Талибанските СДС Рушители на Културни Симболи ќе Бидат Предмет на Судски Процеси – РОДИНА МАКЕДОНИЈА!
Сподели на социјалните платформи:

Во реакцијата на РОДИНА МАКЕДОНИЈА насловена: ТАЛИБАНСКИОТ ОДНОС НА ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА СДС КОН МАКЕДОНСКОТО КУЛТУРНО И ИСТОРИСКО НАСЛЕДСТВО ЌЕ БИДАТ ПРЕДМЕТ НА СУДСКИ ПРОЦЕСИ се порачува дека Хунтата, која можеби во опијанетоста од подарената нелегитимна власт си мисли дека е вечна, по нејзиното скоро заминување на ѓубриштето на историјата ќе се соочи не само со инвалидизирање на сите нејзини анти-уставни одлуки почнувајќи од оние од 27ми Април продолжувајќи со последниве Талибански одмазди врз Македонската култура, историја и симболи,туку ќе се соочи и со низа судски процеси, и за овие а и за сите други кршења на законите кои во периодов до паѓањето ќе ги направат.   
 
Плоштадот на Крива Паланка е плоштад кој е изграден со парите на народот на Крива Паланка и тој како таков е сопственост на народот на Крива Паланка, а не на феудалецот Борјанчо Мицевски.
Родина Македонија е згрозена од талибанските методи на македонска земја со вандализирање на националниот симбол на Македонија и Македонците.
Сето ова во низа се неколку тешки кривични дела, кои идната суверенистичката влада ќе ги процесира судски.
 
Привремената спогодба на која се повикува феудалниот кмет на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, е спогодба која НЕ Е РАТИФИКУВАНА во грчкиот парламент и истата е НИШТОВНА.
Следствено на тоа, сите обврски кои произлегуваат од таа спогодба се ништовни и ќе бидат вратени во првобитна состојба.
 
Градоначалниците на Општините мора почесто да погледнуваат во календарите, годината е 2020, феудиализмот и феудалните поседи одамна се минато.
 
Играта на вашиот претседател на партија СДС со Се или Ништо против македонскиот народ е најпогубната игра која многу други пред него ја започнале и сите до еден ја загубиле од Македонците.
 
Биди член на Родина Македонија!

Остави коментар