Коловрт, Сончев Крст, Свасти, Јарило – Сонце, Наши Древни Македонски Симболи – Емилија Гелева!
Сподели на социјалните платформи:

 

Ова е симболот на искревањето на Сонцето, на вечната победа на Светлината над Темнината и на вечниот живот над смртта. Бојата на Коловртот исто така има посебно значење: црвена – повторно раѓање, небесно сина – обнова, црна – промена. Коловртот го отсликува Сонцето, Светлината, промената на сезоните и е огромна прочистувачка и заштитна сила. Овој симбол како буква се чита МАРА и значи: чистење, благосостојба, заштита, коловрат, премин од една состојба во друга. Руна (буквата) Мара – имала значење: ледениот Пламен кој го чува Мирот на создадениот Свет. Древните народи точно ја знаеле суштината на нештата, па не чуди од каде доаѓа името Дева Мариа.

Оттука, Коловрт го означува космичкото движење на Сонцето и претставува Тркало на светлината. Денот Коледе во православната религија, всушност, го означува почетокот на вечното кружење на Космосот, Сонцето, што започнува на 7-ми јануари секоја година, со раѓањето на младото сонце (Светлината), односно во христијанството го означува раѓањето на младенецот Исус Христос.

Зборот за “круг” во древно македонскиот јазик го означува и кругот на опашката на паунот што симболично се едначи со Космосот односно ги претставува ѕвездите, вселената, сонцето, месецот и небесниот свод. Паунот (Пеун, Пеон), исто така, е моќен соларен симбол, и симбол за светост. Оттука Симболот го има во континуитет од антиката до денес, тој е присутен на античките Македонски монети, на украсите од гробниците, на чашите, во црквите, на надгробните плочи и во народната носија (впрочем на носиите во Музеј на Македонија го има симболот) На оваа сегашна Македонска територија вклучитело некогаш и Пеонија се среќаваат симболи и елементи на Древните Родови и Ведските симболи, кај православните староверци во словенските и ариевските општини на Родовскиот Круг и секако Свастикaта е присутна и на Христијанските мотиви своевремно.
“Кремељ”, така наречената лева и десна Свастиката со кратко повиени краци сместени се право на градите на христијаснкиот Бог како симбол на почетокот и крајот на постоечкото.

Древните ведски извори ни говорот дека дури и нашата галаксија има облик на Коловрт пзонат во модерни врмиња како Свастика, а нашиот систем Јарило-Сонце се наоѓа на едниот од краците на таа небесна Свастика. Ние се наоѓаме на крајот на нашата галаксија, чие што древно име е Свасти, или на нашите предци позната како Пе(р)унов или Млечен Пат. Македонското Оро е отсликување на тој соларен танц и во суштина претставува Славење на Сонцето и движението на Космосот.

КОЛЕДНИК – Симбол на Богот Коледе – кој на земјата спровел обнова и подобра промена, овој симбол е победа на Светлината над темнината и Светлиот ден над ноќта. Покрај ова, Коледникот се користел како машки заштитник кој давал заштитна сила и создавателска способност и енергија во битките против непријателот. Осумте зраци на овој симбол ја претставува вечноста.
– Коледник

КРСТОТ НА ЛАДЕ-БОГОРОДИЦА – Симбол на Љубовта, Хармонијата и Среќата во семејството. Народот го нарекувал Ладинец. Воглавном го носеле девојките, како заштита од злобни очи. За силата и моќта на Ладица да биде постојана, го исцртувале во Големото Коло (Кругот).
– Крстот на Лада

За жал, овој прекрасен симбол како Свастика беше преземен и злоупотребен од страна на фашистите, и затоа многу луѓе во денешно време Свастиката ги асоцира на фашизам и Адолф Хитлер. Но, тоа е вообичаена пракса на Темните атлантисти да извртуваат и извитоперуваат се што е дел од Светлото наследство и знаење, со цел поробување на Светлите народи. Но, наше е да јa знаеме и чуваме меморијата за вистинското значење на Коловртот или Свасти.

 

Емилија Гелева

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар