Додека скоро 40 милиони Американци поднеле барање за невработеност од средината на март и се на раб на егзистенција немоќни да се прехранат и без иднина, на милијардерите во Америка короната многу добро им оди и во истото време од март наваму нивното богатство се зголемува за неверојатни 434 милијарди американски долари, или скоро половина Трилион, пренесува CNBC. Зголемувањето на богатството на милијардерите за време на глобалната пандемија ги открива задните намери на глобалофашистите од вештачки фабрикуваната хистерија. Додека милиони ги ризикуваат нивните животи и егзистенција, само овие милијардери имаат корист од затворањето на економијата и даночниот систем кој е наштиман да го зголемува богатството на оние на врвот.
Водечки во зголемување на богатсвото се Џеф Безос и Марк Цукерберг, чиишто богатства пораснаа за 34,6 и 25 милијарди долари, според Американците за даночна праведност и Програмата на Институтот за студии на политики за нееднаквост – заснована врз податоците на „Форбс“ за над 600 милијардери во Америка собрани меѓу март 18-ти март и 19-ти мај годинава.
Процентуално, богатството на Елон Муск се зголеми за 48% на 36 милијарди долари, додека Цукерберг е побогат за 46%. Богатството на Безос порасна за 31% на 147 милијарди долари. Неговата поранешна сопруга, Мекензи Безос, виде како нејзиното богатство се зголеми за приближно 33% на 48 милијарди долари. Во просек, американските милијардери забележаа дека нивната нето-вредност се зголеми за 15% во текот на двомесечниот период на “коронавирусната пандемија” од 2,948 трилиони долари на 3.382 трилиони долари.
Безос, Бил Гејтс, Цукерберг, Бафет и Лaри Елисон забележаа комбинирана добивка од 76 милијарди долари.
„Зголемувањето на богатството на милијардерите за време на глобалната пандемија ја потенцира гротескната природа на нееднаква жртва“, рече Чак Колинс, директор на ИПС програмата за нееднаквост и коавтор на извештајот за „ Милијардерска Бонанца 2020 “. „Додека милиони ги ризикуваат нивните животи и егзистенција, овие милијардери имаат корист од економијата и даночниот систем кој е наштиман да го зголемува богатството на оние на врвот“.
Низата на невидени огромни растови во побарувањата за помош при невработеност продолжува. Само во последната недела 2,44 милиони Американци за прв пат се пријавиле за бенефиции за невработеност (нешто полошо од очекуваните 2,40 милиони).
Ова сугерира дека не не погаѓа втор бран на вирус туку вториот бран на невработеност не погодува …
И, се разбира, минатонеделните „првични“ побарувања, продолжуваат да се одвиваат и оваа недела, и другата… значи највисокото ниво на континуирана невработеност досега само ќе продолжува да расте!
Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!