Министерот за имиграција на Данска призна дека политиката за интеграција на мигрантите во неговата земја е „фијаско“, истакнувајќи дека само 17 проценти од сириските жени-мигрантки имаат работа, 5 години откако се доселиле во земјата, пренесува Пол Џозеф Вотсон преку Самит Њуз.
Матијас Тесфаје, и самиот син на татко мигрант од Етиопија, привлече внимание на статистиката што е прикажана во новиот извештај за интеграција на мигрантите во Данска, според кој помалку од половина од сириските мажи нашле вработување по истиот временски период од 5 години откако дошле во Данска.
„За жал, не можеме да си дозволиме да се правдаме дека сме изненадени. Кога спроведуваме иста политика за интеграција, секогаш ќе ги добиваме истите резултати“, рече Тесфаје, истакнувајќи дека имигрантите од земји како Тајланд, Филипини и Кина се далеку подобро интегрирани од мигрантите од Блискиот исток.
„Повеќе не станува збор за зголемување на бројката на мигранти нагоре и надолу. Или измена на некои точки во имиграционата политика. Станува збор за промена на барањата за новодојденците кои ќе го започнат својот живот во Данска за да се види дали тие воопшто можат да се прилагодат на животот тука“, рече Тесфаје.
Да се справи со ова прашање, данската влада повеќе нема да нуди бенефиции за социјално осигурување на ново пристигнатите „бегалци“. Наместо тоа, тие веднаш ќе мора да најдат работа или да бидат запишани во програма за интеграција од 37 часа неделно.
Забележувајќи дека политиката мора да се заснова на фактот дека некои имигранти се интегрираат подобро од другите, Тесфаје вети дека ќе ги испрати мигрантите назад штом нивната матична земја се смета за безбедна.
„Новата политика сега е дека ќе бараме и повратно патување. Бегалците мора да се вратат дома кога во нивната матична земја има мир. Се надевам дека Сиријците ќе бидат првата група каде што привремен престој навистина ќе значи привремен престој“.
Години пред приливот на „бегалци“ од Средниот исток во 2015 година, и германската канцеларка Ангела Меркел призна дека обидите на земјата да создаде мултикултурно општество „монументално пропаднале“. Потоа, истата таа Мама Меркел, ги отвори портите на Германија за околу 2 милиони мигранти кои се упатија кон Европа, на огхромно незадоволство на своите Германци за чие мнение не и е гајле.
Некои од тие мигранти придонесоа за зголемено насилства, грабежи, убиства и сексуални напади, додека терористичките напади како што беше масакрот во Париз, исто така беа директно поврзани со политиката на отворени граници.
Народите а веќе и дел од политичарите насетуваат дека завлегле длабоко во катастрофална грешка со имиграционите политики на земјите во ЕУ, но се чини дека е доцна нешто суштински да се промени и после неколку-децениското неконтролирано доселување само вистински нови и некорумпирани суверенистички сили ќе можат да го сторат тоа.
Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!