 1000 години.

Како што и денешната форма на државност и општествено-политичко уредување е базирана на историски варијации и модификации на древната Македонска Државна Доктрина на Александар Македонски и неговиот учител Аристотел, така и новата суверенистичка доктрина на слободолјубивите народи ќе почне од тука!

Македонија Вечна!

 

Горан Шумкоски е врвен светски експерт за економски, општествен и политички развој. Има спроведувано комплексни суверенистички реформи со претседатели, премиери, министри и со народите на над 30 земји во светот. Автор на Вистинскиот Македонски Пат – Единствената Македонска Суверенистичка Програма која е инспирација и за сите светски слободолјубиви народи. Потпиши се за врвна бесплатна онлајн обука на Македонската Национална Академија!

© 2019. Лицензирано под Креативна Заедница CC BY-NC-ND 4.0 лиценца

© 2019. This work is licensed under a CC BY-NC-ND 4.0 license.

 

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар