Сценарио Кенеди? Трамп до Американците: “Ова Може да Биде Последен Пат што ме Гледате за Некое Време”
Сподели на социјалните платформи:

 

Злокобната најава на Трамп дека „Ова може да биде последен пат што ме гледате за некое време“ ги растревожи и шокира патриотите низ САД. Трамп за време на говорот во Охајо рече, “знаете дека имам многу непријатели, богати и лути на мене, од фармацевтската индустрија па натаму”.  Аналитичарите шпекулираат за можна и итна опасност за животот на Трамп и ја споредуваат ситуацијата со онаа кога во 1963та беше убиен Претседателот Џон Кенеди, и, дека Претседателот Трамп веројатно ќе мора да ги почне долго-очекуваните апсења на клучните фигури на Дип Стејт од криминалниот и анти-уставен обид за пуч врз него уште од самиот негов избор во ноември 2016та година. Патриотите се молат за здравјето на Трамп и се надеваат дека се работи за втората варијанта.

Авторот Пол Џозеф Вотсон преку Самит Њуз, пишува дека забелешките дадени од претседателот Трамп за време на говорот предизвикаа шпекулации откако тој се осврна на тоа дека има многу богати непријатели и им рече на публиката: „Ова може да биде последен пат кога ќе ме видите некое време“.

Коментарите беа дадени за време на обраќањето што Трамп во фабриката за производство на корпорациите „Вирпул“ во Клајд, Охајо.

Контекстот на забелешките беше извршната наредба со која ќе се овластат американските владини агенции да ги купат сите основни лекови од американски извори и по многу помала цена од онаа анстрономската што сега ја ќарат фармацевтските компании во САД.

Трамп ја обвини американската политичка класа за фактот дека истите лекови се поевтина за купување во други земји како на пример Канада, дури и ако нив ги произведува истата компанија и во иста фабрика.

Значи, јас имам многу и богати непријатели таму. Ова можеби е последен пат кога ќе ме видите некое време. Многу многу, многу богати непријатели, и тие воопшто не се задоволни од она што го правам “, рече Трамп.

„Но, јас сфаќам дека имаме една шанса да го сториме тоа, и ниеден друг претседател не го прави тоа што го правам. Ниту еден друг претседател не би направил попуст за лекови, или купување лекови од други нации со многу помалку трошоци. Никој. И има многу налутени луѓе и тие се многу богати луѓе и тие се многу несреќни поради ова“, додаде тој.

„Тие се толку богати. Тие се толку богати“, рече Трамп. „Никој нема идеја кој ѓавол се тие или што воопшто работат. Тие посредниците заработуваат повеќе пари отколку самите фармацевтски компании. Знаете, според сета праведност, барем фармаколошката индустрија треба да произведуваат производ и тој мора да биде добар производ“.

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар