Студија: Уривањето на Економијата Може да Причини Над Милион Самоубиства во САД! А во Македонија Над 1.660?
Сподели на социјалните платформи:

 

Смрт од самоубиства поради рушењето на американската економија, споредено со смртни случаи од КОРОНАВИРУС, според емпириска студија, покажува дека економската криза може да доведе во САД до 1.178.100 самоубиства причинети од кризата! Што е многукратно повеќе од проценетата смртност од коронавирусот Ковид-19. А со екстраполација на истите параметри од студијата за Македонија, се добива бројка од над 1.660 потенцијална смрт само од самоубиства (без оние починати од други болести поради заклучувањето и недостаток на медицинска нега, рак, срце, шеќер, и други хронични болести), само со првичната неколкунеделна кампања за уривање на Македонската економија, а да не зборуваме за дополнителните негативни и сеуште неизмерени ефекти од сегашните несразмерни “мерки” и евентуалното нивно продолжување.

Економската несреќа која го зафати и САД и светот и Македонија што ја гледаме е библиска во своите размери!

Голдман Сакс ја ажурираше својата економска прогноза на почетокот од месецов и ние гледаме како тоа се реализира и добива облик на реална човечка катастрофа меѓу народот!

Една студија од Голдман Сакс  укажуваше дека невработеност ќе се зголеми од 3% на 15% во овој квартал, додека реалноста испадна уште пострашна и сега невработеноста е веќе над 20%.  Прочитај повеќе овде 22 Милиони Американци Отпуштени Последниов Месец! Над 20% Безработица, Поголема од Депресијата во 1929та!

Тоа значи дека од 32 милиони минимум до 76 милиони Американци максимум ќе ги загубат своите работни места во наредните три месеци. Болката, страдањето и смртта ќе бидат огромни од оваа човечка катастрофа!

Според студијата, Економијата и Самоубиствата, Емпириска Анализа на Растечките Самоубиства во САД, (The Economics of Suicide: An Empirical Study of America’s Rising Suicide Rate) емпириската анализа потврдува дека со 1% зголемување на годишната стапка на невработеност, може да се очекуваат околу 21 дополнителни самоубиства на 100,000 од населението. Ако тоа е точно, секое 1% зголемување на стапката на невработеност во САД, со 330 милиони население, ќе доведе до дополнителни 3.300 самоубиства.

Во Македонија статистичките податоците покажуваат дека активното население во 2019-та изнесувало 964.014 лица, од кои вработени биле 797.651, а 166.363 лица се невработени. Само во угостителскиот сектор се отпуштени 19.000 работници од почетокот на Ковид-19 што изнесува 2.5% од работната сила, без да ги земеме во предвид другите сектори кои само ќе ја кренат бројката. Стапката на невработеност се проценува да е веќе зголемена над 20% од ланските изнесува 17% што е веќе над 3% официјално а неофицијално многу поголема. Со екстраполација на резултатите од Американската анализа во Македонија, бројот на самоубиства предизвикани од кризата од 21 случај на 100.000 население, кај нас бројот на самоубиства со конзервативна проценка на 3% зголемена невработеност причинета од уривањето на Македонската економија ќе биде 1.660 луѓе!

Но нив никој не ги брои, ќе прочитате овде и онде, се фрлил од балкон во Карпош, се фрлил од мост, итн, но нивната смрт не е од иста важност како оние фингирани бројки од коронавирусот. Затоа што уривањето на економијата и слободите е задача дадена на домашните слуги која мора да ја одработуваат, за да не уништат поробат и да не раздадат на глобалистичките корпоративни глутници како бело робје со се сите наши природни ресурси.

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар