Емилија Гелева: Претседателот на Изборите во САД ќе го Реши Американскиот Народ и Суд а не Британската МИ-6!
Сподели на социјалните платформи:

 

Без оглед на лажните вести за победа на Џозеф Бајден и масовната медиумска кампања на глобалфашистичките медиуми во таа смисла, што во Европа е посебно поддржана од британскиот информативен сервис Би-Би-Си, за победникот на американските избори ќе реши американскиот народ и Врховниот суд на САД, а не активностите на британската разузнавачка служба МИ-6 за помош во масовното фалсификување на изборите од страна на Демократите.

Повеќе од очигледни се огромните неправилности и фалсификати што се направени на голем број гласачки места во американските држави кои имаат решавачко влијание за избор на претседател. Од гласање на луѓе од 170 години, до моментална огромна компјутерска промена на резултатите во прилог на Бајден на очиглед на јавноста, гласање на 102 одсто гласачи односно на повеќе од што има на избирачките списоци, или илјадници гласови само за Бајден и нула за Трамп, до криење на броењето на гласачките ливчиња од страна на Демократските пребројувачи и спречување на Републиканските да имаат увид во гласањето.

Сепак, најиндикативно е што на границата со Канада е запрено момче поштар на возраст од 27 години од државата Њу Јорк, кој во багажникот на возилото носел вреќи со гласачки ливчиња за Бајден. Американските безбедносни служби знаеле дека Демократите ќе печатат ливчиња во други држави, но Канада е едновремено држава во која е стационирана британската агентура на МИ-6, а според безбедносни експерти британските специјални служби за своите активности низ светот добиваат поддршка од американските демократи.

Но, американските патриотски безбедносни сили предводени од искусниот безбедносен стручњак Стив Печеник, со цел да го заштитат изборниот процес, освен воден жиг втиснат на гласачките ливчиња ставиле двојна заштита со користење на QFS blockchain методот, за што не само што не знаеле Демократите туку ни самиот претседател Трамп. Затоа измамата дека Џо Бајден е победник на изборите лесно се детектира. Бајден е губитник и американските патриотски сили, вклучувајќи ги судовите и Врховниот суд, нема да дозволат британските служби со фалсификати да им ја кројат судбината и да сеат немири и дестабилизирање на САД.

Нивните методите се препознатливи и во редица други држави каде предизвикуваат процес на дестабилизација со цел остварување на глобалфашистичката агенда. Овој процес ескалираше во пресрет на изборите во САД, во Франција и во Австрија, видовме дека ова се случи во Белорусија, каде Полска е инструмент. Ова се случи во Јужен Кавказ, каде што Турција е инструмент. Ова се случи во Донбас, каде што Украина е инструмент, во Киргизија, во Македонија добро го извежбаа во последните пет години, итн. Британските специјални служби го зголемуваат своето присуство насекаде, и тие тоа го прават со поддршка на Џорџ Сорос и други американски Демократи.

Но, ова нивно сценарио тешко ќе пројде во САД. Вистинскиот победник на изборите во САД е Доналд Трамп и јапонскиот премиер веќе му ја честиташе победата.

Емилија Александар Гелева

Прочитај повеќе:

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар