Министерството за надворешни работи на Сирија во меѓувреме веќе го осуди фактот дека американска нафтена компанија потпишала договор со курдските бунтовници, кои ги контролираат северо-источните нафтени полиња во, како што го опиша, нелегален договор, чија цел е кражба на сировата Сириска нафта.
Така, околу 700 од последните американски трупи кои сè уште ја окупираат сириската територија во северо-истокот на земјата богат со нафта и гас, сега имаат само за цел да го надгледуваат и обезбедуваат договорот за една приватна американска компанија да влезе и да ја “земе” нафтата од Сирискиот народ.
Трамп во поголемиот дел од изминатата година изјавуваше дека ги задржува американските сили таму за да ја „обезбедат нафтата“ или како што милува да каже, “да им ја земеме нафатата” – иако одамна е оставено отворено дали нивното присуство значи „обезбедување“ од ИСИС. Сега, во пракса, гледаме дека се работи на незаконско одземање на овие витални ресурси од Сириската влада и од веќе осиромашениот Сириски народ.
Министерството за надворешни работи во Сирија, како и државните медиуми и агенцијата САНА соопштија дека „најостро го осудуваат договорот потпишан меѓу милицијата Ал-Касд (СДФ) и американската нафтена компанија за кражба на нафтата во Сирија под спонзорство и со поддршка на американската администрација“.
Дамаск исто така нагласи: „Овој договор е ништовен и нема правна основа“ и веројатно ќе поднесе официјална жалба до ООН. Сè уште не е познато кои точно се американските компании вклучени во кражбата.
И американскиот државен секретар Мајк Помпео го потврди ова, според Ројтерс :
Американски државен секретар Мајк Помпео се осврна на договорот за нафтени полиња меѓу СДФ и американска фирма за време на сослушувањето на Комитетот за надворешни работи во Сенатот во четвртокот.
Републиканскиот сенатор Линдзи Грахам рече за време на сослушувањето на комитетот дека генералниот командант на СДФ, Мазлум Абди, го информирал дека е склучен договор со американска компанија за „модернизација на нафтените полиња во североисточна Сирија“, и го праша Помпео дали администрацијата го поддржува тоа.
„Ние сме за“, одговори Помпео. „Договорот траеше малку подолго… отколку што се надевавме, но сега сме веќе во фаза на имплементација“.
Secretary of State Mike Pompeo described the deal between a US firm and the Syrian Democratic Forces (SDF) as "very powerful"https://t.co/kXB879Dk3g
— Middle East Eye (@MiddleEastEye) August 2, 2020
Предвоената Сирија произведуваше 380.000 барели нафта дневно, што беше доволно за гориво локалните индустрии и за потребите на населението.
Но сега, не само што Сиријците ќе ја видат својата нафта исцицувана од американска компанија преку „бунтовници“ и американски прокси терористи, туку населението се дави и под длабоките санкции што ги наметна Вашингтон.
Во меѓувреме, како и во соседен Ирак, масовниот грабеж на националните ресурси е предвидено да го уништи локалното население со генерации. Како што пишива National Interest : “Недостатокот на модерната нафтената инфраструктура ги принуди жителите на регионот да се потпрат на опасни, примитивни дворни рафинерии и високо-ризични шверц операции за да ja извезуваат својата нафта. Локалните лекари пријавиле масовно зголемување на вродени дефекти и други болести како последица од излевања на нафта и чад од лошо одржуваните објекти кои ја загадуваат водата и воздухот“.
Толку за „хуманитарната војна“ на Америка … маската на крајот падна и во Сирија за и слепите да видат, а таа беше одамна падната за сите оние што беа внимателни и што не се правеа ќори при очи. А требаат ли длабоки анализи кога самиот Помпео ви вели в очи, нашето мото е Крадеме, Измамуваме, Лажеме!
Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!