Анкетите на мислењата во Германија одамна покажаа дека мнозинството од нејзината јавност всушност претпочита американските трупи да си заминат, така што и покрај што тензиите меѓу САД и Германија стигнаа до точка на вриење со одлуката на Белата куќа за значително намалување на војниците во земјата, по повеќедецениско присуство уште од ерата на Студената војна, не очекуваме дека нивното ќе бидат оплакувано, барем кај германската јавност.
Во петокот претседателот Трамп му нареди на Пентагон да повлече 9.500 американски трупи од Германија до септември, откако администрацијата со години остро го критикува недоволното воено трошење (читај рекет) од својот европски сојузник. Понатаму, повлекувањето на војската и не е голем проблем, бидејќи мнозинството Германци не се согласуваат дека Русија е воена закана, признава дури и влијателниот мегафон на военохушкачите, Foreign Policy. Германските елити никогаш не го прифатиле хушкањето на Длабоката Држава дека Путин сакал да го земе Балтикот или да ја нападне Полска.
Намалувањето ќе резултира во пад до 25.000 максимален број на војската во земјата.
Официјалниот претставник додаде: „Овој потег нема да им помогне на пријателите на САД во Германија, кои напорно работат на зачувување на транс-атлантскиот однос, но тоа ќе го зајакне антиамериканското чувство што се шири овде“.
И пратениците од владејачкиот конзервативен блок на канцеларката Ангела Меркел отидоа во напад:
„Плановите уште еднаш покажуваат дека администрацијата на Трамп ја запоставува елементарната лидерска задача: вклучување на партнерите од алијансата во процесите на донесување одлуки“, рече Јохан Вадефул, портпарол за надворешна политика на парламентарната група ЦДУ / ЦСУ, за Ројтерс.
Сите партнери на НАТО имаа корист од кохезијата на Алијансата, а од раздорот корист имаат само Русија и Кина, рече Вадефул, додавајќи: „На ова треба да се посвети поголемо внимание во Вашингтон“.
Вадефул, исто така, зборуваше за „понатамошен повик на будење“ до Европејците да се позиционираат подобро во однос на безбедносната политика.
Но, интересно ќе се види колку далеку ќе оди, со оглед на тоа дека Германија е главен центар за обука на американските сили низ цела Европа и пошироко како дел од кампањата за притисок врз сојузникот на НАТО. Дури и командата на американската команда за Африка е со седиште во Германија.
Трамп добро се снаоѓа и во претходното користење закани, со цел притисок врз Германија да плати повеќе за НАТО, како услов за задржување на присуството на големите американски воени трупи.
Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!