Леонид Савин, познатиот Руски политиколог, во ексклузивно интервју (целиот текст и видео во написов) за Македонската публика преку Коложег.Инфо вели, (кратки извадоци)… изборот на аутсајдерот Трамп е причина за сегашните немири во САД организирани од истите центри како и оние во Македонија, Сорос и други глобалистички групации… синот на Сорос често патува на Балканот и во Македонија за исполнување и ресетирање на нивните глобалистички агенди… се работи за транс-национални мрежи на луѓе, институции, медиуми кои промовираат транс-хуманизам како што ја нарекуваат нивната анти-народна агенда … наспроти нив се наоѓаат силите кои им се спротивставуваат на глобалистите и ги бранат националните интереси, и суверенистите не се ограничени во своето делување со границите, тие соработуваат меѓународно и формираат фронт против глобализмот… Трамп ќе победи на изборите, но има можност да дојде и до граѓанска војна за време и по изборите… не е убаво да се коби, но секои немири во САД се момент на здивнување на нациите по светот и посветување на своите национални интереси… се повеќе земји го напуштаат униполарниот поредок, Германија, земјите на Персискиот Залив, и се обидуваат да водат независни политики…. нужна е меѓусебна подршка на соборците од разни држави и многу е важно распространувањето на кредибилни информации кои ќе го забрзаат вклучувањето на народите во геополитичките процеси кои се случуваат денес во светот.
Во продолжение целото интервју.
Коложег.Инфо: Леонид Савин, вие сте врвен познавач на светските геополитички случувања и познавач на случувањата во светот на кои денес сме сведоци. Како и на случувањата во Русија, другите делови на светот, Балканот како и Македонија каде што пред неколку години бевте и гостин. Да дадеме за нашите гледачи во Македонија и на Балканот видување на битката која ни се случува пред очи, меѓу суверенистите и глобалистите. Какво е вашето мнение, што сега се случува во САД? И, според вас, кој ја добива сегашната битка таму?
Леонид Савин: Се почна со победата на Доналд Трамп, аутсајдер, кој не бил политичар. Со неговата победа почнаа остри промени и во надворешните и во внатрешните политики на САД.
Секако, се почна многу пред Доналд Трамп, бидејќи многумина во САД беа незадоволни од политиките на Барак Обама и Демократите. Така што Трамп одбра правилна политичка кампања и затоа победи. И тоа што сега се случува во САД е резултат на неговата победа.
И причина за немирите се престојните претседателски избори во САД. И цел е да се подрие легитимитетот на Трамп пред изборите. Целта е да се испровоцира Трамп на дејствување кое потоа би се злоупотребило со цел да му се оневозможи реизборот на есен. Тоа е очигледно. Но, секако, причините за раздорот во САД се многу подлабоки и влечат корени многу децении. Таму убиства на црнци имало секогаш, но токму убиството на криминалец како Џорџ Флојд беше употребено како повод за масовни протести.
Очигледно се работи за разработени и испробани технологии кои демократите и глобалистите претходно ги употребуваа во други земји. Но цел тој бран сега се врати кај нив во САД и гледаме дека администрацијата на Трамп мора да се справува со истиот проблем. И секако, не се само САД во прашање, се работи за една цела транс-национална мрежа создавана со децении. Преку овие луѓе кои сметаат дека треба да се стремиме кон глобализам борбата се води и против сите држави каде тие работат и влијаат
Тие промовираат глобализам, или транс-хуманизам, како што ја нарекуваат нивната глобалистичка филозофија. Се работи за луѓе околу Џорџ Сорос, која ја финансираше и шарената револуција во Македонија. Синот на Сорос често патува на Балканот и кај вас, најверојатно со цел ресетирање на нивната глобалистичка агенда.
А од другата страна на оваа борба се наоѓаат силите кои им се спротивставуваат на глобалистите и ги бранат националните интереси И суверенистите не се ограничени во своето делување со границите. И тие соработуваат меѓународно и формираат фронт против глобализмот.
Коложег.Инфо: Отворивте тема која ние Македонците сами ја почуствуваме на своја кожа. А тоа е Соросовата шарена револуција во Македонија. Сега гледаме како истото дословно се повторува во самата САД. Организирани од Сорос и нему слични либерални организации. Паролите им се исти, Нема Правда Нема Мир. И финансиите им доаѓаат од еден и ист центар како во Македонија. Во Македонија успеаа, иако уверени сме само привремено, бидејќи ние овде ќе го ослободиме Македонскиот Народ од последиците од анти-државниот пуч кој произлезе од таа шарена револуција. Огромната разлика од она што се случи во Македонија и ова сега во САД е дека сегашната внатре-Американска борба има реперкусии низ цел свет. Иднината на целото човештво зависи од сегашната борба во САД. Може ли да дојде до ситуација на есенските избори и едните и другите да се прогласат победници, и кои би биле последиците од тоа?
Леонид Савин: Сметам дека најголема е веројатноста да победи Трамп. Опонентот, Џо Бајден, е таква фигура што сигурно ќе нема многу гласови. Не е симпатичен. И размислете, кој сака да гласа за сенилен старец?
Ни Трамп не е млад, но изгледа многу поуверливо. И за Трамп гласа дел од средната класа, што е многу важно. Исто така треба да го знаеме изборниот систем на САД, каде не се гласа мнозински туку по држави и т.н. изборен колеџ. И така гласовите ќе се собираат по партии и држави и ќе се пресметуваат по комплицирани формули додека не се прогласи победник.
Секако дека постои веројатност конфликтот до и за време на изборите да прерасне во граѓанска војна, овој пат во нов формат. Можеби не е убаво да се рече, секоја војна е трагедија. Но во таков случај многу држави ќе добијат време да здивнат.
Затоа што државите ќе добија можност да спроведуваат свои национални стратегии и независни надворешни политики. Затоа што внатрешното богаство на САД во голема мера се базира на експлоатација на други земји и на угнетување на други држави и региони по принципите на неоколонијална политика.
Воените бази на САД се практично насекаде низ светот и на сите континенти. И таа нивна економска политика е спроведувана од контролираните институции како Светска Банка и ММФ.
Затоа, било какви турбуленции во САД се погодни за државите и народите можеби ќе пострадаат само сателитите на САД. Веќе се забележува дека многу држави веќе разбираат дека е потребно да си ја градат сопствената иднина. И воведуваат повеќе национална и суверенa политика а не само да слушаат наредби од САД.
Да ја наведеме како пример Германија, каде канцеларката зборува за потребата од сопствени вооружени сили. Германија, која веќе отворено зборува дека нејзините национални интереси веќе не се совпаѓаат со оние на САД. Земјите од Персискиот Залив, чии лидери исто така се обидуваат своја политика, независно од САД. Како и се поголем број други држави како Кина, Иран на пример.
Сите тие заедно со возобновената Русија, го создаваат Новиот Мултиполарен Светски Поредок кон кој се движи светот. И проблемите во САД само го помагаат и забрзуваат тој процес. А тоа е веќе започнатиот премин од униполарен во мултиполарен систем
Коложег.Инфо: По повод изборите во САД, интересно дека Русија беше обвинета од глобалистите дека имала влијание на изборите во САД и во други земји. Ќе биде ли терминот Руско влијание повторно злоупотребен во внатрешната политика во САД и на следниве избори?
Леонид Савин: Сметам дека ваквото влијание на Русија е намерно преувеличено од страна на некои политички сили. И тоа беше со цел да се дискредитира Трамп и луѓето околу него.
Не би можела Русија и некои нејзини агенти толку длабоко да се внедрат во избирачкиот систем на САД. Или како што пишуваат некои глобалистички медиуми од типот на Вашингтон Пост, Њујорк Тајмс за манипулирање преку социјалните мрежи. Значи обвинуваат за внедрување во избирачкиот систем и за манипулирање на социјалните мрежи. Ако некој тоа го правел на социјалните мрежи, тоа може денес да биде било кој и од било која земја во светот
Толку ли многу е со дупки безбедносниот и избирачкиот систем на САД? И во нивниот избирачки систем или социјалните мрежи? Се чини дека сето тоа беше направено намерно и со цел да се оцрни Русија, и таквата политика на некои кругови во САД продолжува. Пример се неодамнешните тврдења дека Русија наводно плаќала награда на Талибан за секој убиен Американски војник. И тоа е дел од серијата на информациона војна, и самата администрација на Трамп и војската ги оповргнаа овие измислици.
Секако дека таквите информациони напади ќе продолжат и Русија на некој начин мора да одговара на нив Русија ќе продолжи да ги демантира и дезаувира ваквите напади.
Основно е дека Русија се придржува до прифатените меѓународни норми. Се држиме до принципите и нормите на меѓународното право и ООН. И тоа нашите лидери повеќепати го искажуваат и потврдуваат со дело. Точно е дека ООН на некој начин е застарена организација. Јас се согласувам со тоа, и нужно е таа да се реформира.
Но како и да е, нашите методи на работа во меѓународната политика кардинално се разликуваат од методите на САД. Како и од сојузниците на САД, како на пример Велика Британија.
Коложег.Инфо: За нас многу интересно прашање, кое произлегува од вашето големо искуство во развојот и отелотворувањето на Евроазиската идеја. Русија, и нејзиниот претседател, Владимир Путин, по некоја историска судбина, станаа симбол на суверенизмот во светот.
И тоа не само во Сирија, каде Русија помогна во одбраната на Сиријците туку и насекаде, и овде на Балканот, и конкретно во Македонија. И во Македонија, и на Балканот но и низ цела Европа постојат такви суверенистички политички сили. Ваквите сили кои се застапуваат за традиционални вредности веднаш се обвинуваат за Руско влијание
Ние сакаме да видиме повеќе од тоа таканарачено и сега отсутно Руско влијание, повеќе суверенизам. Како вие гледате на ова, ќе има ли поголема поддршка за вакви движења и за слободољубивите народи.
Леонид Савин: Владимир Путин наследи пропадната Русија на работ на распад. Се водеше војна во Чеченија, економската состојба беше многу лоша. Неговиот голем плус е што тој ја спаси нацијата ја подигна државата Ја крена економијата, управувањето, ја засили одбранбената моќ. Граѓаните на Русија, како и оние од други земји, гледаат негов клучен придонес и лична заслуга за тоа.
И уште поважно, ЕвроАзискиот Економски Сојуз (ЕАЕС), создаден од претходниот Царински Сојуз, не го гуши суверенизмот. Всушност и основната цел на ЕАЕС е да не го задушува националниот суверенитет на државите-членки на овој сојуз. И одлуките во ЕвроАзискиот Сојуз се носат со вистински консензус не како во ЕУ, каде Еврокомесарите одлучуваат за се. И затоа има многу критики за ЕУ. Бидејќи Еврокомесарите имаат таква моќ и тераат свои агенди иако се всушност обични неизбрани бирократи.
Идејата на Путин е Голема Евроазија, заедно со земјите на Европа. Идеја за обединување на Европски нации во ЕвроАзискиот Сојуз. ЕвроАзискиот Сојуз е отворен и за земји од Европа и членки на ЕУ. И точно во ваква турбулентна епоха државите ќе ги вагаат новите можности како ЕвроАзискиот сојуз, во време кога се руши стариот поредок.
Британија веќе излезе од ЕУ, и многу други нации бараат начини за враќање на дел од суверенитетот кој сега го имаат изгубено. И во таа смисла, ЕвроАзискиот Економски Сојуз претставува еден вид модел. Секако, поради кризата и санкциите воведени кон Русија, интеграцијата е поуспорена од она што требаше. Но јас сметам дека тоа е само привремена појава и дека Русија ќе се справи со овој предизвик.
Коложег.Инфо: Ние, заедно со се повеќе луѓе и во Македонија и на Балканот ја поздравуваме ЕвроАзиската идеја. Прашањето е, како да се канализира стремежот на народите за влез во ЕАЕС. А не во ЕУ, чии мани како нелегитимноста и бирократизираноста и промоција на глобалистичката визија, многу добро ги знаеме.
Но во практични цели, има суверенистички сили и партии и во Македонија и на Балканот кои ја застапуваат суверенистичката идеја. Ние на пример сакаме влез во Шангајската Организација за Безбедност како и во ЕвроАзискиот Сојуз.
Но како да се дојде до ситуација тие сили да можат да победат и да станат вистински репрезенти на своите народи. Во ситуација кога сите институции се длабоко завземени од страна на глобалистичките структури. Како во такви услови може да се помогне практичното внедрување на суверенистичката ЕвроАзиска визија
Леонид Савин: Секако и во прв ред е просветувањeто на народите. Околу концепцијата, визијата и деталите на суверенизмот. Точно дека глобалистите ги имаат инструментите в раце. Во голема мера ги користат и нивните корумпирани медиуми за влијание, контрола и за ширење дезинформација. Така што имавме примери, Украина која имаше власт што не сакаше во ЕУ. Новата портокалова револуција и политичките манипулации на западот резултираа во државен удар во Украина.
Значи претстои сериозна и долга работа. Нужна е меѓусебна подршка на соборците од разни држави. Исто така, многу е важно распространувањето на кредибилни информации кои ќе го забрзаат вклучувањето на народите во геополитичките процеси кои се случуваат денес во светот.
Леонид Савин, Политиколог, Русија. Во ексклузивно интервју за Македонската публика преку Коложег.Инфо – лидерот на Евроазиското Движење во Русија, авторот на бројни книги и статии од сферата на глобалната геополитика, Уредникот на сајтот Геополитика – зборува за состојбата и прогнозите во борбата на суверенизмот и глобализмот во светот и во Македонија. 20ти Јули 2020 (на Руски со Македонски субтитли)
Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!