Македонската држава денес е крајно нерепрезентативна на својот сопствен народ како носител на сувереноста на државата. Дека тоа е така сведочат многубројни поразувачки политики кои веќе со години ја кинат македонската нишка. Во ова однeсување сегашните носители на функциите признати однадвор, но не и од самите Македонци, не се сами. Потпомогнати се од сите политички партии кои како да немаат компас за државен или национален интерес.
Веќе скоро 30 години Македонија талка бараќи водач или партија која ќе го изнесе и одбрани националниот интерес и која ќе го врати достоинството на притиснатиот од сите страни Македонец. Удоволувањето на бугарскитe барања е последица на немоќна и украдена во секоја смисла на зборот држава. Во услови на колабирана свест на моќниците кои се китат со странски диктати и условувања и со гордост гледаат како се разнишува идејата за сопствена македонска држава може само да се каже дека е очекувано од нив и погрешно од секој аспект.
Јасно е дека ЕУ не може да стои јавно зад бугарските барања. Тоа е затоа што не сака да биде јавно нападната за кршење на човечките права на македонскиот народ. Тоа го прави скриено, а како доказ за дејствието е отсуството на осуда кон Бугарија за нивното непристојно барање Македонците да им се потчинат самите како што тоа не го направија во втората светска војна, во која беа окупирани од бугарскиот окупатор, сојузник на нацистичката оска.
Меѓувладина конференција со Македонија која не ја ни именуваат во својата комуникација на конференции, како онаа минатата година во Загреб, е уште една непотребна средба на која ќе се врши притисок и ќе се понижува македонството и ќе се негира македонскиот карактер на македонската држава.
Родина Македонија, повикувајќи се на волјата на македонскиот народ искажана на референдумот за независтност од 8 септември 1991г. и неуспешниот референдум за промена на името, членство во ЕУ и НАТО со успешниот бојкот на македонскиот народ, го смета дејстувањето на самопрогласените претставници на власта во пресрет на бугарските барања и германските изјави како спротивни на македонскиот интерес. Прифаќањето на разговорите од членовите на политички партии е спротивно на волјата на македонскиот народ и неговото загарантирано уставно право. Со други зборови, за теми за кои Македонците се изјаснија како непристојни во меѓународна правна рамка не се разговара, тоа е воедно и ставот на партијата Родина Македонија.
Германската амбасадорка во Македонија, Анке Холштајн, на 28 октомври.2020г., ја повтори позицијата на Германија дека цел на германското претседателство со ЕУ е одржување на првата меѓувладина конференција со Македонија до крајот на годинава. Taa рече и дека ЕУ не треба да се меша во разликите помеѓу земја – членка и земја кандидат за членство, кои според неа се прашања кои се решаваат билатерално.
Оваа изјава на германската амбасадорка оди во прилог на општото народно мнение во Македонија дека нашите партнери и соработници од европскиот континент не ни мислат добро. Јасно е дека бугарските барања се неприфатливи затоа што се капитулантски и водат кон потчинета положба на Македонците и нивната држава.
Ако Германија е спремна да ги прифати сувереноста на македонскиот народ, а со тоа и државата Македонија, таа не би била задоволна со бугарските барања и јавно би побарала тие да се отфрлат како неподобни за решавање во било која рамка. Исто така, треба да се нагласи дека македонскиот народ не е за членство во ЕУ.
Во кратко, политичките претставници од Македонија не го застапуваат интересот на македонскиот народ. Кога тие би биле легитимни претставници, единствената точка на дневен ред од македонска страна во разговор со бугарски претставници мора да биде признавањето на посебниот македонскиот идентитет, јазик и долга историја заедно со правата на македонското малцинство во бугарската држава. Тоа се македонските црвени линии и крајна определба. Тие се воедно и појдовната точка за преговори за актуелни прашања како што се малцинските слободи и права или економската и културната размена и соработка меѓу две различни суверени држави. Добрососедство се гради со уважување на соседот, а не со барање потчинетост. Ако германската амбасадорка нема слух за таквиот принципиелен став, тогаш нејзиното инсистирање на билатерално решение сепак оди во прилог на бугарските барања кои во никој случај не се прифатливи за Македонците.
За упатените во дипломатскиот јазик сосема е јасно дека германската амбасадорка го крие своето лично убедување дека македонскиот народ треба во билатерална средба или со договор да се откаже од суштински одредници на неговиот идентитет. Тоа секако не се услови за зачленување во ЕУ, но ставот дека може да се постигне компромис е еднаков на игнорирање на црвените линии на македонскиот народ.
Во однос на одговорот кој македонските претставници мора да ги имаат кон Бугарија, со или без состанок, тој е јасен, корените на македонскиот народ и држава се македонски. Тоа е единствениот речник кој треба да се очекува и од пријателите на Македонија, а не дека треба за овие прашања да се договориме билатерално со Бугарија.
Ако сметаме дека предавничкото однесување на претставниците на ненародната власт во Македонија е премногу и ги превршува сите граници на нечовечко однесување кон својот род или го сметаме тоа за задача која ја превзеле од изведувачите на глобалфашистичкиот проект за укинување на Македонија, тогаш мора да ја процениме улогата на германската дипломатија во овој момент како олеснувач или поддржувач на процесот на разнебитување на Македонија.
Притоа, навредливо е дека германската амбасадорка не го осудува потегот на бугарските претставници или поведението на македонските. Наместо тоа, тие го поддржуваат процесот со своето нереагирање дека проблемот е создаден токму од Бугарија. Не можеме да очекуваме дека ќе ја осудат недоветната македонска страна кога таа е попустлива и колабористичка и на штета на македонскиот народ.
Во однос на неадекватноста на македонската дипломатија, која и не е македонска, разбирлив е среќниот восклик на бугарскиот амбасадор во Скопје, Андреј Ковачев, кој по состанокoт со Бујар Османи јавно му се заблагодари за „храброст за вистина” (читај безобразие и лага) и „за историски здравата” формулација понудена како компромис од Бујар Османи за измислените бугарски барања. Ова е компромисната формулација на Османи: „Германскиот нацистички окупатор на Кралството Југославија и привремената бугарска администрација главно составени од локални македонски Бугари”. Бујар Османи со тоа имплицира дека Македонците се Бугари и дека на македонската територијата имало етнички Бугари. Прашање е кој нему му дава било какво право тој да ги дефинира Македонците како Бугари.
Едновремено, бугарскиот амбасадор во Скопје, Ангел Ангелов, изјави дека Бугарија не може да ги промени своите позиции за македонската историја, јазик и идентитет, затоа што имало декларација на Парламентот и одлука на Владата. Тој за ставот на Брисел по ова прашање арогантно рече дека „тоа е проблем на Унијата, а не наш“, што значи дека Софија сака да му диктира на Брисел и на актуелниот претседавач на ЕУ, Германија, да ги прифатат бугарските барања.
Родина Македонија останува на својот став дека црвените линии за Македонија се и мора да бидат признавање на македонскиот народ како суверен народ со своја сопствена историја, јазик и идентитет различен од тој на другите народи. Немa преминување на овие црвени линии како појдовна точка за добрососедство. Во однос на ЕУ, македонскиот народ може само да изгуби голем дел од својот суверенитет, а притоа поради развојот на сопствената држава и економија таа би била во крајно неповолна позиција во однос на релативно поголемите економии членки на ЕУ. Со одбивањето преговори со ЕУ сите притисоци од соседите кои ја уценуваат нашата држава постануваат безпредметни.
Родина Македонија смета дека само со силна и проактивна дипломатија, која ќе стои цврсто и одлучно на македонските ставови, и која ќе бара катадневно нивно спроведување во пракса, ќе може да се извлече корист за Македонија и нејзините жители.
Родина Македонија не прифаќа и нема да признае глобалфашистички планови и најмалку што очекува е во ЕУ да се покрене дискусија како воопшто Бугарија станала нејзина членка со такви фашистички ставови кон еден од своите соседи, да негира еден цел народ и неговото право на национално самочувство, односно идентитетот, јазик и неговата севкупна историја со цел во недостиг на сопствена бугарска историја да ги украде македонската историја, јазик и идентитет. Впрочем, овие дипломатски игри, барање на потчинетост и капитулација на македонскиот народ се причина повеќе да се откажеме од барањето за влез во ЕУ. Во време кога многу од членките на ЕУ бараат да излезат од ЕУ и кога добар дел од новото членство, влкучувајќи ја Бугарија и Грција, се самите доведени до силни политички и економски кризи затоа што се членки на ЕУ, зошто една мала држава со длабока историја и дигнитет би прифатила да се бори да влезе во ЕУ.
Родина Македонија им порачува на министрите на ДУИ да престанат тие да одлучуваат кои сме ние Македонците овде во Македонија зашто секој и политичар и членови на комисии ќе одговараат пред судот на правдата за сите злодела против државата Македонија.
https://rodina-makedonija.org.mk/пристапница/