Во написот насловен, Ни подготвуваат ли нов Федуализам?, авторот Пол Креjг Робертс, вели одговорот на прашањето е „ДА“. Големите и безгрижни доверители и банкари, ќе завршат со имотот на осиромашените должници, во свој џеб. Со владините програми за спас на економијата должниците се втурнуваат се подлабоко во долгови со „заеми за отплата“ и со даноци и казни за пропуштени исплати на долг што значи отписи на долгот само за 1% на елитата a поголема задолженост за сите други, вели Д-р Пол Крејг Робертс, поранешен американски помошник секретар на Министерството за финансии и економија под претседателот Роналд Реган во 1981 година, и продолжува: Сега е потребна национализација на банките и отпишување на долговите за 99% од населението и малите бизниси до подносливо ниво. Елитите премногу пати не изневерија, време е да ги урнеме од тронот!
Погледнете ја економијата. САД имаат работна сила од 164.000.000. Прогнозата за невработеност од ново-затворените работни места поради заклучувањето на економијата е 30%. Тоа би значело 49.000.000 луѓе кои се потенцијални бунтовници и демонстранти. (Ние сме само на половина пат со последниот извештај за стапка на невработеност од 16% со 22 милиони невработени). Многумина од овие луѓе веќе живееле само на плата и од сметка до сметка, не можеле да соберат 400 американски долари в џеб во било кое дадено време, а нивните долгови не оставаат дискреционен приход и простор за маневар.
Бидејќи тие едвај може да ги сервисираат долговите кога се вработени, како ќе ги сервисираат кога се невработени и кога малите бизниси се затворени и трпат трошоци, но немаат приходи? Кредитите за спас само дополнително ги задолжуваат. Исплатата во готовина на невработените може евентуално да покрие основна храна и домување, но нема да ги сервисира нивните долгови.
Рестораните за брза храна и продавниците во трговските центри бараат да на плаќаат закупнини за три месеци. Сопствениците на трговските центри пак нема да можат да ги плаќаат своите доверители. Спасувањето и помошта не функционира за никој, освен за оние што го предизвикаа проблемот. Како што се спасуваат елитите од заслужен банкрот, со тие нови средства тие ќе имаат пари да купат или земат и распродаваат на парче стечајните бизниси. Повеќе имот ќе бидат сконцентрирани во уште помалку раце.
Шемата за отплата за отплаќање донесена од њујоршките банки и секретарот за финансии на Трамп, кој го заработи името „кралот на запленувањето“ за време на неговата кариера на Вол Стрит, ги остава доверителите неѓибнати а должниците уште подлабоко во долгови.
Колку повеќе долг е сконцентриран во помалку раце и колку повеќе стануваат задолжени сите други, толку е помала куповната моќ и потрошувачката за да се крене економијата. Банкротираните средства и ресурси стануваат помалку вредни бидејќи нивната профитабилност опаѓа со опаѓањето на куповната моќ на потрошувачите.
- Уништувањето на американската економија е во тек откако глобалните корпорации ги преместија работните места од средната класа во странство.
- Во тек е откако финансискиот сектор пренасочи поголем дел од приходот на потрошувачите кон плаќањето на долгови.
- Во тек е од моментот кога корпорациите го инвестираа својот профит во откуп на сопствените акции наместо во проширување на своите производствени способности.
- Во тек е од квантитативното олеснување со надуени цени на акциите и обврзниците над реалните вредности.
- Истата трае бидејќи правилата против концентрацијата на банкарски и инвестициски функции во една банка беа укинати со укинувањето на Актот Глас-Стигал.
- Истата трае од бескрајните војни, каде што беа пренасочени парите на штета на инвестиции во инфраструктура и проширување на мрежата за социјална заштита.
Дали е ова заговор или глупост? Без оглед на одговорот, економијата е уништена.
Економскиот проблем е што долгот на приватниот сектор, како личен, така и корпоративен, е преголем за било кога да се отплати. Овој проблем постоеше и пред затворањето на економијата. Затворањето значи дека има уште помалку приходи со кои може да се сервисира неодржливото ниво на долг. Ова не е проблем што може да се поправи со земање на уште повеќе долгови.
Проблемот е што банките позајмуваат да го финансираат купувањето на постојните финансиски средства, а не да го засилат продуктивниот потенцијал на економијата.
Проблемот е во тоа што корпорациите ги користат своите профити и позајмуваат пари со цел да си го вратат сопствениот капитал наместо да инвестираат во своите бизниси. Директорите ги задолжуваат корпорациите додека ги декапитализираа и за тој чин тие со „бонуси за добри перформанси“.
Проблемот е во тоа што глобалните корпорации кои размислуваат краткорочно ја пренесоа високата продуктивност на работните места во САД со додадена висока вредност во Азија, со што се намалуваат заработените приходи во САД, ја нарушуваат државната и локалната даночна база и предизвикуваат Федералните резерви да го заменат со раст во потрошувачки долг изгубениот раст на приходот на потрошувачите.
Луѓето задолжени за решение само го решаваат проблемот за себе и на кратковиден начин. Постои само еден начин да се поправи ситуацијата, а тоа е да се отпишат долговите на приватниот сектор до ниво што може да се сервисира. Бидејќи доверителите се ослободуваат од кауција без оглед, загубите од заемот не се важни.
Програмот за спас на банките и финансиските средства се можност да се поправи економијата на други важни начини. Всушност, спасот на финансиските средства представува национализација. Владата треба да ја прифати и преземе сопственоста што ја купува. Тогаш, владата ќе може да ги разбие „банките кои се сметаат премногу големи за да порпаднат“ и да се одвојат инвестициското од комерцијално банкарство, без да донесат ново законодавство за „Глас-Стигал“ и без да се борат против финансиското лобирање во Конгресот. Откако ќе се распаднат, банките можат да бидат распродадени. Ова ќе ја тргне огромната ранливост надвор од финансискиот систем и ќе ја врати финансиската конкуренција. Со корпорации во владини раце, работните места може да се носат дома од странство. Средната класа ќе биде обновена.
Овие мерки заедно со отпишаниот долг ќе ја вратат моќта на потрошувачите. Зголемената побарувачка ќе ја придвижи економијата кон поголем раст, како што се случи по Втората светска војна.
Ова е вистинско решение за реален проблем. Но, со решенија кои им одговараат само на 1% кој и е одговорен за проблемот, ние нема да добиеме вистинско решение. Инаку повеќето печатени пари ќе ги поттикнат цените на финансиските средства и хартијата над неодржливиот долг и ќе имаме и натаму умирачка економија со вештачки надуена берза.
Елититеа премногупати не изневерија. Време е да ги симнеме од тронот!
Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!