На 11-ти Октомври во Прилеп се одржа првата седница на Централниот Одбор на Родина-Македонија, највисок политички и раководен орган помеѓу две собранија. На истата беше разгледана досегашната работа на партијата воопшто и посебно на претседателството како извршен орган.
По предлог на Советот на Иницијатори, доставен до членовите на ЦO, Централниот Одбор ги разреши досегашните Претседателство и Генерален секретар и избра нов состав на извршниот орган. Седницата беше свикана со вонреден статутарен механизам, односно по барање на една третина од членовите на ЦО, бидејќи досегашното Претседателство, избегнувајќи тоа да го стори, го прекрши Статутот според кој беше должно во првите 6 месеци најмалку еднаш да свика седница на ЦО и да се отчита за работата.
Со убедливо мнозинство беше избрано новото раководство на Родина-Македонија со следниот состав:
1 Гоце Дојчиноски
2 Игор Силјаноски
3 Климе Новески
4 Александар Костовски
5 Боби Ѓорѓиевски
6 Науме Кајмакоски
7 Емилија Гелева
8 Милан Јовчески
9 Благој Шаклевски
10 Стефчо Донев
11 Филип Наумов-Радомиров
12 Тања Миланова
13 Давор Ристески
За Генерален Секретар беше избран Науме Кајмакоски
По завршетокот на седницата на ЦО, беше одржана и првата конститутивна седница на новото Претседателство, со единствена точка на дневниот ред, избор на Претседавач на Претседателството на Родина-Македонија, при што беше избрана Емилија Гелева.
Текот на седницата помина во конструктивна дебата и атмосфера, освен изборот на новиот раководен состав кој беше избран со убедливо мнозинство, сите други одлуки беа усвоени едногласно. На седницата беше корегирана грешката на записничарот од основачкото собрание, со која не биле запишани сите изгласани членови. Корекцијата е направена врз основа на писмени барања од незапишаните членови, а истите беа потврдени со сведоци, фотографии од присутните на основачкото собрание и видео материјал, од кои јасно и недвосмислено се утврдува фактичката состојба.
Според Статутот, односно членот 30, составот на ЦО беше проширен со претставници на Општинските и Задграничните одбори формирани во претходниот период, и чии представници според статутот по функција стануваат членови на Централниот Одбор. На седницата со свои делегати учествуваа сите Општински и Задгранични одбори, поголемиот дел со физичко присуство, а останатите преку целовремена аудио/видео врска, проследена на видео бим и озвучување во салата на одржување на седницата. Седницата е уредно документирана со писмени и аудио/видео записи, кои после техничката обработка, ќе бидат објавени на нашите официјални гласила.
Претходниот состав на Претседателството, поради брзање за регистрација, беше избран со одредени отстапки од статутарната процедура, односно не беше испочитуван член 34 од Статутот, а поради општиот партиски интерес за неопходноста за брза регистрација, статутарната недоследност беше прифатена од основачкото Собрание и Централниот одбор, но со инструкција во најбрз можен рок да се свика седница на ЦО или Собрание, на кои ќе се исправи оваа статутарна недоследност. Несвикувањето на една од овие седници, беше првиот од седумте недостатоци наведени во препораката на Советот на иницијатори.
Освен претходната точка, како неопходност за промена на соствот на Претседателството, од страна на Советот на иницијатори, беа посочени и следните причини:
2. Претседателството во изминатиот шестмесечен период, и покрај отежнатата општествена ситуација, не превзема доволно активности за исполнување на статутарните обврски наведени во членот 35, а посебно што воопшто не е формиран ниту еден општински одбор во Скопје.
3. Го прекрши членот 31 од Статутот и со тоа се наметна над највисокиот партиски орган помеѓу две собранија, Централниот одбор и со оглед на претходната точка, предизвика опасност за напредокот и опстанкот на партијата
4. Одредени членови на претседателството присуствуваа на настани организирани од лица со сомнителни политички агенди и во партиски соопштенија ги фаворизираа неосновано и категоризираа несоодветно а на штета на угледот на Родина Македонија
5. Оставката на претседавачот поради неусогласеност на активностите во претседателството, односно пасивизацијата на претседателството доведе до сериозни конфротации и деморализација на членството.
6. Носеше одлуки и формираше нестатутарни комисии кои со своето работење направија атмосфера на недоверба и внатрепартиски конфликти.
7. Неосновано и без правна процедура исклучува од партијата членови на претседателство и ЦО, во време кога е закажана седница на ЦО, со што го нарушува демократскиот карактер на партијата.
Свикувањето на првата седница на ЦО, беше пропратено со закани за физичка пресметка од страна на тројца членови од претходниот состав на Претседателството, упатени кон повеќе членови на ЦО, нестатутарни и надвор од секаква правна процедура исклучувања на членови на претседателство и ЦО, фалсификување на печати и неовластено потпишување на документи а сето ова со цел нестатутарно узурпирање на челните позиции во партијата.
Тројца од членовите на претходниот состав на Претседателството покажаа доблест и учествуваа во свикувањето и одржувањето на седницата, на која дадоа свој отчет за седумесечната работа во партиските органи.
Централниот одбор ги повика останатите 10 членови на претходното Претседателство, доброволно и мирно, да ги предадат партиските ресурси со кои, после одлуките на седницата на ЦО, неовластено располагаат.
Членовите на досегашното Претседателство кои немаа сторено никаков прекршок се повикуваат да продолжат во работата во партијата, за останатите ќе следат дисциплински мерки, односно можна правна разврска пред надлежните органи.
Бидете член на Родина Македонија
https://rodina-makedonija.org/pristapnica/
Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!