Македонците со Својот Владика! И Јас Сум Агатангел! Додека Имаш Владика Имаш и Црква Македонски Народе!
Сподели на социјалните платформи:

 

Македонскиот Народ застана во одбрана на својот Македонски Владика Агатангел! Додека Имаш Владика Имаш и Црква Македонски Народе! Македонците на социјалните мрежи покренаа кампања И Јас Сум Агатангел за подршка на единствениот преостанат Македонски Владика во врвот на корумпираната и продадена МПЦ а подршка дадоа и Родина Македонија и перјаницата на Македонските интелектуалци, историчарот Дардан Венетски.

“ГЛАВАТА ГОРЕ ДЕДО АГАТАНГЕЛ. Ти си една од ретките светилки во САС на МПЦ-ОА. Ти си нашиот ангел, наша гордост и светилка водилка на сите православни крстијани, во земјата и дијаспората. Да си ни жив и здрав и вечно да ни го осветлуваш патот. А за неверниците, изродите небањати порачувам ПРОСТИ ИМ БОЖЕ НЕ ЗНААТ ШТО ПРАВАТ. Бог ќе им прости, но македонскиот народ не. Тоа јасно ќе го покаже на следните избори. Браќа и сестри пријатели мои, сите кои сте мои истомисленици јавно Ве повикувам масовно да дадете подршка за оваа наша светилка водилка.” – пишува Дардан Венетски.

Од политичките партии РОДИНА МАКЕДОНИЈА излезе со ЈАВНА ПОДДРШКА КОН НАШИОТ МАКЕДОНСКИ ВЛАДИКА АГАТАНГЕЛ! во која се вели:

По допрен глас до нас дека јавното обвинителство од Велес отворило предмет “по допрен глас” за Владиката Агатангел, Родина Македонија јавно го искажува својот родољубив глас против оваквите политички местенки кон Владици од чисто изворно македонско православие, кои не се ниту од денес, ниту од вчера, туку влечат корени од темното минато на една темна служба, со која Македонците одамна требаше да расчистат на патот кон вистинската демократија.

Родина Македонија нема да дозволи во никој случај да се врши инквизиција на нашите духовни отци и секогаш ќе бидеме на нивната праведна страна!

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по”допрен г’с” по објавите во медиумите и јавното соопштение на Митрополитот Агатангел и Повардарската Епархија, со кое ги повикува верниците на масовно одење во храмовите за време на верскиот празник Духовденска Задушница, во петок и сабота, во тек на целиот ден, додека во сила е забраната за групирање на територијата на целата држава, забраната за движење на населението во одредени временски периоди и забраната за пристап до гробишта, соопштија од ОЈО.

 

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

1 thought on “Македонците со Својот Владика! И Јас Сум Агатангел! Додека Имаш Владика Имаш и Црква Македонски Народе!

  1. Владиката со своите Македонци!
    Како што владиката Агатангел беше секогаш со својот народ Македонците така и Македонците денес се со својот Владика. Црквата има исклучителна улога и значај во битисувањето на Македонците низ историјата се до денес, и тоа токму благодарејќи им на таквите како владиката Агатангел.

    Пред претседателските избори на еден портал expres.mk а можеби и овде на kolozeg.info (со тоа што тој мој коментар по 24ч. беше одстранет за да по неколку дена биде повторно вратен, изгледа прво се исплашија, а потоа сватија дека се работи за глас од народот, а не од организирана мафијашка структура која би била закана за нив!) изнесов мислење-иницијатива со предлог-
    Владиката Агатангел за претседател на Македонија!

    Тогаш овој ваков предлог наиде на неразбирање и напад од страна на квислиншките севрџгански групации позиционирани низ партиите и насекаде и беше на некој начин игнориран, а мотивот беше од чисти патриотски побуди дека на Македонија и Македонците им е потребен духовен татко околу кој би се обединиле кој знае што се Македонци, што е Македонштина што е Македонизам дека е тоа насушна потреба за секој Македонец… дека со еден таков авторитет како Агатангел ќе се ослободиме, ќе си ја вратиме Македонија… денес можеби тоа е уште повеќе потреба!
    Борбата за Македнија никогаш не престанала, таа продолжува, сите се добредојдени!

Остави коментар