Британија Украде од Венецуелскиот Народ 31 тонa Злато! А Каде е Македонското Злато по Пучот од 27ми Април?
Сподели на социјалните платформи:

Економијата и народот на Венецуела страдаат и умираат под силен удар на економски и финансиски санкции од САД и забрана за трговија со основниот извоз, нафта. Покрај вообичаениот слоган “да им ја земеме нафтата”, да им го земеме златото па после и сите природни ресурси, е мантрата на крволочните глобалофашистички поробувачи во земјите каде што носат “демократија” со насилство а и бомбардираат за “човекови права”, и тоа со со помош на вахабисти, главосечачи од ИСИЛ и УЧК, и со една рака домашни одродници продадени за една рака колнати долари на Сорос. Како и во Либија, Сирија, Украина, итн каде во првите денови после обоените револуции на збунетите народи им беше украдено златото, така и во Македонија онаа грозна Мајска парада на НАТО борбени возила во центарот на Скопје, после 27-мо Априлскиот анти-уставен пуч, беше само димна завеса за крадење на нашето Македонско злато од Народната Банка која се наоѓа во близина. Стоп за кривичните дела кражба на нашите природните ресурси, за крвави револуции, промена на легитимни влади, поддршка за терористи и поробување на нашите народи, тоа е се што слободолјубивите народи на светот го бараат, и ќе го добијат!

На 5 октомври 2020 година, Апелациониот суд во Англија и Велс ја укина одлуката на понискиот суд од јули со која на владата на Венецуела и беше забранет пристап до своите 31 метрички тони злато складирани во Лондонската банка.

Никој не негира дека златото е на владата на Венецуела пишуваат Виџај Прашад и Кармен Навас Рејес преку Counterpunch.org. Сепак, банката се дрзна да одбиеда и овозможи на владата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро пристап до златото. Зошто? Следејќи го примерот на Министерството за надворешни работи на Велика Британија, банката рече дека вистински претседател на Венецуела е некој си Хуан Гуаидо, со помалку од 1% поддршка од Венецуелците.

Гуаидо, за разлика од претседателот Мадуро, не победи на избори за претседател, ниту е во можност законски да стане претседател во каква било евентуалност. Помазанието за Гуаидо дојде од владата на Соединетите Американски Држави, а не од венецуелскиот народ. Министерството за надворешни работи на Велика Британија и пониските судови се согласија со Вашингтон, додека Апелациониот суд во Англија и Велс се потпираше на неговата одлука наспроти фактите и логиката.

Главниот заклучок на Апелациониот суд е дека иако Министерството за надворешни работи на Велика Бритнаија изјави дека не ја признава владата на претседателот Мадуро, тој продолжува да води дипломатски работи со претставниците на истата таа Бритнаска влада. Амбасадорката Росио Дел Вале Манеиро Гонзалес ги предаде своите акредитиви на кралицата на Англија во 2015 година и во последните пет години ја претставуваше владата на претседателот Мадуро во Велика Британија. Сегашниот британски амбасадор во Венецуела – Ендру Сопер исто така му ги презентираше  неговите акредитиви токму на претседателот Мадуро на 5 февруари 2018 година и тој се уште останува на функцијата во Каракас. Ваквите основни дипломатски односи му укажаа на Апелациониот суд дека претседателот Мадуро – во очите на владата на Велика Британија – „всушност ги извршува некои или сите овластувања на претседател на Венецуела“.

Адвокатот на Гуаидо – Ванеса Нојман – рече  дека владата на Венецуела сака 1,95 милијарди долари (со денешни цени на златото) за да може „незаконски да се финансира себеси“. Но, адвокатот на владата на Венецуела – Сарош Заивала – тврди дека овие средства ќе ги искористи легитимната владата за да обезбеди олеснување на населението погодено од унилатералните санкции на САД и да го прекине синџирот на инфекција со КОВИД-19 и нарушувањата предизвикани од пандемијата.

Централната банка на Венецуела (BCV) рече дека сака да го продаде златото, да ги исплати средствата на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и да му дозволи на УНДП да помогне во одговорот на владата за пандемијата. Дури и овој канал преку УНДП е одбиен и од Гуаидо и од владата на Велика Британија и од САД и нема друго објаснување зошто сакаат да го сторат ова освен лудата желба да го казнат народот на Венецуела среде економската криза предизвикана од заклучувањата од пандемијата и жестоките нечовечки санкции против еден цел народ.

Пари за лекови

Институтот за социјални истражувања и Институтот Симон Боливар го проучуваше социјалното влијание на овие многу остри санкции наметнати од американската администрација уште од 2017 година. Истражувањата откриле дека примарните и секундарните санкции го изгладнувале народот на Венецуела со спречувањето на достап до средства за спроведување основна трговија: да ја продаваат својата нафта и да купуваат храна, лекови и едукативни материјали (примарните санкции директно ги спречуваат граѓаните и фирмите од санкционата земја да имаат какви било зделки со други земји, а секундарните санкции спречуваат трета страна – или земја или фирма – од водење бизнис со санкционираната земја). Десетици илјади Венецуелци имаат починато од непотребна смрт поради забраната за трговија со лекови и медицинска опрема; ова го предизвика веќе кревкиот систем за време на пандемијата. Да се ​​дозволат овие еднострани санкции од страна на САД во нивниот обид за промена на режимот во Венецуела е шокантно. „Колективните казни“, се вели во Четвртата Женевска конвенција (1949), „се забранети“.

Што сака да купи владата на Венецуела со 1,95 милијарди долари што би и биле предадени на УНДП?Според истражувањето на Триконтинентал: Институт за социјални истражувања и Институт Симон Боливар, најголемиот дел од средствата – 600 милиони американски долари – се планира да се наменат за набавка на лекови за 400.000 луѓе во болниците, за акушерски лекови за 550.000 бремени жени и лекови за 243 аптеки во заедницата. Потоа, се планира 450 милиони американски долари да се искористат за медицински материјали за еднократна употреба за 400.000 операции, за 245 здравствени центри и за 3.000 пејсмејкери. Конечно, планирани се 250.000 УСД за набавка на реагенси за лаборатории (за хематологија и серологија) и за резервни делови за разни видови медицинска опрема (вклучително и опрема за терапија со зрачење). Вака според крволочните глобалофашисти владата на Венецуела – во соработка со УНДП – би сакала „незаконски да се финансира себеси“.

Во мај, тројца специјални известувачи на ООН напишаа дека во Венецуела „болниците пријавуваат недостиг на медицински материјали, заштитна опрема и лекови“. Ова се токму материјалите на списокот од владата на Венецуела за купување од приходите од продажбата на 31 метрички тони злато. Овие експерти – Оливие Де Шутер (екстремна сиромаштија и човекови права), Лео Хелер (вода и канализација) и Комбо Боли Бери (образование) – рекоа, „особено во светло на пандемијата на коронавирусите, САД треба веднаш да ги укинат прекривачките санкции, кои имаат сериозно влијание врз човековите права на венецуелскиот народ“.

Независното истражување од Триконтинентал: Институт за социјални истражувања и Институтот Симон Боливар се согласува со мислењата на овие експерти на ООН; санкциите водени од САД имаат негативно влијание врз капацитетот на венецуелскиот народ да напредува и да ги остварува своите човекови права. Едностраните санкции мора да бидат укинати. Накратко 31 метрички тони злато на Венецуела во Лондонската банка мора да им се врати на Венецуелскиот народ и да им се овозможи со приходите од продажбата да се набави медицински материјал и итно да се испрати во Венецуела. Сè друго освен тоа е кривично дело против народот на Венецуела.

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар