Налудничавото затворање на цели народи во куќен затвор од страна на анти-Трампистите во САД и од нивните прислужници во Македонија како нелегитимната Хунта со подршка на скопената квази-опозиција се покажува како најкатастрофална анти-народна постапка донесена во историите и на САД и на Македонија. За ова мора да има кривична одговорност, во САД сега, а и кај нас ќе дојде време кога нови и чисти политички сили ќе им ја сервираат правдата на виновниците за рушењето на државата за свој џеб и краткорочни себични политички цели!
Лук Џонсон, поранешен претседател на „Канал 4“, вели дека според статистиката ако имате помалку од 60 години без некои хронични здравствени состојби, поголема е веројатноста да се удавите отколку да умрете од КОВИД-19. А ако сте на возраст под 29 години, таа веројатност да се удавите отколку да умрете од Коронавирус е поголема за 8 пати!
Џонсон во интервју за BBC вели дека веќе доаѓаме во ситуација кога смртноста предизвикана од затворањето ја надминува онаа од Ковид-19!
“Very soon I believe lockdown will be causing more deaths than the virus”@LukeJohnsonRCP says deaths that come from mass unemployment will be the ‘collateral damage’ of lockdown. #bbcqt pic.twitter.com/lNfjnUOtnd
— BBC Question Time (@bbcquestiontime) May 14, 2020
Според Центарот за контрола на болести (ЦДЦ) имало 78 смртни случаи на коронавирус во Соединетите држави во 0 до 29-годишна возрасна група оваа година. Бројките се вкупно меѓу 1 февруари 2020 година и 9 мај 2020 година.
Во САД од 1999 година, во просек повеќе од 815 деца на возраст од 14 години и помалку умираат годишно како резултат на ненамерно давење. Користејќи ги овие бројки, безбедно е да се каже дека дете или младо возрасно лице под 29 години има осум пати поголема веројатност да умре од давење отколку да умре од коронавирус во Америка. А оние жртви на коронавирус под 60 години, исто така во најголем број случаи имале најмалку еден коморбидитет (претходен сериозен здравствен проблем).
Апсолутно е лудо што д-р Фаучи и ЦДЦ во САД, а налудничавите тоталитарна Хунта кај нас, ја наметнаа идејата дека училиштата треба да останат затворени поради овој вирус. Заклучувањето поради коронавирусот се покажува како нај-катастрофалната политика за јавно здравје донесена во историјата на САД и во Македонија.
Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!