РОДИНА до САД Амбасадорката во НАТО: Ни “Хибридни Тимови” Не ви го Враќаат Оцрнетиот Кредибилитет!
Сподели на социјалните платформи:

 

Во одговорот на Родина до амбасадорката на САД во НАТО која најави формирање на тимови за борба со хибридни закани во „С……. Македонија“ и Црна Гора, се вели: Изгубениот кредибилитет и доверба од предолгото роварење и нанесување зло на Балканот и секаде во светот, е токму резултат на тоа што НАТО е единствена меѓународна воена организација која во 21 век бомбардира суверени народи и земји, спротивно на меѓународното право. И затоа, за тој ваш НУЛА кредибилитет, никаков тим за хибридна војна неможе да ви помогне, ниту купените сите до еден медиуми. А за наводно Руско пропагандно влијание насекаде низ светот, вклучително и во Македонија а и кај вас во САД, ве советуваме таа загриженост итно да му ја пренесете на вашиот Претседател Доналд Трамп, кој беше токму цел на таква една жестока, и сега докажано и од истрагите на вашето Министерство за Правда, измислена хистерија..
Го пренесуваме соопштението во целост:
 
Почитувана госпоѓа амбасадорке на САД во НАТО Кеј Бејли Хачинсон, бидејќи Ве интересира хибридната закана, сигурно знаете дека Северна Македонија е производ токму на вашите тимови за хибридна војна.
 
Токму тие агенти за социјален инжинеринг од западните служби кои се наоѓаат во Република Македонија подолг период, со интезитет идентичен како во Казабланка, не само што извршија државен удар на Република Македонија, туку и организираа терористички напад од територијата на западниот протекторат Косово во Диво Насеље Куманово, Шарена револуција и предизвикаа несогледиви штети на македонската економија во милијарди евра и штета по достоинството на Република Македонија и македонскиот народ.
 
Ние за тоа ви ветуваме сосема легитимен и легален судски процес, каде целата операција ќе биде изнесена пред очите на јавноста и процесирана во идниот нов чесен суд на Република Македонија.
 
Северна Македонија е во НАТО, Република Македонија со Референдумот од 30 септември 2018 година, јасно даде одговор дека НЕ го прифаќа Преспанскиот договор, членството во НАТО и членството во ЕУ.
Вие како репрезент на една светска демократија, би требало тоа да го земете во предвид и од тоа да се раководите.
 
Ние секако дека ќе ви ја оставиме Северна, заедно со Северните и //////// во НАТО.
 
Доколку настапувате од позиција на сила, сакаме да ве потсетиме дека силата секогаш потклекнува пред правото и правдата на еден народ.
 
Таков случај ќе биде и со македонскиот народ, кој на крај ќе си ги врати сите природни права одземени од насилничката политика на надворешните западни центри на моќ.
 
Предолго роварите по Балканот, многу зло донесовте не само на Балканот, туку насекаде во светот и токму тоа е резултатот на изгубената доберба на светот кон НАТО, која е единствена меѓународна воена организација во 21 век која бомбардира суверени народи и земји, спротивно на меѓународното право.
 
А во однос на измислената Russiagate хистерија за наводно Руско пропагандно влијание насекаде низ светот, вклучително и во Македонија а и кај вас во САД, ве советуваме таа загриженост итно да му ја пренесете на вашиот Претседател Доналд Трамп, кој беше токму цел на таква една жестока, и сега докажано и од истрагите на вашето Министерство за Правда, измислена хистерија. Веруваме дека ќе биде многу среќен од вашите напори, исто како и најголемиот дел од патриотскиот братски Американски народ.
 
За тој 0 кредибилитет, никаков тим за хибридна војна неможе да ви помогне, ниту купените сите до еден медиуми.
 
Македонско влијание, Родина Македонија.
 
Бидете дел од политичката партија Родина Македонија
 

Остави коментар