Коj и Зошто jа Пре-Пишува (Фалсификува) Историjата за Втората Светска Воjна – Движење РУСОВ!
Сподели на социјалните платформи:

 

Осврт на Движењето за Руско- славjанско обединување и возродување – РУСОВ за обидите на глобалофашистите за извртување на историите, како онаа за Втората Светска Војна. Во предвечерието на празнувањето, посветено во чест 75-годишнината од Победата над нацистичка Германиjа, нарастувачки неспокоj предизвикува пре-пишувањето на историjата за Втората светска воjна, од страна на некои западни земjи, чиjа главна цел претставува стремежот, СССР – од земjа победничка да биде преквалификувана во потстрекнувач на воjната. За жал, вакви обиди постеле од секогаш, започнуваjќи уште до нирнберскиот судски процес, во коj раководителите на нацистичка Германиjа беа прогласени за воени злосторници.

Основна причина за фалсификувањето се фактите кои говорат за тоа дека: повеќето европски држави биле соjузници со нацизмот или не вложиле дополнителни напори во отпорот кон истиот. Управувачките елити, во речиси сите европски држави и САД, во различни периоди активно соработувале со нацистите, <успокоjуваjќи> го Берлин, а после краjот на воjната им даваа засолниште на т.н. ,,жртви,, на хитлеризмот од официрските редови на СС и Вермахт, легализирани на Запад. Исклучок од тоа европско правило се државите од поранешна Jугославиjа – Македониjа и Србиjа, народи кои со значителна мера пострадаа од окупациjата во периодот од Втората светска воjна, но и покрај тоа, не престануваа да и даваат реална помош на Москва со масовно учество во партизанското движење на Балканскиот Полуостров.

Денес, во државите од ЕУ и во САД не сакаат да се присетат за тоа како Париз и Лондон учествуваа со Хитлер во <минхенската завера> со што фактички jа предадоа Чехословачка, но затоа , многу и неаргументирано зборуваат за пактот <Рибентроп- Молотов>. Сепак, западните политичари, историчари и новинари претпочитаат да на зборуваат за тоа дека, Полска, пред да стане првата официjална жртва во Втората светска војна, во 1934 г. го склучила со Германиjа т.н. <пакт Пилсудски- Хитлер>, а потоа, ги искористила <минхенските договори> за анексиjа на Тешинската област во Чехословачка. По тоj повод , идниот премиер на В. Британиjа, В. Черчил ќе изjави: – Полска, како хиена , учествуваше во поделбата на Чехословачка.

На Запад, и во последно време, во некои од државите од пост-советското пространство, иако во голема мера погодени од рацете на фашизмот и нивните сателити, активно jа пре-пишуваат историjата уште и затоа што актуелните политички чинители деjствуваат по наредба од Вашингтон и Лондон, во желбата да им бидат допадливи на нивните ментори. Околу Русиjа, неjзините антагонисти, настоjуваат да создадат зона од мали неприjателски расположени држави. Пред Втората светска воjна, идентична стратегиjа беше применета против СССР, и беше именувана <санитарен поjас>. Тогаш, изолацијата на СССР се претвори во светска катастрофа на коjа што во Европа и Америка се трудат да заборават, и притоа сакаат по секоjа цена да наметнат глобална, историска амнезиjа.

Сведоци сме на новата етапа во преродување на европските елити – нивниот преод од фалсификување на историjата кон реваншистичка пракса, наjдречливи примери претставуваат државите од Прибалтикот и Украина, каде што регуларно, со премолчана согласност на Брисел и Вашингтон се одржуваат, факелни процесии, со што се стимулира идеjата за фашизмот и хероизациjа на воените злосторници. Повеќе од тоа, во ред држави од Источна Европа, кои пострадале во Втората светска воjна, во последниве години евидентна е масовна кампања за уништување на монументи, подигнати во чест и спомен на воините-ослободители, документирани сведителства, кои jа содржат и предаваат вистината за воjната, стимулираjќи ултра-национални идеи и расположение, особено каj младите,се спроведуваат псевдо- научни истражувања, кои имаат општа цел:желбата да се наметне одговорност и вина за разгорување на Втората светска воjна врз СССР. Сепак, непроменливи остануваат позициите на Македониjа и Србиjа, после 75 години, како во периодот од 1941 -1943 година- при наjтешките воени операции од Втората светска воjна, со заеднички напори да ги спречат обидите за искривоколчување на историjата.

Треба чесно да признаеме, во пре-пишувањето на историjата за Втората светска воjна, западните фалсификатори постигнаа завидни резултати. Така, денес, повеќето млади луѓе во европските земjи и во САД се уверени дека нацистичка Германиjа беше поразена од американците, а Источниот Фронт имаше второстепено значење. Повеќе од тоа, земjите од Источна Европа и поранешниот СССР, активно ја развиваат тезата дека Москва била <окупаторот> и штетата направена од неа повеќекратно jа надминува штетата нанесена од нацистичка Германиjа. Но, истите тие историчари и новинари, зафатени со пре-пишување на историjата, не им раскажуваат на европjаните; поради неодговорноста на Н. Чембрлен и Е.Даладjе во Европа загинаа 50 милиони луѓе,а наjголеми загуби во жива сила претрпе СССР-скоро 30 милиони. Впрочем,големи загуби претрпеа и другите земjи од анти-хитлеровата коалициjа. Така, само Македониjа и Србиjа загубиjа повеќе од 600 илjади свои ќерки и синови, а Полска, коjа денес активно се занимава со пре-пишување на историjата, загубите достигнаа околу 6 милиони .

Нема навика во, европските медиуми и научни кругови, да се зборува за тоа дека народите на ослободените земjи, на пример Чехословачка, на првите послевоени избори, во Април 1946 г., своите гласови ги дадоа за Комунистичката Партиjа-43,25 %. Притоа, советска армиjа во земjата немаше. Идентична беше ситуациjата и во некои западни земjи. Така, во Франциjа, на парламентарните избори одржани на 21.10.1945 г., комунистите освоиjа 26,1% (5035336 гласови), Гол-истите 24,9%, а социjалистите 23,8%. Високиот авторитет на комунистите во Европа после воjната беше заслужен поради нивната активна улога во движењето за Спротивставување и авторитетот на самиот СССР, коj внесе наjголем влог во победата над нацизмот.

Но, и покраj се, обемот на пре-пишување историjата за Втората светска воjна, е сличен на силата своjствена на цунами, разрушуваjќи го научното знаење, архивите, музеите, уметноста, медиумите, социjалните мрежи и во прв ред – училишните учебници. Целни групи на таквото делување се, наjнезаштитените во информацискиот поток, од населението – тинеjџерите и младите. Притоа, со оглед на дигитализациjата на сите аспекти од современиот живот, особено во западните општества, сите информации кои се однесуваат на комуникациjа, едукациjа, купување, исполнување на слободно време, се акумулираат во серверите на странски компании, обучени на сите техники за: манипулациjа со разумот и свеста на младите поколениjа- иднината на секоjа земjа.

Сепак, без оглед на официjалната анти-руска (русофобска) позиција на властите во ред европски држави, и обидите за забрана на алтернативните средства за масовно информирање како, РТ, и , Спутник, жителите на ЕУ и САД се повеќе jа поддржуваат Русиjа. Светол пример за таа поддршка претставува <Бесмртниот полк>, коj секоjа година излегува низ градовите, и не само низ градовите, со портретите на своите дедовци и пра-дедовци кои се бореле против нацизмот, и секоја година станува се помасовен.

Но, на овоj начин-само преку обраќање кон минатото, невозможно е да се одолее на новиот-глобален нацизам, и не може да се одбранат: вистината и христиjанските вредности. Современата младина, неопходно е да се воспитува не единствено преку примерите и идеалите од Втората светска воjна, но и на конкретни примери за подвизите на нивни врсници, такви како рускиот офицер А. Прохоренко, загинат во Сириjа- 2016 година, заштитуваjќи jа не само своjата земjа, но и светската- глобална заедница од современиот фашизам- ИГИЛ. Денес, потребно е да се одава почит на хероите од нашето време, богатство, кое се наоѓа меѓу нас, и кое го одава своjот живот во реална борба, како замена за нашиот мирен живот. Имено во слава на тие луѓе, во име подвигот на нашите дедовци и пра-дедовци кои го победиjа нацизмот, во Русиjа и во други земjи, горди на своjот влог во заедничката победа, стремеjќи се да го зачуваат автохтониот национален идентитет, секоја година се одржуваат воени паради.

Совет на лидери од одделението на Меѓународното општествено движење <Руско- славjанско обединување и возродување>.

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар