Сега јасно ли ви е што значеше изјавата на црпле: “Ако треба ќе му дадеме пратеници на ВМРО-ДПМНЕ да формира влада, но ако ние добиеме повеќе гласови тие да ни дадат“?
Потоа Шекеринска даде изјава “Ние имаме зеднички гледишта во одредени сегменти и мора да соработуваме во борба против короната и евро-атланските преговори, отварањето на поглавјата“
Потоа имаше повеќе изјави за “Стекнатата состојба“ од страна на ДПМНЕ и дека треба да гледаме напред, а секако економијата е најважна и ставање на МК на брза трака за ЕУ…
Останатото е само “Стекната реалност“ која одеше вака:
1) Излезе инфо од ДПМНЕ дека водат со 440.000 на спрема 230.000 на СДС.
2) ДИК излезе со инфо дека ДПМНЕ води со разлика од 5-7 пратеника
3) Падна страницата, серверот бил хакиран, доцнеле кутиите…
4) За време на хакираните податоци и паднатата страница , оооп СДС изедначува, на некој места благо води.
5) Никој не се побуни, нема јавни деманти или жалби, Брнс е задоволна од чисти и фер, небаре “Скандинавски“ избори.
Ако ова така глатко помине со “Балкански методи“ ќе се изучува како лектира по политикологија и политички менаџмент во земјите под колонијално владение.
Како потсетување, во “Концентрационата влада“ сите се подеднакво виновни, а всушност никој не е. Дури и за велепредавство и продажба на виталните државни интереси.
Поздрав добри мои Македонци, бидете умни и будни и следниот пат, кога ќе се води вистинската изборна борба меѓу суверенистичката опција за Македонија и оваа поразената глобалофашистичка на умирачката коалиција на корумпираните и изнемоштени партии-дуќанчиња!
Томче Ширков, Родина Македонија!
Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!