Како што и Македонските револуционери низ историјата биле убивани од една рака домашни платеници на странски служби за рака колнати пари, така и денес во Иран атентатите на Иранските власти организирани од ЦИА и Израел, се вршат од самите Ирански предавници, како што е сектата МЕК, отворено базирана во терористички камп во соседна Албанија (под типичен Албански вазалски изговор, Американците ни рекоа да ги штитиме и ние ги штитиме терористите) и никој од соседните квислиншки однадвор-поставени влади ниту пак тоталитарната ЕУ со нивните “вредности” не смее ни збор да каже за тоа.
Иран продолжува да ги објавува деталите околу убиството на Иранскиот врвен научник Мохсен Фахризаде. Во понеделникот, висок ирански официјален претставник изјави дека контроверзната група ирански терористи во егзил и со седиште во Албанија учествувала во атентатот.
„Имаме траги, и сигурно групата „Монафегин“ беше вмешана и криминалниот елемент што стои зад неа е ционистичкиот режим и Мосад“, изјави за државната телевизија Али Шамхани, секретар на Врховниот совет за национална безбедност на Иран.
„Монафегин“ се однесува на Националниот совет на отпорот на Иран, коалиција предводена од Народниот муџахедински совет од Иран или МЕК (Муџахедин-е Калк). МЕК е контроверзна група која нашироко се смета за култ, а до 2012 година беше назначена како терористичка група од американската влада.
Помеѓу 2007 и 2012 година, пет научници биле убиени во Иран. Иако никогаш официјално не се признати, нападите му се припишуваат на Израел. Во февруари 2012 година, анонимни американски официјални лица за NBC News потврдија дека МЕК во соработка со МОСАД ги изврши овие напади.
Приказната за Ен-Би-Си вели дека МЕК е „финансиран, обучен и вооружен“ од израелската тајна служба. Подоцна истата година, во септември 2012 година, тогашниот државен секретар Хилари Клинтон нареди да се отстрани МЕК од американскиот список за тероризам откако им дал купишта пари на американските официјални лица.
Во Балканс пост, Олси Јазеџи, историчар од Канада, Албанец по потекло, го опишува проблемот: „Еди Рама, чие семејство припаѓаше на комунистичката номенклатура, се реинкарнира како нов автократ на Албанија. За ова тој има поддршка од администрацијата на Трамп и врвните американски официјални лица кои не се грижат што се случува во Албанија сè додека владата Рама е домаќин на Мојахедин-е Калк (МЕК) и други екстремистички организации во земјата“.
Реза Алгураби во американскиот „Хералд трибјун“ вели дека терористите на МЕК ги комплицираат разговорите на Рама за пристапување во ЕУ.
„Присуството на [МЕК]… во базата околу Тирана може исто така да ја направи ситуацијата на Албанија покомплицирана во нејзините разговори за пристапување во ЕУ. МЕК беше преместен во Албанија под притисок на САД откако ниедна друга земја не сакаше да ја преземе групата по нејзиното протерување од Ирак“.
Откако пристигна во Албанија од Ирак, МЕК изгради де факто екстра-територијална енклава со вооружени стражи што ја нарекува камп Ашраф III. Кога Доналд Трамп стана претседател, плановите за дерадикализација на групата беа стопирани. Албанските граѓани сметаат дека злосторствата на МЕК се повеќе ги инфицираат сите аспекти на нивната земја, ниту полицијата, ниту безбедносните служби не можат да интервенираат во нивниот камп или нивните активности.
Во интервју за Факс њуз, новинарот Аулон Калаја коментира дека Рама го користел давањето поддршка на МЕК за Америка како изговор за да остане на власт и да ги одложи реформите во судскиот систем кои се неопходни ако Албанија сака да пристапи ЕУ.
Д-р Олси Јазеџи, исто така, истакна дека МЕК ги корумпирала владините службеници до таа мерка што се смета дека тие ја водат надворешната политика на земјата во однос на Иран. Ова е слично како да се фрла токсичен отпад врз земјата. Тој исто така рече дека „вербалните и клеветни напади што МЕК ги спроведува против слободните медиуми во Албанија, создадоа клима на страв во земјата“. Наводно, МЕК им плаќа на медиумите да ги бранат во вестите против злобни вести што се објавуваат во јавноста.
„МЕК успеа да ги тероризира не само медиумите, туку дури и многу албански пратеници. Албански пратеник кој учествува на состаноците што МЕК и Маријам Раџави ги одржуваат секоја година во Париз под знакот на Слободен Иран, рече дека ‘Ние знаеме кои се МЕК. Тие се терористичка организација, кого Американците ги користат за убиства. Но, Американците ни рекоа да ги заштитиме, и ние ги штитиме“. Време е граѓаните на Албанија да ја вратат контролата над својата земја, вели новинарот.
Администрацијата на Трамп го сака МЕК само затоа што групата бара промена на режимот во Иран. Цената за ова ја плаќаат Албанците, бидејќи американската заштита му дозволи на МЕК неказниво да ги продолжи своите криминални активности во Албанија. Од своја страна, МЕК негираше каква било улога во смртта на Фахризаде.
Сега МЕК е со седиште во Албанија. Во јули, водачот на групата Маријам Раџави ја одржа годишната конференција на МЕК за слободен Иран буквално од нејзиниот комплекс познат како Ашраф 3 во Тирана, Албанија. На настанот имаше говори од неколку поранешни и сегашни американски претставници, вклучувајќи го и адвокатот на претседателот Трамп, Руди Џулијани, миленик на МЕК. Сенаторот Марта МекСали (Р-АЗ) и претставникот Ленс Гуден (Р-ТХ) беа единствените членови на Конгресот кои присуствуваа на конференцијата.
Американските официјални лица се платени добро за присуство на настани на МЕК. Секретарот за транспорт на претседателот Трамп, Елејн Чао, собра 50.000 американски долари од МЕК за петминутен говор во 2015 година. Иако недостасуваше на последната конференција, поранешниот советник за национална безбедност на Трамп, злосторничкиот воено-хушкач Џон Болтон, собра огромни суми од МЕК. Записите покажуваат дека МЕК му платил на Болтон најмалку 180.000 УСД за говори низ годините.
МЕК започна како марксистичко-исламистичка група, основана во 60-тите години на минатиот век и се спротивставуваше на Шахот поддржан од САД. Во текот на седумдесеттите години од минатиот век, МЕК убиваше голем број полициски сили на Шахот, а групата играше улога во револуцијата во 1979 година. По револуцијата, МЕК беше во судир со Ајатолахот и се спротивстави на новата исламистичка влада, организирајќи напади против нив.