Денешната македонска диктаторска влада (и не само таа) инсталирана од суровиот американски империјализам кој го бомбардира и уништува целиот свет, шири лаги и невистини околу ЕУ. Зајко го залажува и замајува гладниот сиромашен, истоштен и очајен македонски народ дека може да си го наполни и засити стомакот само ако се самоуништи и влезе во ЕУ.
Постојано се шири и труби фамата за доблеста племенитоста и алтруизмот на ЕУ проектот низ македонскиот етер НО всушност вистината е многу поинаква. ЕУ проектот беше започнат од западните владеачки елити после крајот на Втората светска војна во интерес на заработката и профитите на приватниот капитал и богатите привилегирани владеачки класи на западна Европа а не беше основана за доброто и интересите на народот, работничката класа и обичните луѓе и граѓани од долните 99% од населението. ЕУ искуството од соседството покажува дека откако Бугарија, Романија и Хрватска станаа членки на ЕУ животот за мнозинството од преку 90% на населението во тие земји не се има нешто посебно економски подобрено и истото продолжува да бара чаре во печалба со исселување во постарите членки на ЕУ како Германија, Скандинавија итн.
Ако е тоа така тогаш зошто тогаш македонските политичари кои не живеат во реалноста постојано ги залажуваат луѓето во Македонија дека ако Македонија стане членка на ЕУ демек баш Македонија е таа, избраната земја која ќе виде невиден економски напредок и благодет од кој Бугарија, Романија, Хрватска Полска итн, не видоа како членки на ЕУ? Каде се ветените 500 евра плата? И така, додека македонските политичари ги хипнотизираат очајно сиромашните Македонци да сонуваат со отворени очи за ветената земја ЕУ, антимакедонскиот запад од под нос ќе им ја земе родната земја Македонија за која толку многу Македонци си ја пролеале својата крв и ја платиле највисоката цена-со својот живот. Од друга страна единствениот начин на кој мнозинството население и работничката класа во постарите членки на ЕУ како Франција, Аустрија, Холандија, Белгија, Германија и др, добија повисок стандард и поквалитетен живот е преку нивната класна борба (штрајкови и протести) со чија помош самото население, самата работничка класа се избори за овие работи како што се бесплатно здравство, бесплатно школство, социјална помош за невработени, пари за секое дете родено итн.
Самата работничка класа се избори за похумано, послободно и подобро општество додека политичарите и владите во случајов се китат со туѓи перја кои припаѓаат на мнозинството и работничката класа. Но поради се попродлабочената криза на капиталистичкиот систем овие придобивки се постојано се позагрозени од владите и владеачките класи на нивните земји. Најеклатантниот пример за оваа жестока класна борба помеѓу работничката класа и богатата елита во ЕУ се протестите и блокадите на жолтите елеци во Франција.
На владеачката елита лично им одоговара членство во ЕУ бидејќи тие ги сонуваат милионските суми од фондови кои потенцијално би се влеале во земјата а кои тие ќе ги лапнат за себе лично и персонално со барем околу 90% додека многу малку ќе капне од тие фондови на обичниот сиромашен македонски народ. Она што навистина ТРЕБА за Македонија е многу порамномерна пофер и похумана распределба на целотото богатство кое се произведува во Македонија како што тоа се прави во напредните хумани скандинавски земји каде живеат најсреќните луѓе во светот според анкетите. А не богатството да се концентрира во рацете на многу мал број на луѓе од привилегираната богата елита на врвот.
Постојано се труби и проповеда за некаков си алтруизам и високи човечки идеали и достигнувања кои доаѓаат од ЕУ што е далеку од вистината. ЕУ од почетокот била формирана за интересите на приватните компании (во трговијата со јаглен) и капиталот и како одговор на царинските тарифи и бариери кои ги поткопувале и намалувале профитите на истите тие приватни компании. Се знае дека причината поради која постои производство во капиталистичкото општество не е потребата на луѓето за производи, услуги, храна и добра туку за да заработат компаниите профит. Во земја на капиталистичко уредување и да си гладен можеш слободно да си умреш од глад ако немаш пари да си купиш храна.
Затоа денес во светот умираат, само деца 5000 од глад, СЕКОЈ ДЕН! За НАТО алијансата не мора ни да се зборува дека е воинствена воена организација чија функција е да напаѓа и да ги брани интересите на приватниот капитал на западните земји од каде потекнува. За тоа најдобро зборуваат изјавите на американскиот генерал Смедли Батлер/Smedley Butler кој вели дека ‘војната е рекет’.
Капиталистичкиот систем е коренот на сето зло во светот денес и сега кога е паднат во тешка перманентна глобална криза и стагнација не може на човештвото ништо повеќе да му понуди освен повеќе, сиромаштија, глад, невработеност, несигурност, повеќе војни, нуклеарни терминални војни и тотална деструкција, холокауст на човековата околина и целата планета. НАТО е остаток од минатото на студената војна и требаше одамна да се фрли на буништето од историјата заедно со Варшавскиот пакт.
НАТО вели за себе дека е сојуз на пријатели а фактот го кажува спротивното дека во суштина некои земји во НАТО се непријатели како Грција и Турција и кои можат во било кое време да се затепаат меѓу себе. Во денешно време глобалниот капитализам, доминиран од западните капиталистички корпорации е во перманентна криза и таа криза се пренесува во односите помеѓу поедините членки во друштвата на ЕУ и НАТО.
Овие кризи се предизвикани од неизлезната продолжена криза на пазарната економија, на капиталистичкиот систем, поради се помалите профитите и трката и тепачката помеѓу поедини држави и приватни корпорации да се зголемат истите тие профити на штета на друга корпорација и држава а тоа значи на штета на конкуренцијата.
Добар пример денес за овие тензии се трговските војни кои стануваат се поостри и по агресивни па така Доналд Трамп постојано се жали дека ЕУ не купува од САД и дека имаат високи увозни даноци. Последно е дека Трамп ќе воведе повисоки царини на Канада бидејќи САД кон Канада имале дефицит што испадна дека е лага.
Целта на западните газди на светот (САД, Германија, Британија и Франција) е да ја збришат Република Македонија од светската карта а на Македонците да го заокружат етничкиот геноцид и да ги истребат до последен/на а постојаното трубење за членство на Македонија во ‘рајот’ на ЕУ и НАТО мамка преку која сакаат да си ја остварат целта. Сеуште никој не дал една убедлива и издржана причина и повод зошто западњаците ги избраа баш Македонците и Македонија за истребување а не некој друг народ или земја во Европа? Дали ќе да е тоа затоа што Македонците не се вистински Македонци? Дали затоа што Македонците не се потомци на античките Македонци или работата е обратна? Дали затоа што постои милениумски континуитет и дека античките Македонци не изумреле туку тие само од своите западни непријатели се применувани во Словени и Грци?
Генетските анализи кои се многу прецизни го потврдуваат токму овој факт дека денешното население во Република Македонија во најголем процент од преку 60% се потомци на античките Македонци и другите антички и народи и племиња. И не само потомци на антиката туку тие се потомци на уште постаро предисториско време, наназад низ многу илјадолетијата. Јазичните истражувања истото ова го потврдуваат. По се изгледа дека оваа вистина и факт е тоа што најмногу им пречи на западните владетели на универзумот како САД, Франција, Германија и Британија и тие по секоја цена тоа сакаат да го скријат да не се дознае.
Светлана Симоноска
Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!