Трамп им ги Укина Финансиите на СЗО Поради Погрешните Процени и Совети кои Предизвикале Смрт и Хаос!
Сподели на социјалните платформи:

 

Борбата на Трамп за отворање на Американската а консеквентно на тоа и светските економии а и Македонската доаѓа до усвитување откако Претседателот на САД го укина финансирањето на СЗО обвинувајќи ја организацијата за погрешни процени и совети, кои предизвикале дополнителна смрт и економски колапс. Истата онаа СЗО чии погрешни проценки ги следеа и нашите нелегитимни потрчковци на глобалистите со цел да ја урнат Македонската економија, да го остават Македонецот без леб за да го дадат и него како роб и нашите ресурси за без пари на глобалистичките корпоративни волци.

Претседателот Трамп го стопираше Американското финансирање на Светската здравствена организација. Исто како што се закани минатата недела, на СЗО, чиј директор му возврати назад со закана дека ќе има „вреќи со мртви“, претседателот Трамп вчера потврди дека ќе го запре американското финансирање за Светската здравствена организација, додека САД не ги разгледаат дејностите на СЗО за време на избувнувањето на коронавирусот во Кина.

„Денес ја упатувам мојата администрација да престане со финансирање на Светската здравствена организација додека се спроведува преглед за да се процени улогата на Светската здравствена организација во сериозно лошото управување и информирање околу ширењето на коронавирусот“, рече Трамп на прес-конференција.

„Реалноста е дека СЗО не успеа навремено да добие, провери и споделува информации.“

„СЗО не успеа во својата основна должност и мора да биде одговорен“.

Дополнително, Трамп го обвини светското тело дека „лошото работење“ и „прикривање“ на коронавирусот и неуспехот да ги контролира навремените информации за вирусот, предизвика 20-пати зголемување на смртните случаи ширум светот:

„Неверојатно многу време беше изгубено“ заради, како што рече Трамп, бавноста на СЗО.

„Толку многу смрт беше предизвикана од грешките на СЗО…“

Трамп го критикуваше одговорот на меѓународната агенција за здравство, изјавувајќи:

„Една од најопасните и скапи одлуки на СЗО беше нејзината катастрофална одлука да се спротивстави на патните ограничувања од Кина и другите нации“.

„За среќа, не бев убеден и ги прекинав патувањата од Кина до САД заштедувајќи неброен број животи“, рече тој.

Остави коментар