Нападот е Одбиен, Родина Продолжува на Изворниот Суверенистички Пат до Слободна Македонија – Приклучете се!
Сподели на социјалните платформи:
Нападот од удбашко-рекетарскиот двоец Веруш-Палчо за скопување на единствената непоткуплива некорумпирана и чиста сила во Македонија е одбиен! Се сеќавате на обидите за црнење, НВОизирање, банализирање и понижување на светиот чист револуционерен бренд на Родина со нејзино асоцирање со советници на квислингот Заев, како Венко Андоновски? Пропаднатиот обид за рекетарење и црн пазар со цели папки удбашки досиеа за 25 врвни Македонски патриоти, меѓу кои и оние на членови на досегашното и разрешено Претседателство, досиеа од кои нашите дедовци завршувале на Голи Оток? Истите оние удбашко-рекетарски структури кои со дебелите задници удобно си седеа на “бомбите” кои ги имаа кога се продаваше името и не ги искористија за спречување, а ги вадат сега и ги користат во лични профитерски цели за рекетирање на банки и фирми? Незаконско исклучување на половина Родина со користење на фалсификуван печат и непризнавање и саботирање на сите бројни општински и задгранични комитети и саботирање на создавањето нови? Е тоа беше нападот од пет-парачки лузери од бившиот систем со 0.001% изборна доверба кај Македонскиот народ. А ова е одбраната и ова е новото, чистото, некорумпираното, непоткупливото, и способното, што Родина секогаш била и ќе биде! Се до конечната цел, Слободна Македонија! Приклучете се во глобалното будење заедно си сите слободолјубиви народи на светот! Македонија Вечна!
Го пренесуваме во целост соопштението на Централниот Одбор и Претседателството на Родина Македонија:

Браќа и сестри Македонци, основачи, членови, поддржувачи на Родина, со радост ве известуваме дека ја одбранивме чистата изворна Родина, за утре да ја одбраниме и Македонија! На седница на Централниот Одбор, највисокиот раководен и политички орган на партијата меѓу две собранија, одржана на 11ти октомври, вие, основачите, членовите, бројните поддржувачи и сите Општински и Задгранични одбори, заедно со новото Претседателство, обзнанивме до Македонскиот Народ дека Родина успешно го одби ударот на службите и продолжуваме со незапирливиот раст во единствена кредибилна суверенистичка сила во Македонија!

Одбиен е нападот врз Родина организиран и објавен пред 2 месеци од страна на препознатливите пропаднати удбашко-рекетарски структури а кој се покажа на дело со обидот на дел од досегашното и и сега разрешено Претседателство за сосечување на огромниот раст на Родина на терен во Јули и Август, кога стигнавме до над 10 нови силни Општински и Задгранични одбори, со уште 20 други ОO подготвени за формирање.

Кому му беа потребни и со каква намера членови на досегашното разрешено Претседателство да земат од удбашко-рекетарските структури цели папки досиеа за 25 врвни Македонски патриоти, вклучително и од оние од Претседателството на Родина – најчистата, некорумпирана и изворна опција која ја изградивме со свои раце како гордост и надеж на Македонскиот Народ?

Кој се обидува да го запре развојот на Општински комитети  веќе два месеци и кому му беше од корист таквиот развој на настаните во време кога Родина беше во полет да стане вистинска организирана сила и закана за системот, дали на избори дали од улица. Одговорот го знаете и сами и е многу едноставен.

Тоа е нападот. А која е одбраната и зошто и како се брани Родината!

Одбраната се случи на 11-ти Октомври, на статутарно-свиканата седница на врховниот орган на партијата Родина, во градот каде што пукна првата пушка против тогашниот глобалофашистички окупатор, и каде Родина обзнани дека се профилира во единствен денешен вистински претставник на Македонскиот Народ во борбата против сегашниот глобалофашистички окупатор.

Смелите и бестрашните браќа и сестри од Централниот Одбор, новото Претседателство, сите Општински и Задгранични одбори, членови, основачи и поддржувачи ја одбранија Родина и објавија дека цврсто продолжуваме да го одиме единствениот суверенистички Вистински Македонски Пат, како што и нашата победничка визија, стратегија и програма е наречена.

Оти друг пат нема, и затоа што ние чистите не се плашиме од удбашки досиеа, токму затоа што сме чисти, не можат да не оцрнат! Можеме само да завршиме в затвор, затворени од своите предавници, што нема да биде првпат за што сведочат и нашите дедовци кои од такви гнасни удбашки досиеа завршувале на Голи Оток борејќи се за Македонија и сведочат и сегашните Македонски херои од 27ми април кои гнијат по зандани.

Македонските служби, сега наместо да ја штитат Македонската држава ги штитат странските интереси, бидејќи се под целосно влијание на странски разузнавачки служби со цел обезименување на Македонија и бришење на идентитетот и јазикот на Македонците. Во таа смисла е и овој обид за преземање на Родина Македонија од нивна страна за да се уништи секој вистински отпор против сегашните процеси кои ќе бидат погубни доколку не бидат спречени од вистинските Македонски родољуби.

Такви исти методи предавниците користат и сега со следење на нас, единствените претставници на чистиот, неизвалкан отпор кои веќе 4-та година ден и ноќ си ја арчиме снагата и умот, без очекување никаква награда ни корист, бидејќи го правиме тоа оти поинаку не можеме, оти борбата за слобода и за Македонија ни е над се, поважна и од нашите животи. Ние во Родина секогаш сме биле свесни за опасностите од борбата против глобалофашистичкиот окупатор и не сме се плашеле ниту ќе се плашиме, напротив, ние со нашата смелост, сила и непоткупливост ги плашиме предавниците кои за прв пат се соочуваат со организирана сила која не е под нивна контрола.

И затоа ќе победиме, затоа што сме бестрашни и затоа што сме на страна на правдата и правдината, и затоа што ја вмрежуваме Родина и Македонија во заедничката борба со сите други слободољубиви народи против заедничкиот глобалфашистички непријател и затоа што сме слуги на Македонија, а не нејзини господари.

На 11ти Октомври на Централниот Одбор и на новото Претседателство, покажавме на дело обединување и етаблирање во вистинска, непобедлива и организирана сила и го продолжуваме полетот на Родина и ќе го водиме Македонскиот Народ до победа и слобода.

Затоа, продолжуваме со силниот организациски раст на Родина во секој Македонски град и село и во иселеништвото и продлабочувањето на суверенистичката програмата, за да ја доизградиме Родина во вистинска организирана сила која или со перо на избори или од улица, ќе ја оствари победничката визија и заедничката света цел, Слободна Македонија. Приклучете ни се.

Македонија Вечна!

Биди член на Родина Македонија

https://rodina-makedonija.org/pristapnica/

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар