На Светот му Треба Мултиполарност Наспроти Досегашниот Еднополарен Свет – Ливрински Блог!
Сподели на социјалните платформи:

 

Сите настани и случувања кои се случуваат по светот навестуваат дека идниот свет ќе биде мултиполарен! Еднополарноста е веќе завршена. Разговорите Трамп и Путин, нивните средби во последно време, а тука и вклучувајќи ја и Кина, укажува токму на тоа. Во меѓувреме последниве години се изродија нови сили Русија, Кина, Индија, Иран, Турција, Јужноафриканската Република, Бразил! Тоа ни кажува дека светот не може повеќе да биде еднополарен тоа е новата реалност. 
 
До само пред десетина години светот во кои живевме функционираше како еднополарен свет во кои Америка и нејзините партнери западна Европа заедно со нивните институции беа главните креатори на досегашниот свет. Сето тоа започна после падот на Берлинскиот ѕид и распадот на источниот свет. До тогаш светот функционираше како како мултиполарен. Од завршувањето на втората светска војна, па се до падот на варшавскиот пакт, светот беше поделен на блокови. Покрај западниот блок во кои предводник беше САД, Постоеше и источниот блок на чело со СССР, дури имаше и трет пат! Така наречените неврзани ( Неутрални ) земји.

Во тие четриесет и пет години,од 1945 па се до 1989 година и покрај сите случувања и настани со кои се соочуваше тогашниот свет, горе долу светот беше стабилен и не за џабе  луѓето кои живееле во тоа време и до денешен ден зборуваат како за време во кое мирно и убаво живееле. Тоа се должеше токму на тоа што светот и човештвото кое во тоа време живеше имаше избор! Имаше право на избор дали ќе биде во западен блок, источен блок или неврзан ( Неутрален ). Се на се тогаш светот имаше избор наспроти денешниот кои немаше избор.

Image
Сето ова се случи со падот на источниот блок и Советскиот Сојуз кога светот од мултиполарен зачекори во еднополарен свет! Се знаеше дека светот како таков нема долго да опстои. Со еден избор, а всушност еден не избор, туку без избор! Светот стигна таму каде што денес се наоѓа.
На самиот за безбедност во Михен во 2008 година, Владимир Путин го најави враќањето на Русија на голема врата во светската политичка сцена. Тој тогаш му најави на светот  дека иднината на светот ќе се гради како мултиполарен свет во кои човештвото ќе има право на избор. Тоа беше првиот шамар за тогашниот самобендисан западен свет како што Барак Обама на говорницата на годишното собрание во ООН ја нарече Америка како посебна држава над останатите.

Сето тоа траеше со доаѓањето на Трамп  на власт во 2016 година, кога тој на светот му најави нов концепт за Америка и иднината на светот. При тоа, Трамп најави една многу значајна работа дека негова агенда е да ја исуши баруштината (читај длабока држава) која ја создала претходната власт. При тоа тој ја кажа и болеста на Америка, а тоа е дека една мала групација на моќници со свои корпорации ја приватизираше Америка и ја користи за сопствени цели. Од друга страна ако добро погледнеме таа болештина не е, и  не била својствена само за Америка, ами и за целиот свет.

Што е поразлично од кај нас? Кога и кај нас во деведесетите години  целиот општествен капитал беше приватизиран од една мала група на наши моќници и служеше и уште служи на таа група моќници. Истиот проблем го имала и Русија во деведесетите години, па со доаѓањето на Владимир Путин морало и таму да се направи голема чистка. Многу пати до сега сме констатирале дека Америка влага во фаза како Русија во деведесетите години после распадот на Советскиот сојуз. На Америка ќе и треба време да се прибере, а додека се прибере светот нема да биде ист.

Сите настани и случувања кои се случуваат по светот навестуват дека идниот свет ќе биде мултиполарен! Еднополарноста е веќе завршена. Разговорите Трамп и Путин, нивните средби во последново време, а тука и вклучувајќи ја и Кина, токму на тоа укажува. Во меѓувреме последниве години се изродија нови сили Русија, Кина, Индија, Иран, Турција, Јужноафриканската република, Бразил! Тоа ни кажува дека светот не може повеќе да биде еднополарен тоа е новата реалност. А,и за светот е подобро да биде мултиполарен, бидејќи во мултиполарниот свет светските големи сили не се исти! Секако дека кога знаеш дека имаш од другата страна друга светска сила која во секој момент може да ти парира, се разбира дека тогаш и поинаку ќе се однесуваш и спрема себе си и спрема другите народи. Токму не постоењето на друга светска сила после падот на варшавскиот пак во деведесетитет години, ја доведе Америка во ситуацијата во која денес се наоѓа.

Го гледавме до сега еднополарниот систем и видовме дека таквиот систем  не можеше и не може повеќе да функционира и за тоа не ни треба. Америка како Кина и Русија во иднина ќе станат само регионални сили, се надеваме дека нема да доживеме некој од нив и во иднина да стане единствен светски господар кој ќе не учи дека единствен ни е изборот лекција која само нашите политичари ја пеат.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар