Лидерот на милицијата „ Чувари на Заклетвата“ Стјуарт Родс за време на интервјуто со Алекс Џонс рече дека неговите членови се „вооружени“ и позиционирани околу Вашингтон за да спречат кражба на претседателските избори во 2020 година. “Во случај да се обидат нелегално да го отстранат претседателот, ние ќе се вклучиме и ќе го запреме тоа”, рече Родс и побара Претседателот Трамп да ги објави сите тајни документи бидејќи американскиот народ има право „точно да знае кои се педофилите кои сакаат да не уништат“..
Чуварите на заклетвата имаат илјадници членови, меѓу кои и многубројни поранешни полицајци и воени ветерани. Милицијата се залага за одбрана на Уставот и го поддржува Трамп.
Родс инсистираше на тоа дека Трамп мора да ги декласифицира информациите за членовите на „длабоката држава“, доколку сака да спречи кражба на изборите. Тој рече дека американскиот народ има право „точно да знае кои се педофилите“. Од судии до политичари до академија до медиуми, Родс продолжи, овие луѓе се дел од длабоката држава.
Родс рече дека Трамп треба да им зададе задача на специјални доверливи офицери да обезбедуваат информации за длабоката држава затоа што претседателот „не може да им верува на вообичаените воени разузнавачки служби“. Во претходните изјави, Родс беше против воена интервенција во домашни прашања, но во овој случај, тој рече дека Трамп треба да се повика на Законот за востание.
Како поддршка на претседателот, тој исто така рече: „Имаме луѓе стационирани надвор од Вашингтон како нуклеарна опција во случај да се обидат нелегално да го отстранат претседателот, ние ќе се вклучиме и ќе го запреме тоа“.
Родс порача: Овие луѓе се „вооружени“ и „подготвени да влезат ако претседателот не повика“.
Тој рече дека чуварите на заклетвата ќе бидат во близина на Вашингтон и за да ги поддржат планираните про-Трамп демонстрации во сабота.
Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!