“Индивидуа со Матка” – Милитантниот Трансгендеризам и ЛГБТ во САД ја Редуцира Жената на Дел од Телото!
Сподели на социјалните платформи:

 

По обезличувањето со воведување Родител 1 и Родител 2, што нашите продадени квислиншки мустри се потепаа први да го промовираат овде во Македонија, тоталитарниот напад врз традиционалното и биолошкио-основаното продолжува, и по САД исто ќе дојде и тука. Жената во САД ќе биде таканаречена Индивидуа со Матка, како дел од каросерија, не како човечко суштество со ДНК со XY хромозоми, душа и срце. Не е се уште извесно дали и конскевентно мажот ќе стане Индивидуа со Јајца? Со што секако нашиве продадени политички евнуси со радост би се согласиле во пуста желба барем еднаш да се пофалат, иако им се скопени.

Авторот Моника Шоволтер преку AmericanThinker.com, пишува дека милитантниот трансгерандизам има начин да ги казни жените и не е само со внесување на биолошки мажи во областа на женските спортови на пример.

Одеднаш, жените почнаа да ги редуцираат на делови од телото. Ги коодифицираат, засновано на чудните критериуми за препознавање на мажите со телесна дисморфија како вистински жени и обратно. За да се удоволи на оваа мала група на луѓе, жените се сведуваат на резервни делови.

Американското здружение за рак ACS е критикувано за употребата на фразата „лица со грло на матка” во својот последен совет за скрининг, наместо досега користеното, жени.

Скринингот за карцином на грлото на матката сега се препорачува да започне на 25, наместо на 21, а ХПВ тестирањето треба да започне на 25, а не на 30.

Но, во ажурирањето на неговите совети, ACS веќе користи „лица со (грло на) матка“ наместо „жени“ во нивните препораки, затоа што трансродовите, небинарните и половите кои не се во согласност со биолошките, можат да имаат и грло на матката .

Еj, Американско здружение за рак? Да се ​​редуцираат жените на делови од телото е апсолутно дехуманизирачки – тоа е она што го прави порно-индустријата, тоа е она што го прават месарниците (кои служат легитимни човечки потреби). Но, сега медицинската индустрија ја прави истата работа, редуцирајќи ги жените на делови од телото како жените да ги носеа овие делови наоколу со нив по избор и во куфер.

Самиот збор „жена“ сега треба да се раздели од функции на деловите од телото, кога, всушност, сите карактеристики што се однесуваат на тоа да се биде жена или маж се целосно интегрални и подлабоко-основани. Се работи за ДНК и хромозомите, XX за жени, XY за мажи. Ниту една трансродова операција не може да го промени тоа.

Што објаснува зошто дури и медицинското поле сега мора да се балансира поклонувајќи се на политичката коректност кон ЛГБТ и Трансгендерните со вистинскиот медицински третман за одредени состојби што можат да влијаат само врз здравјето на жените.

Овој вид на работа започна со „хормони“, како тоа да е единствената работа што ги прави жените жени, а мажите мажи. Хормоналниот третман беше единственото нешто што е потребно за спортист(к)ите родени како мажи, да се натпреваруваат во женски спортови сè додека тврдат дека се чувствуваат како „жена“

Сега жените се сведуваат на „лица со грло на матката“, наместо да се признаваат за целиот свој дизајн. 

Она што е лошо тука е дека ова нема да биде крај на тоа. Ако жените можат да се редуцираат на делови од телото, прашање е само на време пред да се случи нешто пострашно. Деловите од телото на крајот ќе станат како имот, а можеби и ќе се купат и продаваат.

И ако купувањето и продавањето стане норма, тогаш се рангираат и по квалитет –  како стока. После тоа, тие исто така би можеле да бидат украдени или експроприрани. Исто толку одвратно, жената што има двојна масектомија сега лесно може да се класифицира како „не-жена“, бидејќи жените сега се дефинираат по деловитд на нејзината каросерија.

Раното феминистичко движење крена многу врева барајќи жените да не се стопат и да се третираат посебно, но да се сведат на делови од телото – значи дека сите тие заложби сега отидоа во ветер. Ова станува толку гротескно, премногу Орвелијанско, небото нека ни помогне, заклучува Моника Шоволтер.

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар