Олигархијата, Приватизацијата, Партискиот Клиентелизам, го Испразнија Охрид од Народ – Слободан Докузовски!
Сподели на социјалните платформи:

Како Охрид за три децении од град со 63.000 жители падна на само 28.000 постојани жители. Уништувањето на економијата од олигарсите, исцицувањето пари со пирамидалните шеми на политичката елита, загубените работни места и единствената шанса за работа во државна администрација со партиска книшка, го избркаа народот од Охрид, пишува Слободан Докузовски.

Корените на партиските вработувања: Многу пати до сега имам забележано како луѓево со згрозување и негативност зборуваат за т.н. партиски вработувања или партиските клиенти. Во раните ’90 години во екот на приватизацијата огромен број на индустриски работни места беа трајно загубени.

На пример Охрид со 63000 жители трајно загуби 28 000 работни места. Тоа значи дека 45 000 луѓе немаа извор на егзистенција во првите месеци на 1996. Останаа на плата само државните и општинските работни места. Приватната иницијатива во услови на целосно осиромашени граѓани не функционира. Во исто време девизите им беа земени па се отвори црн пазар кој го одредуваше курсот.

Се случија пирамидални измами со штедилниците Лафци и Тат кој го зафатија регионот. Многу фирми но и државата каснеа со плати меѓу 12 и 36 месеци. Пензиите беа со закаснување. Во годините што изминуваа не проработија затворените капацитети. Во такви услови изборот е да се најде државна работа што е еден вид на стабилност и добра пензија. Некои се оддадоа на купи продај од девизи или од земјоделски производи. Со пропаѓањето на трговската мрежа се отвараа многу продавничиња за производи на мало кој работеа како еден вид на кредитори со запишување на вересија.

Потрошувачките услуги беа на ниво но немаше изворни производства. Решението беше да се бега од Охрид за голем дел од популацијата. Многу заминаа странство, некој Скопје. Државната работа и пензиите како единствен стабилен извор на примања беа користени за купување на социјален мир.

Партиите преку исплати на пензии и државни и општински вработувања ги добиваа гласовите и симпатиите.Тоа резултираше и со енормно општинско задолжување од 50 мил. Евра од кое сите бегаа. Во тие години кога олигархијата беснееше и крадеше се јавија гласноговорниците на “либертаријанизмот” од правниот факултет, Марјанович, Тортевски и др. На народот сосем ограбен му се нудеа тези “снајди се”.

Така да ова мое објаснување е за тоа кој е крив и каде треба да се гледа причината и лекот за појавата на партискиот клиентелизам и партиските вработувања.

Епилог: Охрид денес има околу 28000 жители кои таму живеат во текот на цела година.

Веројатно и тие се вишок.

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар