Модерна “скаска” од иднината за тоа како малку по малку и незабележливо се губи нацијата и државата под жестокиот удар на глобалофашистичката елита и пропагандата за “отворени општества”, сакање на неближниот свој и мразење себе си, дека војната е мир и дека ропството е слобода! Авторот Игор Цветковски ја опишува можната иднина на Шведска ако продолжи со сегашнава динамика на механички прилив на културолошки-неапсорблива миграција. Секоја сличност со обидот на зомбирање на Македонците во одрекување од себе си и своите интереси за сметка на туѓи, е, хм, хм, намерна.
Си беа едни Мигранти, кои зборуваа најчесто на арапско наречје, и почнаа да го населуваат и напаѓаат Скандинавското полуострово. Си направија криминална база во Малме, го тероризираа населението, а некои Швеѓани од посиромашните слоеви, некои локални криминалци и некои пробисвети, им се придружија и така Мигрантите сакале нејќеле почнаа да го учат шведскиот јазик за полесно да се разбираат како банда и да роварат полесно меѓу Швеѓаните.
Не беа многу, но беа брутални, па за да ги подсмират, европските ама и шведските власти, им дозволија автономија-владеење во нивното Малме и околината. Другите Швеѓани, таа област ја нарекуваа мигрантска и покрај тоа што таму сепак живееја мнозинство Швеѓани. Со тек на време мигрантиве (во значително мноизнство сепак Швеѓани) увидоа дека може да си ја зголемат територијата на која роварат по истите методи, па за кусо ја зазедоа речиси цела Шведска. Имаше и обиди од локални Швеѓани да ги обезвластат и во тоа успеаја, но тие за европјаните станаа владетели на мигрантите кои веќе целосно се швеѓанизираа освен неколку ески Мигранти кои сеуште зборуваа арапско наречје.
Но беа завладеани набрзо од Русите и се бореа против нив, заедно со Норвежани, Швеѓани, Данци и по 5 века сите околни со помош на европските држави успеаја да се стекнат со државност и секоја да бара дел од скандинавското богатство кое беше во најголема мера шведско, па дури и измислија нова Мигрантска држава, со мигрантски народ, зошто ете така навремeто се нарекувала државата во срцето на скандинавскиот полуостров владеена од криминални Мигранти.
Иако Швеѓаните веќе ја беа презеле повторно под свое територијата каде мигрантите хараа, а мигрантите го забораваа своето минато, сепак од европјаните, ради завист ли кон напредните Швеѓани кои не воведоа ковид мерки, ради желба да направат раздор, ради не знаење ли, ради потреба за нивниот челик кој не можеше да биде ефтин ако беше од швеѓани домаќини набаваен ама ако беше од мигранти поткупливи кои сепак беа швеѓани, да, името на таа земја иако шведска, ја нарекоа Мигрантска.
Па така беше поттикнувана мигрантската култура како основна во голем дел од Шведска, која веќе беше поделена, а шведскиот јазик наречен мигрантски, норвешки итн. И што се не правеа Швеѓаните во околните држави, па и во Мигрантија. Се тепаа, земаа власт, мислеа ако бидат лојални норвежани, мигранти или данци ќе си ја повратат своја шведска држава, но ништо. Имаше уште една војна и швеѓаните застанаа на вистинската страна, победничката која им овозможи да си створат држава како свои на своето, Шведска држава, пак, но со тек на време токму нејзиното име стана рак рана на сите околни па и на оние Швеѓани кои владеа со Мигрантија.
Им ги матеше сметките на европјаните оти сеуште имаше останато од најквалитетниот челик, но знаеа европјаните и дека имотно правните наследни права не застаруваат, а Швеѓаните се немаа откажано од имотот на своите предци низ цела Скандинавија, сеедно што им беше украден од други Швеѓани кои се нарекуваа мигранти или норвежани, данци, финци, па така се смисли план да се откажат од името, тоа е ко да се откажуваш дека си внук на својот дедо од кого твојот татко го добил имотот што ти треба да го наследиш.
Некои поткупливи швеѓани кои знаеја дека ќе бидат на маргините и со имот и со дух во таа идна обединета шведска држава во која сите швеѓани ќе си бидат свои на своето, ги измамија своите гласачи и наместо да го сочуваат, тие го предадоа името, и покрај тоа што народот таквиот чин јасно на референдум го отфрли, како и влегувањето во воени или било какви сојузи со некое ново име. Мигрантите пак кои плашејќи се дека ќе се открие вистината за нив–дека биле најдолниот шведски слој, дека нема да можат ни со куќен совет да владеат кога би имало право и правда, се повеќе се откажуваа од своето шведско наследство и се клонеа кон мигрантизмот мислејќи дека така ќе им се додворат на европјаните кои сеуште даваа по некој златник за шведскиот челик, дека токму тие ќе им го дадат по поволна цена само ако оди продажбата преку нив.
На крајот не остана ниту еден мигрант да продава челик, оти ќе се изедеа меѓу себе кој пониско да ја спушти цената, поисплатливи им станаа метлите во европските клозети, додека шведската територијата што ја нарекуваа Мигрантија стануваше испустена, таман за населување на некои нови мигранти, слично како и сите шведски земји запустени при обидот на одродите да го приграбат и продадат шведското наследство кое не можеше да има права вредност ако не беше продавано од асли Швеѓани. А останаа Швеѓани кои не се откажаа од шведското, духовно и материјално,макар и сеуште не го побарале само за себе, додека Европа крцкаше од се посилни мигрантски болести со предвидлив крај виден преку примерот на Шведска.
п.с. Шведска=Македонија
Мигранти=Бугари
Арапско наречје=Туркиско наречје
Русија=Турција
Европа=Европа
за другите ви е јасно
Игор Цветковски
Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!