Кој е Егор Классен? Откривачот на Тајната Историја за Древните Македонци и Руската Нација и Државност!
Сподели на социјалните платформи:

Кој е Егор Классен? “Да го положиме и својот камен на заедничката основа на историјата на Словените-Руси”, така пишува Егор Иванович Классен пред повеќе од век и половина во своите уникатни, историски усовршени, научно проверени и возбудливи книги. И вистинската и досега скриена Македонска историја на која се осврнува и Классен потврдувајќи го учеството на потомците на древните Македонци на Александар Македонски во градењето на современата Руска држава. “Историските материјали ни даваат не само сигурен темел, туку и јасна слика за вистинските фази на античка словенска Русија, кои можат да послужат како подлога за развој на нишката на античката Руска историја и за целосен пораз на лажните учења на скандинавската школа!” – пишува Классен во 1854.

Да го сториме и ние тоа со откривањето и ширењето на вистинската Македонска и Европска историја наместо измислената политизирана анти-Македонска напишана од темните сили на западот во 19-тиот век. Тоа е и тука е и основата на Македонскиот Исконски Род, и тука се крши вештачки наметната дилема од западната измислена историја и нејзините политички пропоненти, Антички Македонец или Словенски Македонец. И ДВЕТЕ! Затоа што едноставно не постоела измислената Голема Преселба на Народите, факт што и западните историчари веќе го признаваат, туку изворот на Славјанската култура, и на сите денешни Словенски јазици бил од тука, од Античките Македонци кои од Македонија се движеле на север и исток! Време е СЕ да се врати на своето место.

Егор Иванович Классен (1795-1862), учител, автор на научни и едукативни книги и наставни средства. Руски благородник, за кого иако најчесто се наоѓаат податоци дека е Германец по потекло, тој според други извори никогаш не бил Германец, туку е Григоренко и неговите корени се во Мисаиловка, во регионот на Богуслав, сè од античко време, а како бил запишан Классен се опишува во книгата на А. Иванченко „Патиштата на Големиот Русин“.

Студирал во архитектонското училиште за Руските царски експедиции, и тоа во зградата на денешен Кремљ (од 1811 година), истовремено служејќи во него како под-службеник, а од 1816 година како службеник. Во 1825 година, со чин колегијален секретар, тој влегол во Практичната трговска академија во Москва како наставник по руско граѓанско право, каде наскоро бил одобрен за секретар на Советот на Академијата, а во 1831 година – и како повереник на Академијата.

Во 1826 година тој беше член на Комисијата за крунисување на Цар Николај I. Некаде во исто време, почнувајќи од 1830 година, Классен почна да посветува многу време и на пишувањето. Напишал голем број научни и едукативни дела поврзани со различни области на неговите професионални и наставни активности. Одговарајќи на тоашнот широк јавен интерес за спомениците на руската историја во средината на 19тиот век, Классен објави есеј-книга “Нови материјали за античката историја на Словените воопшто и на Словено-Русите пред времето на Рурик особено, со лесна скица за историјата на Русите пред Рождеството Христово“ (с. 1–3) , М., 1854-1861), придружувајќи го секое издание со „Опис на споменици што ја објаснуваат словенско-руската историја“, составен од Ф. Волански, но во сопствено тумачење на Классен и со свои сопствени белешки (забележето го Македонското сонце и коловртот на насловната страница на првото издание на книгата во 1845!)

Во историските тврдења (вклучително и постоењето на пишано писмо меѓу античките Словени пред усвојувањето на христијанството), Классен се потпирал на спомениците на материјалната и духовната култура на луѓето – надгробни камења и други натписи, имиња на племиња и народи, имиња на луѓе, легенди и народни песни. Повеќестраната и активна работа на Класен, особено во областа на образованието и добротворството, беше ценета од Руската јавност и од владата, која му додели голем број медали, ордени и други награди. (Руски писатели. 1800-1917. Биографски речник. – М., 1992. – Т. 2. – С. 548).

Највисокиот патриотизам, интелигенција, беспрекорна употреба на фактите, безграничната љубов кон Русија се провлекува во книгата „Нови материјали за античката историја на Словените воопшто и историјата на Словено-Русите” која во модерното издание (десно) го задржува целиот текст на оригиналот, со илустрации и декорација направена од уметникот Андреј Гуселников, кој со големо внимание и трепет работеше на нив.

Денес, повеќе од кога било, неопходна е свест за своите корени и судбина. Да го заклучиме краткото претставување на Егор Классен со зборовите на самиот автор од уникатната книга која е голем придонес во ризницата на историјата на Словените-Руси:

„Заклучоците извлечени од овие материјали ни даваат не само сигурен темел, туку и ни оцртуваат јасна слика за најстарата словенска руска историја. … се обврзуваме да им ги претставиме на просветлените читатели вистинските фази на античка словенска Русија, кои можат да послужат како подлога за развој на нишката на античката Руска историја и за целосен пораз на лажните учења на скандинавската школа!

Со понатамошна анализа на натписите на словенските споменици, кои, низ темнината се расфрлани над лицето на земјата, секако постои можност да се поврзе цела античка Русија со новата денешна Русија во нераскинлив ланец и во постојната гигантска големина. Се разбира, ваквите дела се одвиваат полека напред; нека одиме исто така, полека, па ненадејно, но со сигурна нога и чекор и посакуваме: нека бидат исполнети во чест и слава на Русија!

… Да го завршиме ова размислување со фактот дека славата на Славјаните нема да мине од зависта и клеветата на нивните неразбрани непријатели!“ – заклучува Егор Классен во својата книга. Ние како Македонци исто така ќе речеме дека нема да мине ни Македонската Слава и Име поради зависта и клеветата на нашите неразбрани непријатели!

Еве што пишува за Македонците овој извонреден истражувач на славjанската древност Егор Классен: “По паѓањето на Македонското царство, дел од Македонците, околу 320г. пред Р. Х. се преселиле кон Балтичкото Море и го основале новото живеалиште под името Бодричи, задржуваjќи ги се до своето паѓање, грбот на Александар Македонски портретираjќи ги Букефал и Грифон. После тоа, еден дел повторно се преселиле на Иљмен и Ловати” ( Е. Классен , стр.30-31 ). За пишувањата на Егор Классен за врските на древните Македонци со Русија, повеќе во написите на Зоран Курљан:

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар