Сподели на социјалните платформи:

 

Вчера почнала да мироточи иконата на Свети Гаврил Светогорец Лесновски. Пред тоа слична вест се појави и за мироточење на иконата на Пресвета Богородица во руско село, мироточи и чудотворната икона која неодамна е донесена во Москва, а се појави и ликот на Исус во Колумбија што ги привлече граѓаните да доаѓаат од цела земја да го видат чудото и да го кршат полицискиот час.

Обично иконите мироточат и крвоточат пред тешки несреќи и премрежија и се вели дека се јавуваат како Божји одговор за декаденцијата и загазувањето во неморал на светот. Имаше мироточење на икони, масовно во Русија и Украина пред да се случи Мајдан во Украина. Исто така мироточеше иконата на Пресвета Богородица во село Трубарево, пред да почнат една рака шарени платеници на Сорос да се изживуваат над сите нас и да прават крш по Македонија.

Отецот Гаврил бил роден како Мијалче Парнаџиев во 1926 година во Штип, во декември 1975 г. бил назначен за игумен на Лесновскиот манастир. Хиротонисан за епископ со титулата „Велички“ и прогласен од МПЦ за светец, редок испосник со епитет „ангел во тело“, но и автор на повеќе поетски и прозни творби, пишувани на духовни теми. Гаврил Светогорец починал на 12 јануари 1990 во Лесновски манастир.

Во Колумбија „ликот на Исус се појави на дрво“, луѓето излегувале од карантин за да го видат чудото.

https://www.youtube.com/watch?v=NHaHAjLcJfY&feature=emb_logo

Десетици Колумбијци ги скршија строгите заклучувања за коронавирусот за да се соберат пред дрво откако во нејзините гранки се појави слика на Исус.

Ова се случи во градот Маганге, на северот на земјата, само четири дена откако земјата објави заклучување за да го забави ширењето на вирусот.

А во Москва, во црквата на Светиот маченик Ермоген во Голјаново, од 14 март годинава, верниците можат да се поклонат пред иконата на Мајката Божја „Нежност“.

Руската православна црква ја нарекува иконата чудотворна. „Преку молитви пред оваа слика, луѓето добиваат голема помош во исцелување и благодат“, рече ректорот на црквата, Свештеникот Алексеј Довгополји за Царград телевизијата.

Иконата, за која се тврди дека мироточи повеќе од 20 години, беше донесена во Москва за прв пат во историјата и верниците чекаат во ред за да се поклонат и добијат благослов од неа.

 

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар