Во реакцијата РОДИНА МАКЕДОНИЈА УПАТУВА ЈАВНА ПОДДРШКА НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД БЛАГОЕВГРАД И ЦЕЛ ПИРИН ВО БОРБАТА ЗА СВОИТЕ НАЦИОНАЛНИ ПРАВА, ЗАГАРАНТИРАНИ СО МЕЃУНАРОДНИТЕ ЗАКОНИ И ЕВРОПСКАТА КОНВЕНЦИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА.
Продолжува негаторскиот однос и кршењето на основните човекови права на Македонците во Бугарија од страна на бугарската влада, со бришењето од регистарот на „Граѓанското здружение за заштита на основните индивидуални човекови права“ од Благоевград поради Статут што сугерира постоење етнички групи.
Срамно е, нецивилизациски, земја членка на ЕУ, членка на НАТО, во 21 век да не признава постоење на македонски и други етнички групи во својата земја.
Македонскиот и бугарскиот народ треба да изградат мостови на соработка, како блиски и соседни народи, почитувајќи се еден со друг, а не играјќи туѓи игри на ширење на омраза и непријателство, кои се спротивни на нашите заеднички интереси за мир на Балканот.
Родина Македонија во своите програмски цели јасно има поставено цел да се залага за Балкан како регион на мирот, со слободен проток на луѓе, добра, идеи. Регион со подеднакви права на сите народи.
Родина Македонија ќе изгради посебни односи со сите свои браќа и сестри Македонци од соседството, во интерес на мирот и стабилноста на регионот.
Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“