Полскиот Претседател: Не го Напуштивме Комунизмот за да го Замениме со Уште Попогубната ЛГБТ Идеологија!
Сподели на социјалните платформи:

Анджеј Дуда, полскиот претседател, изјави дека ЛГБТ идеологијата е полоша од комунизмот, за време на предизборната кампања за претседателските избори во Полска, што треба да се одржат на 28 јуни. На средбата со подржувачите во Брег, Дуда ја критикуваше ЛГБТ идеологијата и рече дека нејзиното вклучување во училиштата личи на комунистичка индоктринација.

Во текот на целата комунистичка ера децата беа индоктринирани со комунистичката идеологија. Тоа беше болшевизмот. Денес има обиди да нè индоктринираат нас и нашите деца со идеологија, само различна идеологија, сосема нова. Ова е еден вид нео-болшевизам“, рече Дуда во Брег. Тој исто така забележа дека „ни е кажано дека ЛГБТ е за права на некои луѓе, но станува збор за идеологија“ и тврди дека и многу хомосексуалци не се идентификувале со ЛГБТ движењето.

Дуда, исто така, го спомена неговото воведување на семејна карта како изборен предлог, во изборната програма која вклучува завет за спречување на геј бракови и нивно посвојувања на деца и забрана за ЛГБТ прашањата во училишните програми. Во овој контекст, тој изјави дека генерацијата на неговите родители се бореле за укинување на комунистичката идеологија од училиштата и забележала дека „тие не се бореле за ова, за да се појави нова идеологија што е уште погубна“.

Дуда исто така увери дека ги почитува сите луѓе, но тој „нема да дозволи децата да бидат идеологизирани“, затоа што како претседател се чувствува „одговорен и за Полска и за младите во Полска“.

Зборовите предизвикаа големи критики од страна на полската опозиција и беа широко коментирани од странските медиуми.

ЕУ бирократот и глобалист, Доналд Туск и претседателот на Полска разменија удари на Твитер каде Туск го обвини Дуда за уништување на угледот на Полска. „Претседателот на Полска треба да ја заштити нејзината репутација. Анджеј Дуда прави се за да го уништи. Неговата кампања и донесе срам на Полска од целиот свет“.

Дуда одговори со исмевање на Туск, кого Полјаците не сакаат да го видат и има толку лоша репутација и низок рејтинг, дека не се кандидирал за претседател и наместо тоа „се крие зад грбот“ на другите кандидати од централно-десничарската граѓанска платформа, старата партија на поранешниот премиер Туск.

 

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар