КОВИД е Само Тест на ГлобалоФашистите да Видат Колку Тортура Можат да Издржат Народите – Емилија Гелева!
Сподели на социјалните платформи:

 

Глобалфашистите преку своите локални шејтани во Македонија го продолжија Ковид експериментот за да измерат до кој степен еден народ, духовно и умствено, може да ја издржи нивната тортура

Не им е првпат на глобалфашистите да ја користат Македонија како лабораторија за нивните психоделични проекти.

Уште во 1994г. јавно кажав дека Џорџ Сорос преку својата ткн. фондација Отворено општество, раководена од деконструкторот на македонската свест, злосторникот Владе Милчин, во сферата на електронските медиуми во Македонија прави експеримент бидејќи само во Македонија обилно ги финансисраше сите електронски медиуми, телевизии локални и национални и радија кои за само една година никнаа како “печурки по дожд”. Моите истражувања открија дека во сите други ново настанати екс југословенски или источно европски држави беа финансирани само печатени медиуми. Со тоа сакаа да овозможат преку тие нивни медиуми позабрзано содржинско влијание за менување на македонската свест. Друг експеримент беше во 2001 година кога со “холивудско сценарио” за продор на терористи, кои тие ги тренираа и пуштија, имаа намера да ја претворат Македонија во формален протекторат. Го отежнавме овој нивни експеримент со оружјето што го имавме како најмоќно – Вистината. Како претставник на премиерот, пред целиот дипломатски кор во Вашингтон, кажав што всушност прави ткн. меѓународна заедница во Македонија. Македонија е прва држава која јасно и гласно им кажа дека прават “фалс флег” операција за уништување на една држава. Тогаш немаше развиени социјални медиуми, и иако и други држави беа изложени на слични глобалфашистички потфати, официјални личности се плашеа да посочат на вистината. По, ова веќе немаше криенка за тоа што се случува во светот.

Глобалфашистите потоа стрпливо работеа 11 години надевајќи се дека Груевски, како премиер и лидер на вистинската македонска партија ВМРО-ДПМНЕ, ќе им ја исполни агендата – промена на името на Република Македонија. Тоа им беше најважно, ВМРО илити македонскиот народ да го направи бришењето на името и со тоа да стави крст на својата таковина Македонија и да се самоизбрише за век и веков. Видоа дека Груевски тоа нема да го направи а ним им се брзаше, оти уништувањето на Македонија како прамајка на светот е клучно за реализирање на нивната глобалфашистичка светска агенда. Изгубија нерви и организираа пуч врз владата на Груевски, насилно инсталирајќи го “лудиот зајко” (го нема само Вашингтон “лудото куче”), кој, прост и суетен како што се кукнал и со желба да стане светски важен и нобеловец, им ја раздаде Македонија на тацна. Ама планот на глобалфашистите за бришење на Македонија е неуспешен бидејќи СДС не е македонска партија и бидејќи македонскиот народ не стави потпис на лудачките потфати на нивниот извршител. Македонскиот народ масовно не излезе на референдумот за промена на името со што референдумот и официјално од страна на ДИК е прогласен за неуспешен. Е затоа глобалфашистите го ставија Мицко кој треба да ги запечати антимакедонските договори како лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се тие поважни и поголеми експерименти што беа спроведени врз Македонија. Ги објаснувам за да покажам дека спротивставувањето, отпорот и борбата на поединци и на целиот македонски народ е многу важна за нашето опстојување.

