Нов Удар врз Глобалистите! Трамп го Одложи Самитот на „Застарена Група Земји од Г7“ и ја Покани Русија во Г8!
Сподели на социјалните платформи:

Во уште еден земјотресен геостратешки потег, Претседателот Трамп ја откажа средбата на лидерите на Г7 во Белата куќа и Кемп Дејвид закажана за јуни и чекор без преседан е неговата критика за форматот на Групата Седум како “многу застарена група на земји”. Трамп најави дека планира да покани четири дополнителни членки, особено Русија, која беше членка на Г8 но напушти по санкциите на Обама поради пучот во Украина и приклучувањето на Крим кон Русија.

Јас сум за одложување, бидејќи не чувствувам дека Г7 правилно го претставува она што се случува во светот,изјави  Трамп. Покрај вообичаените седум од САД, Италија, Јапонија, Канада, Франција, Германија и Велика Британија, Трамп рече дека освен Русија, ќе ги покани за прв пат Австралија, Јужна Кореја и Индија.

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот му го предложи неговиот план да ја вклучи Русија во проширен самит на Г7 во телефонскиот повик со претседателот Владимир Путин, соопшти Кремљ, јавува Moscow Times.

Во него се наведува дека Трамп го „известил“ Путин за неговиот план да одржи презакажан Г7 „со покана на лидерите на Русија, Австралија, Индија и Јужна Кореја“, без да даде понатамошни коментари.

Кремљ го нарече разговорот во целина „конструктивен, деловен и суштински“. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, понеделникот им рече на новинарите дека „не ги знаеме деталите за предлогот“ и рече дека Путин бара „повеќе информации што сè уште ги немаме“.

Непотребно е да се каже, и сојузниците на Америка и американските воени-хушкачки јастреби на националната безбедност се бесни, особено ако се има предвид чувствителноста на проблемот со Украина. Потсетете се дека она што некогаш Г8 стана Г7, откако во 2014 година Русија беше исфрлена поради “анексијата” на Крим, и војната во источна Украина.

Германија вели дека канцеларката Ангела Меркел ја отфрли промената на планот, велејќи дека нема да присуствува – која посочи во саботата дека нема да присуствува додека ја наведуваше сè уште бесната пандемија како причина.

Британскиот премиер Борис Џонсон „се согласи за важноста за свикување на Г7 лично во блиска иднина“ според изјавата во петокот во Белата куќа, додека канадскиот шремиер Трудо рече дека ќе го одложува решението сè додека е приоритетна безбедноста, а францускиот Макрон рече дека бил „подготвен да отиде на„ Камп Дејвид “ако здравствените услови дозволуваат“.

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар