Криминалните Избори Нема да ги Плаќаме и со Струјата! РОДИНА ќе го Национализира ЕВН и Другите “Бонбона” Бизниси!
Сподели на социјалните платформи:
Криминалните избори платени со наши пари народот сега и во иднина треба да ги доплаќа преку прво покачување на цената на струјата, а потоа и на сите други услуги вклучително и даноци! РОДИНА ќе го Национализира ЕВН и Сите Други “Бонбона” Бизниси за Раздавање на Македонски Заеднички Добра под Маса и за Лична Корист од Страна на Корумпираните “Елити”! Во реакцијата насловена ПОСЛЕ КРИМИНАЛНИТЕ ИЗБОРИ КУПЕНИ СО НАШИ ПАРИ, ПРИСТИГНУВА НАПЛАТАТА, ПОКАЧУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА! Родина Македонија вели дека преку НАЦИОНАЛИЗАЦИЈА, точка 11 од програмските цели, ќе го врати комплетниот енергетски систем во служба на народот на Македонија, намалувајќи ги трошоците и загубите, како и подигајќи го квалитетот на раководење и менаџирање, по нови современи вредносни системи, што ќе доведе до НАМАЛУВАЊЕ на сметките за електрична енергија.
 
Одма после изборите, каде Зоран Заев и СДС Северна ветуваа отпишување на долговите за струја од 110 милиони евра, пристигнува најавата за најголемото покачување на цената на струјата.
 
Криминалната матрица на СДС Северна во распад, го копа дното на измами, рекетирање и енормно осиромашување на македонскиот народ.
 
Цената на струјата во Македонија е една од највисоките во Европа, вклучително и процентот на загуби во системот!
 
ЕВН, МЕПСО И ЕЛЕМ, најдобро ја даваат сликата на странските и домашни компании, кои како монополи во континуитет исцицуваат огромни суми на пари од народот на Македонија, задоволувајќи ги АЛЧНИТЕ АПЕТИТИ на странските инвеститори и партиските структури.
 
Родина Македонија во континуитет укажува на огромните суми на пари кои се изнесуваат од пребогатата Македонија, 750 милиони евра домашен рекет и 750 милиони евра рекет на странските компании на годишно ниво!
 
Таа симбиоза во рекетирање на нашиот народ, исто ја гледаме и во признавање на резултатите од криминалните избори од таканаречената западна меѓународна заедница.
 
Електро-енергетскиот систем на Република Македонија е изграден со НАРОДНИ ПАРИ и тој никако не може да генерира загуба сам по себе, туку таа загуба се генерира од погрешното менаџирање, партиско раководење и вработувања, како и распродавање на природните ресурси кои му припаѓаат на народот на Македонија, профити кои заминуваат надвор од Македонија.
 
Родина Македонија е свесна и за рекетарскиот однос на австриската компанија ЕВН кон народот на Македонија со заостанатите долгови, некои и од пред 15 години, нелогичните превисоки сметки за струја, криминалната приватизација со провизии кон челници на СДС на Северна со бонбона бизнисот, како и восоките одливи на средства од Македонија кон Австрија.
 
Родина Македонија преку НАЦИОНАЛИЗАЦИЈА, точка 11 од програмските цели, ќе го врати комплетниот енергетски систем во служба на народот на Македонија, намалувајќи ги трошоците и загубите, како и подигајќи го квалитетот на раководење и менаџирање, по нови современи вредносни системи, што ќе доведе до НАМАЛУВАЊЕ на сметките за електрична енергија.
 
Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“
 
https://www.rodina.org.mk/pristapnica/

Остави коментар