Да се вратиме сега на актуелниот експеримент со Ковид-19, кој неспособните односно продадени сдс-овски функционери, го пуштаат или “го затвораат” кога ќе им текне, и за нивни потреби и вршат невидена тортура врз луѓето во Македонија. Откако бројките се намалија на 16 на ден, наеднаш во рок од само три-четири дена рипнаа на 180 заразени дневно, што им беше оправдување да ја продолжат вонредната состојба и да продолжат со карантинската тортура врз населението. Тоа било, според нивните објаснувања, поради Рамазан Бајрам и ифтарските дружби на сограѓаните од исламската вера. Значи, кај нас ги пуштија муслиманите да одат во џамија, иако сите други џамии во муслиманските земји беа затворени, за да им кажат после тоа еве вие не верувате дека има Ковид ама сега вашите “кластери” се заразени, и тоа толку масовно во рок од само неколку дена. Потоа, за да го спречат ширењето на вирусот, воведоа 80-ет часовен карантин во само четири градови од кои сите што можеа избегаа во некарантинските места ширум државата. Плус, преку нивните телевизии, после цели три месеци вонредна состојба и епидемија, почнаа да емитуваат прилози за некој што оздравел а бил позитивен иако со благи симптоми, и за прв пат ни покажаа дека на тв екипа и било дозволено да влезе кај пацинети на респиратори кадешто лекарите, замислете, биле облечени како космонаути. Оваа медиумска активност е со цел да не убедат колку е сериозна ситуацијата. И кажуваат дека умреле двајца или тројца главно на околу 80-ет годишна возраст, кои најверојатно и онака би починале.

Едновремено со воведувањето, без вистинска причина, на целосна 80-ет часовна забрана за движење во четири големи градови во Македонија, за време на многу важен православнохристијански празник Задушница и Духовден, министерот со две имиња објави дека од понеделник најверојатно ќе бидат укинати сите забрани. За три дена, значи, пак нема вирус. Ваква “шашарди” стратегија може да се должи или на целосна беспаметност на министерот и сдс-овската техничка влада или на “експериментот” што го спроведуваат во Македонија, една целна група- муслиманите ги пуштаат слободни 5 часа среде карантин а на православните христијани им ги забрануваат нивните верски чествувања. Тоа е единствено со цел глобалфашистите да видат како ќе реагираат различните целни групи и кои ќе бидат ефектите врз луѓето во овој нивни експеримент во лабораторијата Македонија. Им треба тоа за нивниот иден проект за целосно исчезнување на Македонија.

Да не споменувам дека без оглед на големите бројки на заразени, разгаленото своеглаво детенце на глобалфашистите – лидер на СДС, сака да го истера само своето и да наметне брзи избори на кои сонува дека тој пак ќе победел и ќе бил уште премиер, не гледајќи дека неговите глобалфашисти се обезглавени. Па ни пуштаат некакви си анкети на “ИРИ” на оној Жидас со “даска” во презимето најпознат како шеф на изборниот штаб на Гога Сорос, на која Заевиќи водел, ни помалку ни повеќе еден цел процент пред спортменот Мицко. Таквите анкети се вистинити исто колку што е вистинита целата ситуација со Ковид, односно се продукт на целосно пореметени умови. Народот не ве сака, ниту едниот ниту другиот. Најголемите достигнувања на Заев, кому неговите глобалфашистички шефчиња му дадоа одврзани раце да краде до бесвест само и само да ја распадне Македонија , се промена на име, тирански и бугарски договори, врвна корупција и мафијашки поединци и институции, рекет, безпризорно крадење буџетски пари, производство на марихуана од страна на фамилијата, ненормални задолжувања на државата за партиски потреби на СДС итн. Другиот, пак, Мицко народот не го сака бидејќи цели четири години и покрај овие огромни “остварувања” на Заев не се осмели да го спречи во ништо.

Сега сме во незавидна состојба, си играат со нас, не држат подјармени со помош на психо-тортура, со блокирани институции. Да имавме патриотски безбедносни структури, досега тие ќе презедоа активности кои ќе ја сочуваа државата. За жал, нашите безбедносни структури се целосно под капата на глобалфашистите. Вонредната состојба никој веќе не смее да ја продолжува зашто со над три месеци ќе мора да се воведе воена состојба. Моменталната блокирана ситуација во Македонија, всушност, може да се разреши токму со воена состојба во кој период воените генерали кои по Устав се обврзани да ја чуваат државта, ќе овозможат спроведување на демократски и праведни избори во разумен рок. За жал и тие се на копче на глобалфашистите.

Останува самиот македонски народ, но и сите добри луѓе кои си ја сакаат државата и соживотот, масовно да го покажат својот отпор и да не дозволат тие и нивните потомци да бидат третирани како експериментални заморчиња. Доста е од глупостите на Курто и Мурто. Сакаме да си ја вратиме слободата, државата и животот!

Емилија Александар Гелева

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар