Дип Стејт се Разоткри со Провидното Претерано Штимање на Изборите за Хунтата а Против Македонците – Емилија Гелева!
Сподели на социјалните платформи:

 

Нешто не слушнав честитки од Мадам Брнс и од евроамбасадорот или од Брисел за “големата победа” на Заев?! Бејли и компанија претходо обично молскавично реагираа со поддршка, пишува Емилија Александар Гелева и продолжува: Значи, мафијашот со помош на “дип стејт” сака да ги пренесе жедни преку вода и да им забие клин на Трамп и суверенистите додека Мицко победнико шокирано се тетерави и им се нуди на “дип шитовците” да правел влада. И што викате а, премиер Албанец во држава во која нема ни 200.000 Албанци а им напишале 34 освоени пратеници. Дип шитовци овојпат навистина претеравте со срање #несеизборитукудипшитсрање. Целата анализа на Емилија Гелева во продолжение:

АГЕНТИТЕ НА ДИП СТЕЈТ, ИФИМЕС И УСАИД, ЗГРЕШИЈА САМО ВО ЕДНО: ПРЕМНОГУ ПЕРФЕКТНО ГИ НАШТИМАА ИЗБОРНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ЗА СМЕТКА НА СДС И АЛБАНЦИТЕ ПРОТИВ МАКЕДОНЦИТЕ БРЗАЈЌИ ДА ЈА ДОКРАЈЧАТ МАКЕДОНИЈА

Претседателот на ДИК, Дерковски, во телевизиското интервју по објавените резултати од парламентарните избори од 15.07.2020г., имаше апологетски настап за својата работа и работата на ДИК убедувајќи ја јавноста дека резултатите, кои на секој со малку интелигенција му е јасно дека се наштимани, биле реални и не биле компјутерски наместени.

Тој, меѓутоа, несакајќи и незнаејќи што открива, кажа дека ИФИМЕС им помогнал од УСАИД да добијат донација за набавка на нов софтер за ДИК. КОЈ Е ИФИМЕС, г. Дерковски очиглено нема поим. ИФИМЕС е една ткн. невладина “дип стејтовска” организација базирана во Словенија која со години се бави со анализа поточно местење на избори во регионов за сметка на потребите на неолибералната елита.

ИФИМЕС ми е позната уште од парлментарните избори во 1994г. во Република Македонија. Подготвија предизборна анализа во која наведоа какви нерегуларности може да се случат на изборите, од помали до полнење кутии и слични други подметнувања. Нема да ви се верува, ама на изборите се случија до еден сите тие нерегуларности со кои на ВМРО-ДПМНЕ му беше открадната големата победа, а меѓународните посматрачи во Скопје само пијани, оти беа свесни дека лажат, можеа да ги признаат изборите за регуларни и го прогласија СДС за победник. ВМРО-ДПМНЕ не ги призна изборите и го напушти парламентот со што СДС си царуваше во парламентот крадејќи ја непречено државата со процесот на приватизација по рецепт на меѓународната.
ИФИМЕС е позната по своите ткн. анализи во кои секогаш ги фаворизира политичките партии кои се агенти на неолибералната светска елита како што во случајов е СДС во Македонија.

Затоа, да немате дилеми дека штом ИФИМЕС замешал прсти во набавка на софтерот за ДИК, изборните бројки се чиста местенка. Последните години ИФИМЕС правеше и други такви фаворизирачки анализи за други избори во Македонија, но има новинари па тие нека истражуваат малку а не само папагалски да прават некакви текстови како што им ги кажуваат оние што ја прават и оваа последна изборна местенка. Прејдоа на извештаи за комбинаторики за состав на влада, што е смешно, зашто нема никакви дилеми, толку е просто, и од Марс се гледа кој и како ќе прави влада.

А никој од нив да го постави вистинското прашање, како со 40 насто помалку излезени албански гласачи, албанските партии освоија 30 пратеници не сметајќи ги оние 4 што ги освои БЕСА во коалицијата со СДС во ИЕ 6. Невозможно е албанските партии да освојат толку многу пратеници освен со помош на софтверот на ИФИМЕС. При тоа, нема никаков хакерски напад од надвор, тоа е лага за да се мистифицираат работите со некаков си хакерски напад и да се покрие прекинот на сајтот на ДИК во текот на кој се сменија резултатите и се наштелуваа толку перфектно во корист на СДС и Албанците што и на најголемиот шутрак му е јасно дека тоа е местенка.

Дека нешто не штима уште вечерта на денот на изборите забележаа аналитичарите Клековски и специјалистот за изборниот Донтов модел Никола Спасов, кој најкомпетентно знае дека бројот на албански пратеници е голема измама и може тоа точно да го елаборира. Ама избира да молчи.

И зошто е оваа измама, јасно ви е. За да се инсталира пак со “мазно насилство” премиер Албанец и да се докрајчи Македонија. Толку и е лесно на дип шит елитата со глупите Македонци кај кои се што намислија остварија благодарение на наивните сезнајковци како Дерковски и корумпираните мафијашки умчиња на политичарчињата. Плус, бидејќи, лидерот на најголемата опозициона македонска партија, Мицкоски, уште е во детска градинка кога станува збор за политика, или пак е врвно прикриен платеник на дип стејт, тогаш многу им е лесно на агентите на дип стејтот да ја работат Македонија како бавча. А Заев ќе одел на одмор по “големата” победа.
Победникот, сепак, се уште е неизвесен.

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

1 thought on “Дип Стејт се Разоткри со Провидното Претерано Штимање на Изборите за Хунтата а Против Македонците – Емилија Гелева!

  1. Кажется, что у всех разные мнения о том, что такое Глубинное Государство на самом деле. Мне странно видеть, что сейчас она может поддерживать левых, поскольку Глубинное государство (как я понимаю) было неформальной группой антикоммунистов, которая основала ФБР; и частично находились под контролем Мейера Лански (на которого, по словам моего отца, работал мой дед). Например, Лански пригрозил опубликовать фотографии Джей Эдгера Гувера, если Гувер пойдет за мафией. Он передал технику сексуального шантажа Гуверу, который начал использовать ее сам. Также другому скрытому гомосексуалисту (я имею в виду помимо Гувера, а не Лански), которого звали Рой Кон.

    Гувер имел власть угрожать и запугивать нескольких действующих президентов США, согласно Википедии. Даже Никсон был в ужасе от него. Рой представил Трампа и Эпштейна толпе недвижимости Манхэттена. Я считаю, что, вероятно, все три были на одной странице. Я согласен с Трампом по многим вопросам; Одна из них заключается в том, что война вредна для бизнеса. А мировая война, или ядерная война – это худшая идея.
    перевод с:
    translated from:
    Everybody seems to have different opinions on what the Deep State actually is. It is strange to me to see that it may endorse leftists now, since the Deep State (as I understand it) was an informal group of anti-Communists that founded the FBI; and were partially under the control of Meyer Lansky (who my grandfather worked for, according to my dad.) For instance, Lansky threatened to release photos of J Edger Hoover, if Hoover went after the mafia. He passed the sexual blackmail technique on to Hoover, who started using it himself. Also to another closeted homosexual (I mean besides Hoover, not Lansky) whose name was Roy Cohn.

    Hoover had the power to threaten and intimidate multiple standing US Presidents, according to Wikipedia. Even Nixon was terrified of him. Roy introduced both Trump and Epstein to the Manhattan real estate crowd. I find it likely all three were on the same page. I agree with Trump on quite a few issues; one of them is that war is bad for business. And world war, or nuclear war- is the worst idea ever.

Остави коментар