До Мерките на “Експертот” од Северно Муртино Ќе Да Е! – Томче Ширков, РОДИНА МАКЕДОНИЈА!
Сподели на социјалните платформи:

 

Се посилно се разгорува дебатата и се наметнуваат дилеми зошто Македонија сама, има два пати повеќе заболени од цел Балкан заедно?! Расправата е жолчна и “докажани“ експерти од различни области се обидоа да кажат зошто е тоа така, пишува членот на Претседателството на Родина, Томче Ширков, во врска со налудничавите “мерки” за уништување на Македонската економија од страна на нелегитимната Хунта за вирусот кој не оди на пазар и не се вози со автобус, и спие во викенди до 16 а во работни денови до 19 часот, за потоа да се разбуди и излезе на улица да јаде живи луѓе. А посебно е опасен, и тогаш око не затвора, на верски празници, посебно православните верски празници.

Дури и Црпле имаше елаборација на темата и ни појасни дека: “Вирусот се повеќе слабее, симптомите и ефектите му се послаби и затоа ситуацијата е под целосна контрола, но короната се шири, ќе се шири и не знаеме до кога и колку ќе се прошири“…Доброоо, само не ми е јасно во кое експертско својство господинот од северно Муртино тоа го елаборираше? Дали како премиер (сеуште се замислува дека е премиер), дали како вирусолог, епидемиолог или како искусен одгледувач на корнишони???

Било како било да не се врткаме наоколу и аман од експерти кој ја усложнуват ситуацијата која е многу едноставна. Имено како и сите мерки на Хунтата такви беа и овие “Заштитни мерки“

1: Беше забрането луѓето да шетаат по сонце планини и шуми (да не ги запалеле), а беше дозволено и стимулирано пензионерите и ранливите групи да шетаат ноќе и во мугри како вампири во 5 часот (како не би се сретнале со младите и учениците)? УВ од сонцето, алфа честичките и витаминот Д се 3 од 10 најважни елементи на имунитетот на секој човек, а недвижењето и опстојот во затворен простот ги намалува макрофагите до три пати!

2: Беше забрането (исмевано и стигматизирано) одење на Литија на која луѓето се на отворено и на меѓусебно растојание на 1,5 до 2 метри, а беше дозволено туркање во банки, маркети, пошта и посебно на пазар каде луѓето буквално си дишеа во врат на растојание од 30цм.

Инаку научно докажано е дека верските обреди (за оние кој веруваат) носат хармонија, психо-соматско смирение и го покачуват нивото на ендорфин и серотонин во крвта.

3: Беше забрането екскурзии и прошетки за деца (дури и сопствени) во сопствено возило ако сте повеќе од 5 луѓе…што правиме со семејствата што имаат 4-5 и повеќе деца? Но затоа беше дозволено возење во автобуси во кои многу често имаше и по 30 пензионери кој маската ја носеа за украс, под носот или под брадата. Дури беше овозможен и бесплатен превоз за пензионери.

4: На неколку пати во денот преку јавни гласила се повторуваше да се мијат рацете божем сме камено време, а никој никаде не им кажуваше на луѓето да јадат лук, никулци од жито, прополис или матичен млеч, лекот е пет пари, значи ова е респираторен вирус не е пегав тифус, ниту резистентен антракс.

5: Најпрво се одеше со кампања, “остани дома-спаси живот“, “Короната коси“ е откако луѓето видоа колку е тоа нереално, филувано, напумпано и откога се создадоа 100 теории од тоа дека короната ја измислиле кинезите за да продаваат маски до тоа дека вируси воопшто не постојат, ги измислиле американците да продаваат сапун и детергенти, после тоа се прибегна кон девизата: Не сме ние криви народот е непослушен, инатлив и ретардиран…цел народ комплет. РЕЗУЛТАТОТ Е ЕВИДЕНТЕН!

PS. Авторот на текстот не се произнесува како здраствен работник и Мr-Ph, туку како резонатор и споделувач на логично размислување.

Томче Ширков, член на Претседателството на Родина Македонија.

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар