“Синиот Камен” и Гробот на Александар Македонски во Македонското Село во Узбекистан – Емилија Гелева!
Сподели на социјалните платформи:

 

Како Емилија Гелева и Марина Дојчиновска дојдоа до ова откритие за легендарниот „син камен“ и гробот на Александар Македонски во македонското село во Узбекистан, и што значи тоа за Македонија, од написот на Емилија Гелева која во 2013 го посети местото Искандар Зулкарнај во Узбекистан и откритијата и нивното значење и потврда на древната и вистинска Македонска историја детално ги опиша во оваа репортажа.

Со Македонците Аминта и Исмаил 

Сите сили на космосот сакаа на ден православен Велигден, 5 мај 2013 година, Марина Дојчиновска и јас, Емилија Гелева, да се најдеме во „македонското село” во Узбекистан, каде што се уште живеат околу 150 Македонци, „чисти” (немешани како што самите објаснуваат) наследници на Македонците од најблиското окружување на Александар Македонски. Тие, непоколебливо до последниот, се посветени не само на негување на сеќавањето на својот голем лидер и војсководец, туку, како што самите го раскажуваат „запишаното“ во нивните усни преданија, го чуваат гробот на Александар Македонски во истоименото село во Узбекистан кое на узбечки го нарекуваат и Искандар Зулкарнај односно Александар Духовниот Водач (Искандар – Александар, а Зулкарнај – личност претставена со овновски извиени рогови како највисок симбол на духовно водство и воскресение).

Ни го покажаа местото каде што велат дека почиваат коските на Александар Македонски, а токму братучедите Аминта и Исмаил, за прв пат нам како странци, ни го покажаа и „синиот камен” и „месечевиот бунар на Александар”. Откако ни ја открија тајната, на хоризонтот каде што сонцето веќе заоѓаше, се појави прозрачен столб светлина што се воскреваше од земјата кон небото.

 

Македонско село среде Узбекистан

Марина и јас, само два – три дена по враќањето од овој далек пат, она што го видовме искрено го споделивме со македонската јавност, покажувајќи дел од најважните фотографии. И додека два дена потоа отидов по смирение во манастирот „Св. Богородица” на Матка, за да зберам сила да ги издржам сите овоземни жестоки напади (професионални и лични) – што патем, во изминатите 20 години не првпат сум ги издржала секогаш кога сум правела нешто за Македонија, го слушам тивкиот и смирен глас на духовно воздигната сестра Доротеја, која ми вели: „Александар Македонски ги пренел коските на првиот и најстар старозаветен пророк Јеремие кога бил во Египет. Тоа значи дека тој верувал во Бога и знаел кој е Јеремие. Тоа деновиве го читавме во мајските Житија, а е запишано и во Стариот завет”. Ти благодарам сестро Доротеја, реков, тоа е силна поткрепа на она што Марина и јас го осознавме. Еве го записот во „Житието за светиите”, насловено како „1-ви мај, Житието и страдањето на светиот пророк Јеремие”: Светиот пророк Јеремие (на еверејски Јеремие значи воздигнат во Бога), се родил 645 година пред новата ера, во левитскиот град Анатот, во пределите на племето на Венјамин, недалеку од Ерусалим.  Јеремие го заштитил „Заветниот ковчег” кога Халдејците го запалиле храмот на Соломон и пророкувал за страдањата на Исус Христ. По многу години царот Александар Македонски свечено ги пренел чесните мошти на светиот пророк Јеремие во градот Александрија и ги положил во местото наречено Тетрафил, кое александријците многу го почитувале поради светите мошти на пророкот.

На гробот на Александар Македонски

Не само ова сознание, туку и другите информации во врска со „македонското село” и Александар Македонски, просто сами доаѓаа до нас. Марина ги откри Хунзите и Калашите во Пакистан и Каракорум, Македонци кои таму останале од војниците на Александар и кои и до ден денес зачувале македонски зборови, фолклор и традиција. Пред повеќе од една година Бране, македонски пилот и неговата мајка, едвај ја пронашле Марина за да и кажат дека има „македонско село” во Узбекистан. Марина, со која ме врзува се што значи Македонија и со која сме минале часови споделувајќи и приватно и јавно во нејзините емисии „Македониум”, се што се однесува на геополитичките и геодуховните аспекти на светот и на Македонија, ја сподели таа информација со мене и уште пред една година ме покани да одам со неа. Јас и реков дека тоа за мене ќе биде тешко од финансиски причини и кога минатата година при крајот ја видов на телевизија во емисијата на Јанко Илковски, мислев дека ја завршила таа мисија. Веднаш и се јавив, но таа ми рече дека стигнала до Ташкент, ама имало некакви проблеми со визата.

 

Длабоко скриени патокази

Нурата – тврдината на Александар Македонски

Марина, меѓу другите, има една убава особина што не се откажува и покрај тешкотиите, па повторно ми предложи да и се придружам во Узбекистан помагајќи максимално тоа да се случи. Јас сфатив дека поканата морам да ја исполнам без оглед на финансиските пречки. И така, четири очи подобро гледаат од две, видовме се и и го донесовме на македонската јавност. Тоа е дел од нејзиниот проект „До каде не има” што оди на ТВ Сонце, помогнат од големиот Македонец Џорџ Атанасовски.

Факт е дека ги видовме: тврдините што се останати од времето на Александар Македонски кој поминувајќи ја реката Окс во тогашна Согдијана и Бактрија оставил несоборливи траги, во градовите на денешен Узбекистан, од најсеверната тврдина Александрија Есхата до најужната Кампир Тепе на тромеѓето со Авганистан и Таџикистан.

Столбот светлина

Најпозната тврдина, но археолошки неистражена, е онаа во гратчето Нурата (што значи „зракот на Бога” или „Светлина од небото”) каде што на Александар му се прикажала светлина, и во чија околина и ден денес постои голема мрежа на водоводни канали кои се гледаат како  бунарски отвори на површината. Ги видовме градовите Самарканд каде што Александар ја оженил единствената негова легална сопруга Роксана со која го имал синчето Александар, потоа градовите Бухара, Тармиз кадешто и ден денес има Македонци кои гордо се сеќаваат на својот славен предок. Сето ова е дел од поширокиот регион на Централна Азија каде што и ден денес се гледаат траги (остатоци од градби, мегалити и петроглифи) кои сведочат за прастари народи – и каде што во првата преселба од македонскиот полустров пред илјадници години е дојден дел од белата, пелашка раса со својата култура. Затоа и Александар одејќи на Исток одел да ги сретне своите далечни претци и свети места. Поврзаноста на денешна Македонија со овие локации што ги посетивме е многу поголема, зашто благодарение на ова патување најдовме длабоко скриени патокази кои не водат во едно централно место во Република Македонија.

 

„Рацете кон небото“

Раширените раце на Александар

Во Узбекистан, ја видовме и Белата планина и „македонското село” кое, необјасниво, но го нема на ниту една мапа, како да требало да остане заштитено под превезот на тајноста што подолго или до овој миг. Го видовме гробот на Александар Македонски со две раце над него раширени кон небото од Исток кон Запад, останати уште од времето кога тој заминал од овој свет, сакајќи да покаже дека го имал целиот свет, но сега оди без ништо материјално воскревајќи се кон бога. Александар Македонски во меморијата на народите на Централна Азија е исклучително запаметен како високо духовно битие, односно бог кој се стремел кон највисоки духовни димензии. Токму возвишените божји принципи, со својот земски подвиг, сакал да ги шири меѓу луѓето. Затоа, тој и во Коранот како што ни рекоа нашите познаници во Узбекистан, е споменат како свет и како Бог, кој го навестувал доаѓањето на Исус Христос. Дека Александар бил пред се високо воздигнат над материјалното богатство како злато и дијаманти, укажува и ова место каде што можеби фактички почива. Запишано е дека Александар сметал дека власта над светот може да се здобие на два начина: со световна моќ, која без оглед на своето простирање е ограничена и минлива, и духовна, која претставува надминување и победа над сите материјални, овоземни елементи и фактори.

 

Чудесниот камен

Синиот камен

Најпосле, го видовме и „синиот камен” кој на молба на Александар до Бога му паднал од небото за да ја спаси заболената војска. „Синиот камен” има посебно значење за сите што ги познаваат длабоките почетоци на човечката цивилизација.

Кога Аминта и Исмаил ни го открија, сфатив зошто морав да дојдам. Еве што велат записите за „синиот камен”: Во прастари времиња од далечната ѕвезда паднал чудесен Камен. На местото каде што се појавил била основана Тврдина на Светлината.

Овој пратеник од далечните светови содржи материја која помага да се зачуваат вибрациите од тие светови. Овој Камен испушта зраци кои проникнуваат во сите океани и планини за општочовечкото добро. А низ светот кружи парче од ова скриено чудо. Тоа патува како гласник по Земјата, предвестувајќи ги големите светски настани. Испраќањето на овој дар од дамнешните времиња го означува настапувањето на судбинското обединување на силите на Земјата во која се појавува.

Аминта на Синиот камен

Според преданието богатството со себе носи и посебен Завет, кој мора да биде исполнет. Легендите велат дека и на царот Соломон од божји ангел му било дадено парче од „синиот камен” кое тој го вградил во прстен што го носел, а потоа и во изградбата на храмот. Велат дека Каменот доаѓа сам и дека не може да се земе.

За сево ова Марина и јас ќе објаснуваме уште, а за оние што се „вљубеници” во западната мисла им препорачувам да прочитаат што велат британските археолози кои го прекопале дури и Стоунхенџ за да го најдат „синиот камен”.

Но, тој не се наоѓа под, туку на земја и според знаењата на Македонците со нитки до Александар, кога Каменот ќе исчезне, светот ќе престане да постои. Во меѓувреме, се надеваме дека современата македонска држава ќе направи се за да го помогне откривањето на целата вистина околу овие наоди.

Емилија Гелева

Преземено од: www.geomakedonizam.mk

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар