Поминаа повеќе од 48 часа откако Џо Бајден од страна на американските фејк њуз медиумски мрежи беше прогласен (крунисан) за претседател на Соединетите Држави, и покрај честитки од некои лидери, останува заглушувачки молкот од Русија и Кина, и на ред други земји како Бразил, Мексико итн. Во контраст, при победата на Трамп во 2016, и покрај оспорувањето од Хилари Килнтон, и Русија и Кина му честитаа на Претседателот Трамп веќе следниот ден по изборите!
Кремљ во понеделникот посочи дека рускиот претседател Владимир Путин има намера да почека додека резултатите не бидат заверени од судовите, што ќе трае најмалку по 8 декември, исто така одлучувачка дата за правните предизвици.
„Предвидувајќи го можното прашање во врска со честитките на Путин до новоизбраниот претседател на САД, сакам да го кажам следново: сметаме дека е соодветно да се чекаат официјалните резултати“ , рече портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за време на прес-конференција во понеделникот.
Во своите коментари во понеделникот, Песков наведе „одредени законски процедури“ како основа Путин да ги задржи честитките од Бајден, за разлика од 2016 година кога рускиот лидер бргу му испрати добри желби на Трамп по неговата победа над Хилари Клинтон .
„Разликата е прилично очигледна“, рече Песков, пренесува Интерфакс. „Гледате дека претстојат одредени законски процедури, кои ги најави актуелниот претседател. Ова е разликата. Затоа, сметаме дека е правилно да се чека официјалното соопштение“.
Песков подвлече дека „Сè уште нема официјални резултати“.
Во меѓувреме, Кина зазеде слична позиција, а нејзиното Министерство за надворешни работи во понеделникот изјави дека „ја забележале“ изјавата на Бајден за победа, но сепак претседателот Кси ќе почека да завршат „американските закони и процедури“ пред да издаде официјални честитки.
While congratulations have poured in for Biden, some world leaders have been conspicuously quiet.
Here's how 🇨🇳China, 🇮🇳India and 🇷🇺Russia have reacted pic.twitter.com/OO0p9FJb9q
— Bloomberg Originals (@bbgoriginals) November 9, 2020
„Забележав дека Бајден прогласи победа на изборите“, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи Ванг Венбин на дневниот брифинг. „Ние разбираме дека резултатите од претседателските избори ќе бидат утврдени следејќи ги американските закони и процедури.
Сепак, за време на изборите во 2016 година, претседателот Кси Џинпинг му испрати на Трамп официјална порака со честитки веќе следниот ден, на 9 ноември 2016.
Иако официјалните претставници на Пекинг се надеваат на враќање на поголема стабилност под идното претседателство на Бајден, не се очекува нова администрација да биде мека кон Кина, со што Пекинг се подготвува за претстојни побурни односи.
И други земји како Мексико и Бразил во последно време изјавија дека планираат да се воздржат од испраќање на какви било пораки до Бајден пред да бидат официјализирани резултатите.
Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!