Претседателот Трамп во снименото интервју со Шарил Аткисон што ќе се емитува денес, недела, низ цела САД, изјави: „Имам шанса да ја урнам Длабоката Држава. Јас се борам со мочуриштето. Ако продолжува како што оди, јас имам шанса да ја урнам Дип Стејт. Тоа е група на грозни бездушни луѓе. Тоа е многу лошо за нашата земја“. Репортерката Шарил Аткисон и претседателот Доналд Трамп имаат нешто заедничко: И двајцата биле нелегално шпионирани од администрацијата на Обама и како резултат нивните кариери скоро и да биле уништени. Во неделата интервјуто на Трамп со Аткисон за нејзината информативна програма „Полна Мерка“ ќе се емитува на станиците низ целата САД и ќе се пренесува и преку Интернет. Аткисон ги најавува главните поенти од интервјуто, што беше снимено во Белата куќа во петокот.
https://twitter.com/SharylAttkisson/status/1264178028608978944
Во написот објавен во саботата на „Само новости“, Аткисон ги пренесува коментарите на Трамп за Длабоката Држава:
Претседателот Трамп рече дека прави прогрес во припитомувањето на неизбраната постојаната Вашингтонска бирократија, која ја нарече „длабока држава“.
“Што е она што јас го правам? Јас се борам против Длабоката Држава“, рече Трамп во ексклузивното интервју „Полна Мерка“ со Шарил Аткисон. „Јас се борам со мочуриштето… Ако продолжува како што оди, јас имам шанса да ја урнам Длабоката Држава. Тоа е група на грозни бездушни луѓе. Тоа е многу лошо за нашата земја“.
Во широкото интервју за Полна Мерка во недела, Трамп се осврна и на дебатата околу тоа дали верските служби треба да останат затворени. Нарекувајќи ги како „основни услуги“, тој вели дека е време да се отворат…
… Исто така, опфатено во интервјуто: контроверзии околу употребата на анти-маларија лекот хидроксихлорин за превенција или третман на коронавирус. Трамп рече дека штотуку завршил двонеделен превентивен третман со лекот, откако на двајца вработени во Белата куќа им беше дијагностициран коронавирус. „Еве, сè уште сум тука колку што гледам“, вели тој.
Претседателот зборуваше и за јаките и слабите страни на неговиот политички противник во претседателската трка, Џо Бајден, неговите сопствени практики на Твитер, новиот директор на национална интелигенција Џон Ратклиф и скандалот околу злоупотребите на должностите и овластувањата од страна на ФБИ…
Трамп за силните страни на Бајден како кандидат, „Па, јас би рекол искуство, но зарем тој навистина го има искуството, затоа што мислам дека не се ни сеќава на она што го сторил вчера…“
Претседателот вели дека сака повторно да ги види црквите отворени и не сака да гледа луѓе уапсени за собирање велејќи „Тоа е срам“.
The President (@realDonaldTrump) says he wants to see churches reopened and doesn't want to see people arrested for congregating. "It's a disgrace."
More: https://t.co/AVP2H0AP1z pic.twitter.com/gTLpezrDTJ
— Full Measure News (@FullMeasureNews) May 23, 2020
Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!