Стерјовски: Пустец Единствена Општина Каде Албанската Влада со Буџетот за 2021 не Планира Никаква Инвестиција!
Сподели на социјалните платформи:

Ако Албанската влада не инвестира тогаш идната Македонска влада треба да направи проект за инфраструктурно, економско, образовно поврзување со Мала Преспа и Голо Брдо, исто како и проекти за поврзување и со Егеј и Пирин. Возобновувањето на Македонската Државност заедно со сите поробени слободолјубиви народи во светот, по колапсот на глобалофашистите ќе почне во матицата но ќе ги вклучи и сите сега поробени Македонци во окупираните територии.

Весникот Илинден од Тирана ја пренесува острата забелешка на пленарната седница на албанскиот парламент одржана неделава, на која на дневен ред е Нацрт-буџетот за 2021 година, пратеникот Васил Стерјовски, од Македонска алијанса за европска интеграција, стави остра забелешка што со буџетот не е предвидена инвстиција во општина Пустец.

Македонецот, кој за првпат е пратеник во албанскиот парламент избран од Македонска партија, рече: “Со жалење забележувам дека во Нацрт – буџетот за 2021 година, единствена општина во која не се планира да се инвестира е општина Пустец, иако жителите на македонската заедница во општина Пустец немаат основни услови за живот, како што е снабдувањето со вода за пиење, канализација, асфалтирање на рурални патишта, редовно снабдување со електрична енергија итн”. Стерјовски додаде дека локалната власт на Пустец, благодарение на одобрениот фонд од страна на Националната агенција за водоснабдување и канализација, подготвила проект за изградба на водоводна мрежа.

Овој проект веќе е доставен на разгледување и одобрување до Техничкиот совет на Националната агенција за водоснабдување и канализација. Одговорните институции на централната власт треба да гo земат предвид и да обезбедат средства за 2021 година, за финансирање на виталниот проект за жителите на Општина Пустец, како што е снабдувањето со вода за пиење, посочи тој. Во исто време побара владата да обезбеди средства за социо-економскиот развој и инфраструктура во другите области каде што живее македонската заедница, како што е областа Голо Брдо во општините Булќиза и Либражд, областа Гора во општина Кукс и селото Врбник во општина Девол.

Друг проблем што го наоѓам во нацрт-законот за Буџетот за 2021 година е тоа што, иако е законска обврска, не се планираат средства за Фондот за националните малцинства, преку кој ќе се поддржуваа иницијативи и проекти насочени кон заштита на правата на малцинствата и заштита и унапредување на нивниот национален, јазичен и културен идентитет,со жалење констатираше Стерјовски. Посочи дека решавањето на горенаведените проблеми треба да се земат предвид од страна на владата затоа што македонското малцинство, како и другите малцинства, се лојални граѓани и редовни даночни обврзници на Албанија.

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар