Суверенизам – Народна Идеологија на 1-от и 21-от Век – Зоран Јованчев, РОДИНА МАКЕДОНИЈА!
Сподели на социјалните платформи:

 

Во колумната СУВЕРЕНИЗАМ, НАРОДНА ИДЕОЛОГИЈА НА 1-от И 21-от ВЕК, на Зоран Јованчев, се анализира како изминативе неколку века од човековата историја продефилираа сите општествени системи именувани како капитализам, комунизам, демократија и последниов неолиберален и практично покажаа дека резултатите не зависат од името на системот, туку од устројството на тој систем во однос на природниот систем на вредности и во односот на системот кон сопствениот народ, човекот, Бога.

Во сите политички системи има успешни и неуспешни примери и сите системи делат универзални вредности и отпадништво.

Во суштина и самата потреба од постоење на цивилизација во седоволниот концепт на живот значи отпадништво, но за тоа во некоја друга прилика.

Нашата искуствена историја како македонски народ и нашето колективно сеќавање вели дека 1000 годишната македонска античка држава е резултат на устроеност по природните принципи и вредносни системи, каде Благото на еден РОД или таканареченото БлагоРОДништво се грижи за добробит на државата односно царството, најдуховните ги пополнуваат свештеничките редови и се грижат за духовноста на народот и неговата верба во доброто,Бога, најучените го образуваат народот, најхрабрите со војската го заштитуваат народот, а народот си ја работи својата работа за која е предодреден и е верен на својата држава. Хармонија и служење во сите редови ја даваат најиделната, најдолговечната и најсреќната држава.

Во тој Родоверен систем, устроен по божјите принципи и универзални вредности, кои не зависат од факторот време и мода, Македонците во историјата подигнаа устроени царства, држави од по 1000 години и создадоа светска цивилизација,култура и дела кои се почитуваат и кои се основа за многу духовни, културни и државни концепти во светот денеска.

Не се случајни Светиклиментовиот универзитет со 3000 Слависти на Плаошник, 200 години пред Болоњскиот, Ангелот од Курбиново и македонската ренесанса пред европската, КирИЛЛицата, БогомИЛЛите, вечниот македонски идеал за слобода и светлина со многуте ИЛЛиндени на македонскиот народ.

Во сегашноста

Да го земеме примерот со нашата држава Македонија, каде имаме чист пример на анти-вредносен систем, целосно отпаднат од универзалните вредности.

„Елита“ која во комунизмот се подигаше врз коските на вистинските борци за социјално справедливо комунистичко општество и национално ослободување, направи грабеж на имотот на домаќинските фамилии со национализацијата, за да подоцна истите тие, тој имот го приватизираат и префрлат на своја лична сметка.

Во суштина се креира капиталистичка олигархија, која владее со феудални методи во неолиберален систем, а извира од комунистичкиот систем, односно сите системи во едно.
Кој апсурд на историјата и општествените системи.

Етноцидот „Северна“ е врв на отпадништвото на системот од народот, со комплетните општествени редови.

Политичкиот ред со одродништво од народот и непочитување на волјата на народот, војската која си го избриша името и која е само нем гледач на понижувањето на народот и која не брани ништо, полицијата која исто така си го избриша името и која ги штити нечестивите, судовите извор на огромна неправда и заштита на политичарите и криминалците, учителите кои станаа обични потрчковци на политичарите и верските лидери кои глас не изустија при прогонот на Светите и Светиите и паднаа во материјата.

Иднината

Вредносниот систем е дел и од индивидуалниот систем. Човекот, неговиот однос внатре во семејството, односот со другите, односот кон работата, природата, државата итн…

Македонците како еден од ретките народи со милениумски цивилизациски континуитет, во себе го носат знаењето како да се организираат во тешки времиња и како да ги преживеат истите, еден вид на народен гностицизам (Гоносис во себе).

Систем кој не зависи од модерното, векот, времето, систем кој дава заштита и препоРОД на РОДот, односно наРОДот.

Сума на индивидуални квалитети кои работат во синергија и креираат вредносен систем во кој секој може да си го најде своето место. Инаку денеска, со овој пад на „Северна“, сите места во општеството се ПРАЗНИ.

Повторно подигање на сите вредносни системи и редови, со најдоброто од нас, со личниот пример, заедно може да креираме иднина која е по мерка на светлите принципи на универзумот, Бога, наРОДот а не по мерка на паднатите глобалисти.

Враќањето и заштита на семејството,природната улога на мажот, жената,заштита на децата, креирање на услови за нивен нормален развој, праведно вреднување на сечиј труд од земјоделец, хирург,војник, учител, социјално справедливо општество кое ги помага загрозените категории, заштитена природа, ефикасно поставена отчетна држава која ги решава секојдневните проблеми на народот, итн.

Почитување на индивидуалното и негов слободен развој, духовен, материјален и почитување и заштита на тоа што се наши заеднички колективни интереси и добра. Слободата пред се е одговорност и токму во таа одговорност се наоѓа најголемата слобода.

Таквите системи треба прво да се подигнат на микро ниво во нови организации, а после да се пренесат на макро ниво, во државите, меѓународните сојузи и организации, планетата.

Тоа е задача на секој еден Македонец и мене ме радува што се повеќе Македонци во нашата Родина Македонија функционираат по тој нов, односно единствен древен систем на вредности и устројство на Македонците и човечкиот Род во синергија, светлина, во ИЛЛ, како почеток на еден нов ИЛЛинден.

 

Зоран Јованчев, член на претседателството на Родина Македонија

Биди член на РОДИНА МАКЕДОНИЈА!
https://www.rodina.org.mk/pristapnica/

Остави коментар