Опасна Крстосница: НАТО се Обиде да Влезе во Морските и Воздушните Граници на Русија – Андреј Корибко!
Сподели на социјалните платформи:

Неодамнешните обиди за кршење на воздушниот простор и поморските граници на Русија од страна на НАТО се многу опасни случаи на де факто повреда на граници со цел да се испровоцира Евроазиската голема сила да реагира на начин кој потоа може да се манипулира како „веродостоен изговор“ за наметнување на понатамошен притисок врз неа. На Русија не и недостасува решеност да ги брани своите легитимни интереси и секогаш ќе прави што е потребно во овој поглед, иако одговорно (се додека е реално да се реагира на таков начин) за да избегне да падне во замката на Американците. Оние што треба да бидат најзагрижени, тогаш се американскиот „НАТО“ и другите „сојузнички“ вазали кои ќе загубат најмногу со тоа што ќе бидат фатени во секој потенцијален вкрстен оган во своето помагање и олеснување на американската агресија.

***

Се чини како скоро секоја недела руските медиуми да известуваат за редовен обид за кршење на рускиот воздушен простор и поморските граници од страна на НАТО, но изминатата недела се случија два ултра опасни настани што означуваат дека овој тренд ќе се интензивира. Руската морнарица се закани дека ќе го нападне УСС Џон Мекејн откако агресивно помина низ територијалните води на Русија во близина на заливот Петар Велики крај Владивосток, по што за среќа го смени својот курс. Вториот инцидент вклучуваше лансирање ракети на САД од Црно Море од Романија, кои се способни да стигнат до Крим во воено сценарио. Овие два настана заслужуваат подетално да се дискутираат заради нивното значење за големата стратегија на НАТО.

Трансатлантскиот сојуз има намера да ја предизвика Евроазиската голема сила да реагира на начин што потоа може да се манипулира како „веродостоен изговор“ за да и се наметне понатамошен притисок. Тоа е де-факто провокација и тоа неверојатно опасна бидејќи и двете страни се нуклеарни сили. Понатаму, тоа е дефиниција за неиспровоцирана агресија, бидејќи Русија не учествува во симетрични провокации против НАТО. Ако нешто, секој пат кога беше неискрено обвинета за такво нешто, Русија само изведуваше воени вежби во рамките на своите граници, со неколку ново-примени држави на НАТО, откако блокот ги прошири своите граници кон исток по завршувањето на Старата студена војна.

Точно источното ширење на НАТО и неодамнешните активности на алијансата во Арктичкиот океан претставуваат најголема закана за мирот меѓу двете сили. На источниот фронт, САД уште еднаш ја провоцираат Русија со цел да создадат лажен впечаток кај Јапонците дека Москва е воена закана за нивните интереси. Вашингтон е многу вознемирен од нивните – последниве неколку години технички бесплодни – но сепак симболични разговори за потпишување мировен договор за завршување на Втората светска војна и решавање на она што Токио субјективно го смета за „Спор за северните територии“. Контролата на Москва над Курилските острови по тој конфликт беше договорено и признаено од сојузниците, но потоа Америка го погази својот збор со цел да ги подели и да ги скара Русија и Јапонија.

Нивната заедничка намера да влезат во зближување едни со други во теорија би можеле да се појават паралелно со слично приближување меѓу Јапонија и Кина, што може целосно да ја намали потребата на Токио да ја задржи американската воена присутност на нејзините острови. За возврат, тоа ќе го ослабне военото влијание на САД и ќе ја намали одржливоста на нејзините големи стратешки дизајни за да ги „задржи“ обете мултиполарни земји, Русија и Кина. Што се однесува до арктичките и источноевропските фронтови, овие се исто така дел од истата политика на „ограничување“, иако насочена најдиректно против Русија и само тангентно против кинескиот „Поларен пат на свилата“.

Разбирливо е дека САД ќе продолжат да се натпреваруваат со овие две ривалски Големи Сили, но таквата конкуренција мора одговорно да се регулира за да се избегне несаканото сценарио за војна по грешка и погрешно пресметување. Од таа причина, светот и треба да биде вознемирен од американското движење против нив, особено од последните погоре-опишани случувања во однос на Русија. Потребен е само еден погрешен потег за сè да излезе од контрола и да ја надмине точката од која нема враќање. За жал, иако Бајден може да го намали притисокот врз Кина, тој најверојатно ќе компензира со двојно поголемо провоцирање на Русија.

Трамп, исто така, треба да преземе одговорност и за ова, бидејќи тоа се случува за време на неговото претседателствување, дури и ако тоа е можно да биде во последните месеци, ако тој не биде во можност да го спречи незаконското преземање на власта на демократите по нивната голема измама на изборите минатиот месец. Тој капитулираше на непријателскиот притисок на „длабоката држава“ уште во овој термин можеби од погрешно верување дека „компромисот“ со неговите непријатели во постојаната воена, разузнавачка и дипломатска бирократија би резултирал во олеснување на притисокот врз него на другите фронтови, но ова коцкање очигледно не успеа бидејќи само ги охрабри да го притиснат уште повеќе.

Жално е што Трамп никогаш не беше во можност да го реализира зацртаното приближување кон Русија од гореспоменатите причини, но тој можеше бунтовно да и се спротивстави на „длабоката држава“ по лажните избори овој месец со пресврт во неговата моментално агресивна политика против Москва, ако навистина имаше политичка волја да го стори тоа. Тој сепак не го стори тоа, и ова можеби денес се должи повеќе на неговата поддршка на воено-индустрискиот комплекс отколку на кој било притисок од „длабока држава“ каков што беше првично. На крајот на краиштата, војната е многу профитабилна работа и вештачки фанрикувања на таканаречената „закана од Русија“ со провокација на Москва во различни одговори може да им се исплати одлично.

Затоа е крајно малку веројатно дека овој опасен тренд ќе се промени во кое било време во блиската иднина. Напротив, тоа веројатно ќе се засили и ќе се влоши многу под евентуалната администрација на Бајден. Како и да е, на Русија не и недостасува решеност да ги брани своите легитимни интереси и секогаш ќе прави што е потребно во овој поглед, иако одговорно (се додека е реално да се реагира на таков начин) за да избегне да падне во замката на Американците. Оние што треба да бидат најзагрижени, тогаш се американскиот „НАТО“ и другите „сојузнички“ вазали кои ќе загубат најмногу со тоа што ќе бидат фатени во секој потенцијален вкрстен оган во своето помагање и олеснување на американската агресија.

*

Овој напис првично е објавен на OneWorld и пренесен од Глобално Истражување. Андреј Корибко е американски политички аналитичар со седиште во Москва, специјализиран за односот помеѓу американската стратегија во Африка и Евроазија, кинеската глобална визија „Еден појас на еден пат“ за поврзаност на „Новиот пат на свилата“ и „Хибридното војување“.

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар