СТОП за 5Г Технологијата и СТОП на Фашизоидниот Политички Карантин – РОДИНА МАКЕДОНИЈА!
Сподели на социјалните платформи:

Во реакцијата на РОДИНА МАКЕДОНИЈА ЗА 5Г ТЕХНОЛОГИЈА се вели во услови кога досегашната телекомуникациска технологија се злоупотреби за незаконско снимање на 1,2 милиони разговори, без судски налог и се употреби за државен удар, воведување на 5Г технологија МОРА да се одложи до моментот додека не се утврдат сите позитивни и негативни аспекти од таа технологија и заштити здравјето и приватноста на граѓаните, како и заштита на природната средина. Родина Македонија повикува на општонародна мобилизација за враќањето на одземените човекови права со фашизоидниот промашен карантин, кој очигледно дека единствено употребна вредност му е инсталирање на 5Г технологија и нелегален транспорт на мигранти. Соопштението го пренесуваме подолу во целост.

Во светот сеуште се води научна дебата за штетноста на 5Г технологијата. 268 научници и доктори (потпишани до 18 декември 2019 година) поднесоа жалба за 5Г технологијата, која е претставена во Обединетите Нации во 2015 година, и до Европската Унија 2017 година.

Потписниците тврдат дека со зголемена употреба на безжичната технологија, посебно кога 5Г ќе биде поставена, никој нема да може да го избегне изложувањето на константно 24 часовно електромагнетно зрачење предизвикано од безжичното зрачење, како комбинација од милиметарските бранови кои ги користи 5Г, високата фрекфенција и огромниот број на 5Г предаватели, антени со милиони поврзувања на разлилни домашни уреди, опрема за надгледување, итн….

Се повеќе научни публикации кажуваат дека таква изложеност предизвикува рак, днк оштетување, намалување на способност за учење и меморија, невролошки пореметување, ефекти на кожата и очите, имуниот систем, отпорност на бактериите на антибиотици, врз животните, инсектите, микробите, како и штетно влијание на околината.

Универзалната декларација за човекови права при ОН, Хелсиншката декларација и други меѓународни договори ја признаваат оваа загриженост и повикуваат на внимателност, поготово нејзиното влијание врз младата популација.

За Родина Македонија, воведување на 5Г и било која друга технологија мора да биде предмет на јавна и научна дискусија, мерења, лабораториски испитувања и почитување на високи безбедносни и еколошки стандарди, како и заштита на приватноста. Самото инсистирање на секретарот на НАТО Јанс Столтенберг, за потребата на таа воена злосторничка организација, која инаку е нелегално на територијата на Република Македонија, за 5Г технологија, ни отвара многу дополнително прашања од аспект на безбедноста на граѓаните.

Во услови кога низ улиците на Македонија сеуште се движат запрежни коли со коњи, кога ѓубрето се спалува во диви депонии и каде досегашната телекомуникациска технологија се злоупотреби за снимање на 1,2 милиони разговори, надвор од законот, без судски налог и се употреби за државен удар, воведување на 5Г технологија МОРА да се одложи до моментот додека не се утврдат сите позитивни и негативни аспекти од таа технологија и заштити здравјето и приватноста на граѓаните, како и заштита на природната средина.

Родина Македонија повикува на општо народна мобилизација за враќањето на одземените човекови права со фашизоидниот промашен карантин, кој очигледно дека единствено употребна вредност му е инсталирање на 5Г технологија и нелегален транспорт на мигранти.

СТОП ЗА 5Г технологијата и СТОП на фашизоидниот политички карантин!

Бидете дел од политичката партија Родина Македонија

https://www.rodina.org.mk/pristapnica/

1 thought on “СТОП за 5Г Технологијата и СТОП на Фашизоидниот Политички Карантин – РОДИНА МАКЕДОНИЈА!

  1. Vo red e da se bide skeptichen kon neshto novo i Nepoznato a i BEZ nekoi Validni NAUCHNI analizi za shtetnosta od ElektroMagnetskite Branovi koi vo 21-viot Vek se Koristat na Golemo, a za zichanite Telefoni koi BEA Bezbedni po Zdravjeto na Korisnicite NE SE vo MODA i imaat POGLED na ZASTARENOST i ZAOSTANATOST, taka da dali stanuva zbor za 5G ili 4G ili nekoe drugo G NEMA Relevantna Analiza za Shtetnosta po Zdravjeto.
    Sto se Odnesuva za R.MAKEDONIJA vo Telekomunikaciite i vo Soodvetnite Drzavni Institucii – KADE se ZLOUPOTREBUVA Moznosta za Sledenje te. SNIMANJE na Protivnicite (Politichki) a i site onie Matni Aramiski Biznisi pa i ARAMISKATA Privatizacija (Reket & SJO, Sina Ptica i itn.itn.) MORA POD HITNO Da Se :
    1) OCHISTAT Drzavnite Instituciite od Starite (UDBA-shki) Kadri-Verushevski&Co.
    2) POSTAVUVANJE na Pravila za Odnesuvanje i KAZNENA PRAKSA na Idnite Odgovorni Lica
    3) KONTROLA za Sledenjeto na Komunikaciite od Nezavisno Profesionalno Telo BEZ Partisko-Parlamentarna KONTROLA (za sto znam e skoro Nevozmozno so Nashiot Mentalitet) no Dobro e da se ima Legislativa spored sto Takvi i slichni devijantni pojavi ke bidat sankcionirani DRASTICHNO, No i da bidat Nagradeni so Pristojni Plati za da se namali Moznosta za POTKUP pa i Odgovornosta da ima Smisla.

    No za seto Ova da stane Stvarnost POD HITNO MORA da se”DIGNAT” na KLOCI sds-OPINOK BANDATA. Tras-Tras Sudstvo, i Kilavata Opozicija.
    REPUBLIKA MAKEDONIJA-Pravna Saglam Drzava so SITE SALTANATI SPOLAJ VI

Остави коментар