Доста Кукање! Лажираните Избори се Поука и Основа за Ослободување и Сплотување на Македонецот – Игор Цветковски!
Сподели на социјалните платформи:

 

Доста кукумјавчење! Од се’, буквално од се’ може да се извлече поука и да се промени инертното делување, само ако се сака. Па така и овие изборни резултати, макар и местени, макар и предвидени за развој на поинакво сценарио од она кое би му годело на Македонецот, може да бидат основа за ослободување и сплотување, само ако се сака.

Може да:
— Не се прифатат резултатите од изборите, да се протестира, да се блокира државата, да се бараат нови избори со нов модел, нови кандидати, нов суверенистички наратив-правец и максимално сплотен настап,а ако не се успее да се договори такво нешто, тогаш да се истуркаат тн паралелни електронски избори (МВР може да помогне, нели?) со софтвер користен (или сличен) во европските земји кај кои постои такво гласање, но со веќе договорено признавање на тие резултати од барем една светска веле-сила и една регионална. Да, сето ова нужно е да се одработи и е можно, ако се сака.

— Се прифатат резултатите од изборите и се создаде владеачка коалиција, изненадувачка, не широка, не кажувам тука каква ниту како би се делувало во однос на коалициониот партнер и што/како би правеле со оние кои би биле опозиција–ако белодворци се заинтересирани ќе им нацртам во живо. Сето ова со цел да се има целосен надзор во следните предвремени избори кои следат заедно со локалните, на кои би имале пак сплотен промакедонски суверенистички настап со сосема нови луѓе заради апсолутна до 2/3 мнозинска победа. Можно е ако се сака, ако не се галами многу, ако не се откријат сите карти, и ако се напушти брсиелското подаништво.

— Не се прави ништо јавно, да не се има ништо со државните установи. Ниту да се подигнат решенијата за пратеници, ниту пресови да се одржуваат, да се одбегнува максимално плаќање даноци, да се договара бизнис меѓу блиски антисеверџгани, да се плаќа во кеш или натура, со услуги, биткоини, да се да се остави северџган да се распадне сама од себе. Нема да има со кого да се договори ни федерализација, ниту кантонизација, ни отцепувањето би им донело придобивка на паразитиве, ниту би биле функционални

И ова се само некои пред-точки за започнување на слободарскиот поход кон ново македонско уставотворно собрание.

Ништо од ова да не се прифати, резултатите макар и наместени, се такви, да:
БЕЗ ВМРО-ДПМНЕ НИТУ ЕДНА СУШТИНСКА ПРОМЕНА КОЈА БИ БИЛА УШТЕ ПОШТЕТНА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ НЕ Е МОЖНА !!!

Така што, не е до народот, ни до оние кои со гоооодини укажуваат на сите можни штетни последици од (не) делувањето на оваа најголема народна партија согласно авангардниот македонски суверенизам, а бараат или сакаат да бидат слушнати зошто сепак си укинувале многу лични задоволства заради сопствениот македонизам кој ете наивно го врзувале со таа партија, трпеле во кариерите а давале поддршка, иако често не се согласувале со нејзините политики, нарушувале односи во семејството, со пријателите, соседите само за да укажат дека црвено-црните сепак се малку подобри од сино-жолтото зло.

После 2020, ВЕЌЕ НЕ!
Доста кукумјавчање, префрлање вина на гласниците и свесно одење во уште поразорна поделба, последна !!!

п.с. Латас, Ефтов, Златев, Момир, како ни Гога, ама и Николоски и слични аденаурци не се ВМРО, ниту се во тек со слободарските светски процеси. ЈАС СУМ!

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар