Во реакцијата на РОДИНА МАКЕДОНИЈА насловена КОВИД 19 КАКО ПОЛИТИЧКА АЛАТКА И СОЦИЈАЛЕН ИНЖИНЕРИНГ се вели КОВИД 19 стана алатка не само за меѓуполитичка пресметка туку доби и верски елементи. За православни празници строг карантин од 5 дена, додека за муслиманските, вирусот стана толерантен и многу попустлив, и само во Тетово важат поинакви услови. Нудени се и пари за прикажување на починатите лица, како причина за смрт, КОВИД 19, со суми од 300 до 1000 евра. Ги повикуваме сите на заедничко дејствување во насока на враќање на Уставот и законите на Република Македонија и пад на оваа антиуставна, крајно неспособна, криминогена влада и формирање на Експертска Техничка Влада од некорумпирани и чесни граѓани на Република Македонија.
Вирусот КОВИД 19 стана алатка за пресметка помеѓу политичките елити на СДС. Имено, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, после дополнителните тестирања на корона вирусот заедно со другите членови од неговото семејство, излезе со соопштение дека тестовите се ЛАГА.
Со оваа ЛАГА паѓа целата конструкција, но и тоа што денеска се вика Пржинска влада!
Сакаме да укажеме и на следниве елементи:
КОВИД 19 стана алатка не само за меѓуполитичка пресметка, вирусот доби и верски елементи.
За православни празници добивме строг карантин од 5 дена, додека за муслиманските, вирусот стана толерантен и многу попустлив.
КОВИД 19 се искористи и за навреда на верниците од православна веросиповест со исмевање и ругање со лажичето за причесна.
Само во Тетово важат поинакви услови.
При притворање на граѓани за кршење на полициски час, користени се двојни стандарди.
До нас пристигнуваат информации за заведување на починати од други тешки болести како починати од КОВИД 19.
Нудени се и пари за прикажување на починатите лица, како причина за смрт, КОВИД 19, сумите се движат од 300 до 1000 евра.
Родина Македонија ги прати и случувањата во САД, земја која има најмногу инфицирани од КОВИД 19, но исто така таму се направени и најголем број серолошки тестови (оние кои покажуваат дали некој има антитела на вирусот или не).
Сакаме да ја известиме македонската јавност, дека според сите статистики и анализи направени досега во разни држави и меѓународни здравствени организации и анализите, студиите и мислењата на здравствени експерти и научници, смртноста на овој вирус се движи помеѓу 0.1% и 0.3% што е во рамки на сезонскиот грип.
Родина Македонија согледувајќи ги сите настани околу КОВИД 19, ги донесе следните заклучоци.
– КОВИД 19 се користи како политичка алатка на денешната целосно отпадната од закон и Устав Пржинска влада за продолжено владеење и криминално дејствие во сите сегменти од општеството.
– Република Македонија е претворена во СОЦИЈАЛЕН ЗДРАВСТВЕН ЕКСПЕРИМЕНТ, за тестирање на однесување на широки народни маси во различно времетрање на карантин, намален имунитет на возрасна популација, како и психолошко провоцирање на население во такви околности.
– Република Македонија намерно се доведува до целосно економско пропаѓање, со цел да стане комплетно нефункционална држава.
Ги повикуваме сите чинители во општествениот живот, граѓаните на Република Македонија за заедничко дејствување во насока на враќање на Уставот и законите на Република Македонија и пад на оваа антиуставна, крајно неспособна, криминогена влада и формирање на Експертска Техничка Влада од некорумпирани и чесни граѓани на Република Македонија.
Бидете дел од политичката партија Родина Македонија